1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фризерско студио

Дискусија во 'Коса' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. IVITA-VE

    IVITA-VE Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    ZNAM ZA TOJ AMA VEKE E ZATVOREN ZATOA BARAM KADE IMA NA DR MESTO :)
     
  2. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека е затворен :( Во тој случај мислам дека друг специјализиран за деца нема
    П.С пишувај кирилица
     
  3. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Веќе некои си 4-5 години се шишам во „Арс Селектив“. Студиово се наоѓа во Т.Ц. Скопјанка,во Аеродром.

    Дечкото што ме шиша (сеа стварно не ми текнува како се викаше :geek: ) дефинитивно предобро си ја познава работата и никогаш не сум излегла намуртена,со желба за да го утепам или разочарана од таму.

    Сега лошото е што е малку неорганизиран,некогаш кога имам закажано се случува ептен да окапам чекајќи го да дофарба или доисфенира некоја фуфица која што наоѓа маани на се`,али океј е. Си се навикнав и јас да доаѓам некој си пола саат после договореното,така да веќе ни тоа не ми пречи.
    Се` на се,не би го сменила ни за Бубета,ни за Варошлија,ни за не знам кој таму! Дечкото е супер. 8)
     
  4. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Веќе две години не сум сменила фризерско студио. Се шишам во Бед Хед, кај Палма во Аеродром. Дечкото се вика Зоки и работи феноменално, а јас сум презадоволна секогаш кога ќе излезам од фризер ;)
    Плус има пристапна цена, 250 денари е шишање и миење со облик ;)
     
  5. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Имам тенка и малку прекршена коса, колку да ми прави проблеми. Потребно е да е ошишана идеално за да личи на нешто. Сум давала пари и пари за шишање, и скоро никогаш не сум добивала тоа што сакам.

    Ниту Сергеј, ниту Сретен не ме ошишале како треба. Сретен со тие ножичките за ретчење ми ја искасапи косата и целата ми беше како на дупки :(
    Решив да ја пробам и Леонтич. Косата ми беше и фаза на растење од кратка во долга и ми требаше фризура лесна за одржување, која ке ми помогне да ја израснам. Васка ме ошиша убаво, малку сериозно за моите години ама лесно за одржување. Шишање со фенирање платив 1500 денари.

    И така решавам јас да се фарбам самата. Имам темна коса и сакав само да и дадам сјај на мојата боја. Купив Лореал фарба, костенлива, мислам дека беше број 400. Незнам зошто ама косата ми фати ќумур црно. Неможев да се гледам, не ми личеше, како болна, па и подочниците кои не ми се страшни многу дојдоа до израз. Чекав една недела па купив друга посветла фарба и ставив 12% хидроген за да ја осветлам. Само коренот фати, останатиот дел од косата си остана црн. И си викам ја ова не бива, ке идам кај Леонтич да ми ја осветли дури сеуште имам коса на главата.
    Кога ме виде, аааа, ајде повели, ме стави на столица, ке ошишаме малку, па ке сме изваделе прамени за да не ја горела целата коса (сеуште кратка) па после ке ме фарбала. И така драги мои, ме ошиша, ми направи прамени, ме исфарба и на крај ме ОДРА. За оние со слабо срце, не препорачувам да го отвараат скриениот текст:

    13,600.00 денари
    И тоа ни маска, ни ампула, имав претчуство дека ке ми фалат пари, уште сакаше да ми продаде од лаковите за коса, многу биле добри 800 денари или така нешто. Идам на пултот да платам и кога девојката ми ја кажа цената, незнаев дали да се смејам или да плачам. Извадив кеш, картица и пак не ми стигна. Дојде и таа и вели нема проблем за стални муштерии, ке донесете друг пат и ми вади лист да сум потпишела колку ми е долгот. Тогаш се сетив на едни евра што ми беа пикнати длабоко во новчаникот за најцрни денови, и платив и еднај чекав да излезам од тамо. До ден денешен се кајам што и платив. Требаше да си излезам преку врата и да и кажам да иде на лечење. Може си ја знае работата ама не е нормална со цените.

    На сопругот му кажав ако уште еднаш во живот му речам дека ке одам кај неа, да ме ошиша на спиење на нула, па да немам што да шишам и фарбам.
     
    На dulcela, soffce, rajna-vojvoda и 2 други им се допаѓа ова.
  6. alison

    alison Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    8
    леллеее ... девојко па теебе таа те ошурилаа.. :с
    да си идела на др место сето ова што го наброја ке си пројдела само со 2000/3000 :/
    има некои фризери во градов што мн си ги дигаат акциите а и цените.. а и немаат појма од работа,..
    јас долго вр идам во фр.студио. ДИОР во автокоманда , и ств сум презадоволна.. и ептен се пристапни со цени... за секој да си приушти а не... да плаќаш 13,000 тоа на некој му е една плата.. :/
    ств се без осет...
     
  7. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    алисон јас за знаев колку ке ми наплати, не би се приближила до салонот а не па да идам. уште кога закажував по телефон прашав, ама не ми кажаа, требало да се види што ке се работи, која техника ке се користи и сл. :headbang:
    Инаку, девојка се средуваше дури седев и јас, се спремаше да биде кума, пред тоа правела третман на лице, видов и крема носеше ваљда ја купила од тука, исто прамени и правела и незнам што уште, плати 36000 денари. Во тој момент ми стана јасно каде сум...
    До ден денешен не сум си ги прежалила парите :D
     
  8. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Ле-Ле незнам што повеќе да кажам. Јас и ќотек би и удрила за тие пари :D :D :D
    Кога мене така би ми кажала би и дала 2000 и би и рекла чекај само до банкомат да извадам пари, нема повеќе да ме види, магла од таму!

