1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хемороиди

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од majamaja, 25 ноември 2009.

  1. dance0000

    dance0000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    Ај ве молам некој за мислење.........Полипи на дебелото црево и хемороиди е една иста работа??Зошто некако имаат исти симптоми.......Пишете плс
     
  2. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Не е исто. Хемороидите се проширувања или попуштање на крвните садови во ректалниот дел.
    Полипите се ткивни израстоци (или нешто како безопасни тумори), кои се наоѓаат на внатрешноста на дебелото црево, но може да се јават и подоле околу ректумот.

    Заедничко им е тоа што и во двата случаи се јавува крв во столицата.

    Но, хемороидите иако се непријатни не го загрозуваат здравјето. Додека оној кој имал полипи мора редовно да оди на контроли, поради ризикот од малигно заболување.
     
  3. Tabi

    Tabi Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    7
    ми се појави едно хемороидче или што и да е ама гледам дека сите велат дека се црвени а кај мене е бело. Хелп!!!
     
  4. skinny

    skinny Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Операција на хемороиди

    Здраво, ме интересира колку од вас се оперирале од хемороиди или имате роднини или пријатели кои се оперирале и дали знаете колку била успешна операцијата после? Со други зборови дали стварно после операција не се појавуваат повеќе. Имам еден роднина кој ги оперираше и ми тврди дека од тогаш нема хемороиди. Мојата ситуација е ваква бев пред неколку дена бев на контрола на гастро и докторот ми рече дека ми поминале, но ако вежбам (што го правев и тоа допринесе за моите хемороиди) ќе продолжам да ги добивам освен ако не ги оперирам. Наводно биле воздушни перничиња, а не проширени вени.

    Ваши мислења, фала однапред.
     
  5. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Операција на хемороиди

    Pred edna nedela pravev kolonoskopija i mi rekoja deka imam hemoroidi ;( i doktorkata mi dade da pijam apcinja PHLEBODIA, pa sakam da znam dali nekoj od vas so go imal ovaj problem gi piel ovie apcinja i kolku mu pomognale?
    fala
     
  6. skinny

    skinny Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Флебодија е најдобар лек за хемороиди најмногу помагаат. Мене ми се повлекоа хемороидите од овие апчиња. Кога идеш по голема нужда седи во позиција како да правиш чучњеви, кога приметуваш дека ќе потрае стани стои 2-3 секунди па пак седни(прави го ова повеќе пати), не користи тоалетна хартија, ни влажни марамици туку миј се со ладна вода и сапун после дефекација, труди се да читаш во лежечка позиција за да не ги оптеретуваш хемороидите и не кревај ништо тешко и не вежбај ништо интензивно. Само пешачење или пливање додека не ти се повлечат.
     
  7. simsimcim

    simsimcim Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Ласерско горење на хемороиди

    Ве молам сите што имате искуство со хемороиди да ми одговорите...дали е болно, дали засекогаш исчезнуваат....ве молам итно е....
     
  8. renne

    renne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    19
    ласерско горење на хемороиди

    мајка ми беше во Софија,БГ таму и ги гореа ласерски . скапо е ама засекогаш исчезнуваат.. а инаку додека се гори не боли со анестезија е ... со среќа.. :)
     
  9. simsimcim

    simsimcim Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    ласерско горење на хемороиди

    А по горењето и се направија ли изгореници и имаше ли болки? И колку време требаше за да се опорави? :o
     
  10. renne

    renne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    19
    Ласерско горење на хемороиди

    Немаше изгореници (бидејќи е ласерски) и немаше никакви болки. 1.Одиме во болница 2. се задржуваме саат ипол и се враќаме.Толку.Не и требаше време (ништо не се осеќа по излегување од болница :D) Позз ;)
     
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.337
    Допаѓања:
    51.761
    Пол:
    Женски
    Ласерско горење на хемороиди

    Мене обично ми се појавуваат на крајот од бременоста и кога јадам junk food. Решение - промена на режим на исхрана . Повеќе течности, пред јадење обавезно една чаша вода, повеќе супа, маслиново и ленено масло, суви сливи, компот од сливи, може и урми, внесувај повеќе зеленчук, избегнувај тврда храна, мене пр. скара ми прави проблем исто и пица. Ти треба да си одредиш после кое јадење го имаш проблемот и дали крвариш (многу полесно се развива инфекција и уште повеќе се воспалува) и да одржуваш хигиена во тој дел. Задолжително миење после тоалет или влажно марамче доколку немаш услов. Исто моментално смирува да се намачкаш со vicks на местото, а и со сок од исцеден лимон.
     
