1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фризерско студио

Дискусија во 'Коса' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. Candid

    Candid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Ема вака да ти објаснам, јас идам во Сандра редовно зошто ми е ептен блиску и плус за таа цена супер е, зборам за фенирање другите услуги не сум ги пробала. Инаку не знам што шампон користат или фабра бидејќи и кога се фенирам се мијам дома, поради тоа што си имам свои препарати и како што знам јас да се измијам не знае никој. А за фарбање такви работи искрено не знам што очекувате, за толку пари толку музика. Ама не работат лошо, јас идам еднаш неделно и задоволна сум за тие услуги и за толку пари.
     
  2. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Девојки да се надоврзам на дискусијата за Диор.

    Јас на времето уште одев во Автокоманда и бев супер задоволна. Одлично работат, брзи се и талентирани. Јас таму се шишав за 250 денари со се миење и обликување.
    Мајка ми се има шишано во Диор во Центар 2 пати и баш ја прашав, рече дека 250 платила, а ја измиле и ја исушиле на крај.
    Во последно време и мене ми е релативно близу до работното место, па ќе одам и јас.
    Како и да е вредат и за 400 денари, барем јас би ги дала, но сепак мислам дека е поевтино.
    Ако некој отиде во меѓувреме нека сподели информација :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    @Giovanna јас имам флаерче дома и баш така пишува како што напишав:
    шишање 250 ден
    шишање, обликување, миење 400 ден.
    Затоа е збунката.
     
  4. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Можно е тоа да се нови цени, друго не ми паѓа на памет. Мајка ми се шишаше во септември последен пат и баш ја прашав дали имаат исти цени и покрај новата локација, затоа што по некоја логика киријата би требала да биде доста поголема за тој простор.
    Ако флаерчето ти е од октомври или ноември тогаш има логика, инаку стварно не знам. Како и да е за некои две недели планирам да се шишам па ќе ви кажам од прва рака дали се сменети цените :)
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас деновиве закажав во Сандра Ексклузив за шишање,фенирање и маска се комплет за апсолвентско сликање. И се надевам ќе ме средат ко што треба.
    А инаку ич нема попусти сега ние како апсолвенти што треба да ги добиеме бидејќи се сликаме, а ќе имаат налив на работа многу. Тоа е целата работа всушност што не ми се допаѓа на мене, кога ќе дојде мај месец се гураат кој по пристапна цена да стави, а секаде всушност е исто.
     
  6. Kala22

    Kala22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    543
    Доцнам со одговоров,ама еве дури сега видов,немам искуство со нив,прашував јас за друга обука ама искрено цената беше многу висока,случајно видов дека има и за тоа што тебе те интересира па ете го споделив,распрашај се може има и на други места :)
     
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Има ли некој искуство со Бубе студио Ин? Колку наплаќаат за шишање?
     
    На Kala22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.200
    Пол:
    Женски
    Знаете ли некое добро фризерско студио во Ново Лисиче и околината?
    Сакам да се шишам и прамени да ставам, а не ми се оди кај секого. Не е работава само тури го бланшот и готово. Слушам убави муабети за "Коса" фризерското студио. Бил некој? Ги бива ли за шишање и фарбање или само за свадбени фризури?
     
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Денеска бев во Сандра и имаше една случка каде постара жена со крпата за коса си ги исчисти ушите после миење. Мислам ми се згрози. За крпите некој погоре дискутираше сега нечистите крпи ги собираат по корпи и за перење. Среќа со друга крпа ме миеа, иначе ќе им свикав. Госпоѓата чак си донела и свој шампон, па некои жени навистина имаат чудни навики.
    Инаку јас убаво сум ишишана и исфенирана. За пола час бев готова. Па за сега сум задоволна.
     
  10. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    484

    Јас одам долго време во Коса и искрено задоволна сум. Фини се многу, цените им се нормални. За мене се просечна, маалска фризеница, која има доста поволни услуги. Супер си работат. Ако мислиш да менуваш фризура и/или боја на коса која е драстично различна од твојата сегашна, не би ти ги препорачала. А за одржување на косата се одлични.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.200
    Пол:
    Женски
    Штета :( А баш се израдував, бидејќи ептен ми се блиску. Јас би ставала прамени и би се шишала малку поекстремно и токму заради тоа барам некој што си ја знае работата. Ретко кој фризер до сега ми правел прамени, а да не изгледаат ефтино.
    Ништо, ќе барам друг фризер. Гледам фризерското студио "Скопје" го спомнувате многумина. Критики, пофалби за нив? Цени?
     
  12. mila-88...j

    mila-88...j Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    60
    Има ли некоја девојка од Кочани која што знае за некој фризерски салон што нуди обука овде?
    Доколку има таква нека ми остави информации овде или по лп
    Поздраввввввввв
     
  13. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    484
    Јас би ти го препорачала Мики од Сашо и Мики екслузив. Побарај ги на фејсбук. Студиото се наоѓа позади 3 бисери. Јас конкретно немам никогаш правено ектремни промени со фризурата. Најобична ми е, права, рамна, па затоа "Коса" ми се супер за потшишување. А за Сашо и Мики ексклузив имам слушнато доста позитивни коментари. Кај Мики имам правено само фризура за на свадба. Одлично ме направи.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  14. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Мене дечкото ме стрижи :D
    Работи кај Киклето во Битола и го бива <3
    Ме фарба ме фенира ме дотерва...
     
  15. thegirld

    thegirld Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2014
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    девојки би сакала да си ја направам косата вака нешто:
    [​IMG]

    па прашањето ми е, каде во Скопје би ми ја направиле така без утка и колку пари би требала да платам за такво нешто? :)
    Фала ви однапред :))
     
  16. Candid

    Candid Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Сакам екстремна промена на мојата коса, се мисли на розева, плава, жолта, зелена боја :tmi: каде во Скопје може тоа некој да го направи и за колку пари? Благодарам
     
  17. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Ај да пишам како што и ветив.
    Сепак цената за шишање со обично право сушење во Диор-Центар си е останата 250, а тоа што го пишува во ценовникот како шишање со обликување е најверојатно шишање со некое посебно фенирање, ако сакате да ви ја виткаат или нешто слично.
    Одлично ме средија за пола саат, од миење до станување. Не се чека беспотребно по пола саат да стигнеш на ред, веднаш те фаќа девојчето каде што имаш закажано. Мене ме шишаше Маја и пак би одела кај неа. Љубезна и фина и одлично ме сфати уште од прва како сакам иако малку позахтевна фризура имав смислено која што бара доста прецизност.

    Ако ви треба бројче пишете ми лична порака, да не го ставам тука во темава.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. wiky09

    wiky09 Нов член

    Се зачлени на:
    11 декември 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    сакам да се офорбам но не сум сигурна дали косата ќе ми биде премногу оштетена или пак? се двоумам многу некои ми кажуваат и со спреј но не сум сигурна ни со тоа
     
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Женски дали некоја од вас оди во фризерски салон Vogue на улица Благоја Дафков во СК ? Како сте задоволни и колку пари земаат за стрижење ? :)
     
  20. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    578
    Пол:
    Женски
    хахахаха марама ме изнасмеа ... Душогупчани се :)