    Инаку мн долго време барав некој асален што ќе знае како да ми ја среди косата. Имам долга коса, до половина. Бев да се шатирам кај една што ми ја фалеа, нема смисла и да ја кажам која е, ми направи жолти прамени, ко жуто пиле бев, плачев додека не се прешатирав. Имам смеѓа коса и сакав посветло смеѓи и златни прамени, она ми направи темно кафени-накај црни и жолти. Катастрофа.

    После го најдов Гари, работеше во студио Ин и си работеше и дома. За 1500 ден. ми ја миеше косата, 300 чуда ми стави, ми ја шатираше косата и ме шишаше. Јас се зачудив кога се видов на крај, прекрасна ми беше косата. Таков сјај не имала не памтам од кога. Браво за дечкото.
     
  9. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    13 600 :o . Па не се салам жими се.Како бре не им е срам? :o Не му давам толку пари па незнам шо да направи. Ќе се тепам таму ако треба. Или вака се силам а ќе си платам ко поп и ќе ги пцујам 5 години. :?: Ова второво поверојатно е. Како и да е, откако мојата фризерка се пресели, јас до сега имам сменето 100 фризерки. Секое стрижење ми е тешка траума.. :D Имав коса до половина но една т.н. фризерка по грешка..ГРЕШКА :!: ми ја крцна малку повеќе, до под рамена. Потоа се правдаше дека детенцето и е болно и и било тешко да се концентрира :fubar: :fubar: . Па не работи бре!!!Демек ми се одолжи со тоа што сум можела кога сакам да одам за да ме фенира и потстрижува за без пари.Ахаа не фалаа. Моја нога таму повеќе не стапна. ;( Сега сеуште барам соодветна замена за мојата непрежалена фризеркичка, а во меѓувреме сум редовен читател на "фемина како побрзо да ми расте косата".. :lol:
     
  10. MissAnn

    MissAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Јас веќе 5 години по ред се шишам само во фризерско студио "Скопје", се наоѓа во Аеродром во зградите карши МекДоналдс. Навистина луѓето работат прекрасно, тоа е цела фамилија која работи уште од далечни времиња :nod: посебно дечкото, Јоцо кој има идено на семинари и курсеви по целиот свет, си е професионалец. Никогаш не му казжувам како да ме шиша, освен првиот пат бидејќи не го знаев и тогаш ми погоди како што сакав. Од тогаш па навака ја препуштам косата во негови раце :D
    секогаш гледам задоволни ликови како си одат од кај него, меѓу кои еден од нив е и Ерван Фуере :lol:
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  11. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    мене пак ми се допага како шиша мајка му,Маре,но за жал далеку ми се и ретко одам кај нив
     
  12. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Девојки,а како се движат цените во ДИОР? Прочитав имате искуство и сте задооволни,а јас никако да си најдам содветно место,се нешто не ми чини,па би го пробала и ова место :)
    конкретно фенирање на ситни локни ме интересира,бидејки навистина сакам да си најдам пристојно место каде ке можам 2 пати неделно да ме средуваат,затоа и прашувам за цените :)
     
  13. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Еве ти бројче од Диор. ЈАви се утре и прашај си
    Најдобра информација е онаа од прва рака
    02 3173550
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Диор имаат пристапни цени јас одам таму, само што има 15тина девојчиња што шишаат. Е сега прашање е која е најдобра? :^)
    Една Кате абре за ништо не ја бива, толкав антиталент не сум видела. Не за друго не знае да ракува со чешал ми ги потфаќаше увцињата цело време, црвени ми беа после тоа, ја пцуев 1 месец, не дека бев лошо ишишана, ама и викам полека со чешалот, ма јок бре кое полека.
    Други кои ме шишаа не им памтам имиња, јас и онака не памтам имиња, а камо ли на толку многу фризерки :D
    И се фенирам некад таму, тоа добро си работат. Мислам околу 300 зимаат фенирање, не сум сигурна.
    А и супер производи користат, многу ми е мекана и убава косата после тоа.
    А и долга ми е косата немам филозофија некоја при шишање.
    Додуше последен пат рамно ја ишишав, сега пак ќе си ги вратам шпицевите, подобро ми се обликува така долгата коса.
    Ах колку ми е убава и долга, а ќе одам идната недела да ја шишам и жал ми е за тие 2-3 сантиментри :lol:
     
  15. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Вака за во Велес ви ја препорачувам Ружица (Нова Арт), жената си е стварно на место, многу убаво си ја знае работата и не е скапа. а се наоѓа спрема поштата (долната) :) :)
     
  16. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Во кои згради карши МекДоналдс? Во воените или во зелените? И ако не ти е тешко, може бројчето? (по лп)
     
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.114
    Допаѓања:
    100.257
    Пол:
    Женски
    Женски, аман кажете ми некое фризерско студио кое работи во недела во Тавталиџе, карпош 3 или Карош 4??? ама некое проверено!!!
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Biondina, на Варшавска мислам беше, провери на Златна Книга за сигурно :)
     
  19. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Прочитав овде дека го препорачуваат фризерско студио Скопје, закажав, бев, и навистина сум задоволна :) . Фала на девојчињата за препораката. Имаат само еден недостаток-два саати бев на столче, пукнав :( . Мнооогу бавно шиша :) (добро немав само шишање, ама сепак...) И уште една интересна работа-прво ти ја суши и ја пегла косата, после шиша :) . До сега само уште еден друг фризер имаше сличен начин на работа, само што тој прво шишаше, фенира, а после досредува (односно „дошишува“).
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Имам виткана коса, проблематична и досега ниту еден фризер не ме средил убаво. Има некоја локнеста тука да ми препорача фризер или да ризикувам со Диор? :D