  12. simsimcim

    simsimcim Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    операција на хемороиди

    Дали некој има искуство од операција на хемороиди...поточно метод Милген морган во Систина.....ако имате било какво искуство или информација, ве молам споделете го...итно е :)
     
  13. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Од нигде никаде ми се појави хемороид. Фала богу, досега немам ниеден од непријатните симптоми. Немам болки, не крварам, и не ми е ништо освен што си стои како мал израсток на анусот, а за првпат ми се појави пред две недели. Прашањето ми е дали ако ептен одржувам хигиена, може да си се повлече, или допрва ме чекаат сите симптоми додека да испука :?: Мора ли да прокрвари за да го снема?
     
  14. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Јас имав исто се како тебе, и нема потреба од паника уште одма ќе ти кажам.
    Ништо нема да направи тој, ни да крвари ни ништо, само мораш премногу хигиена, после секое одење во вц, најмалку 10 пати дневно треба да се миеш со врела вода, сапун, и пробај многу да не седеш, т.е да се движеш, пешачиш, и за неполн месец сам ќе се повлече.
    Јас матичен си прашав, и он ми кажа ова, и вистина, го имав некаде два месеци, почнав ова да го применувам из а неполн месец аш, го снема.
     
    На lasthope му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.381
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека и мене ќе ми го снема. :worried: Инаку имам една прашање. Секаде, буквално секаде кај што читав за хемороиди, секаде пишуваше да се мие со ладна вода и јас така практикувам. Сега читам си пишала со врела, грешно напиша или стварно така ти кажал лекарот? Поздрав и фала што ми одговори. :)
     
  16. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Јас од мое искуство да си кажам. :)
    Хемороиди имам многу години, уште од 16 мислам, тогаш ми се активираше и Хеликобактер, поради нередовна исхрана (овој проблем го имам цел живот), апетитот ми е крш, пак сега е подобро.
    И да се вратам на хемороидите :) , ги мачкам со Факту маст околу 250-300 денари е. Ми поминаа.
    После некое време пак. Пак Факту, пак ги снема. Е сега фала Богу неможам да живеам со Факту, кога веќе немам проблеми, не крварам, и плус една е само! :lol: Надворешна. А тоа е полесно за третирање и не е толку страшно. Една другарка има внатрешни и ептен мака си имаше, една чаша пиво и одма крвареше.
    Многу фактори се битни за да се појават хемороиди, ама пак и многу фактори се битни за да не ти се појават пак отакко еднаш се изгубиле.
    Неможиш да пазиш цело време на храна, на пијалок, на нервози. Сето ова влијае во голема мера.
    Така да јас лично се навикнав да живеам со едната моја хемороида која се појавува кога сака, ја снемува кога сака! :rofl: :rofl:
     
  17. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Јас се миев со врела вода, пошто ладна ич не поднесувам, и успеа кај мене, значи млака накај ладна, ти ако сакаш слободни миј си се со скрос ладна, за памтење тоа баш и не памтам дали ми напомена матичниот, но ништо штетно, ако издржиш одлично.
    За среќа кај мене, не е како кај Лепа, не стигнав до масти, пошо само со многу одржување на хигиена и не лежење ми помина.
    Пробај и вака, ако не помине за некое време, оди до кај матичниот, може некоја маст ќе ти препише.

    :)
     
  18. At.ena

    At.ena Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    32
    Купи си крема Modolex за хемороиди и за една недела ќе го снема, јас имав како тебе и од кремата за една недела ми помина.
     
    На Unfaithful18 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    557
    Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

    Подолго време (околу 2 години) го немав овој проблем и еве сега пак ми се јави...Сабајле одев по голема нужда и онака малку ме заболе кај анусот и имаше малку крв...Сега бев пак, не ме болеше овојпат, но имаше крв и во шољата и на хартијата...Свежа крв беше...Порано страдав од хемороиди...Можно ли е да е тоа сега? Во последните денови малку претерав со луто...Можно ли е да се воспалуваат од тоа?
    Ве молам за одговор...Испаничив многу иако ми се има случувано и порано...Веднаш мислам на најлошото
    :( ;(
     
  20. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

    Сигурно се хемороиди и мене ми се случува истото. Имам чувство дека кога одам по нужда дека трња ми излегуваат, толку е непријатно. А ги добив за време на бременоста и сега уште си ги имам, не ми се воспалени нон стоп така одвреме навреме. викаат дека лек нема, мајка ми цел живот ги има, може само да се ублажи со креми за таа намена. И да :!: нема луто со хемороиди, а јас баш сакам :!:
     
    На snegce му/ѝ се допаѓа ова.