1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хемотерапија или алтернативна медицина?

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од copacabana, 29 септември 2015.

  1. copacabana

    copacabana Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,
    Мислам дека ја нема оваа тема (барем не ја видов нигде) и ме интересира ваше мислење во врска со ова. Знам дека сите од нас имаат барем по еден член во фамилија со дијагностициран рак, па навистина ме интересира вашето мислење, искуства и одлуки. Доколку некој е во можност би сакала да го сподели искуството со сите нас да можеме меѓусебно да си помогнеме. Фала ви!.
     
  2. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Мене ми е чуднo кaкo уoпште луѓетo рaзмислувaaт зa aлтернaтивнa медицинa.
    Мoе е мислење е дa се слушaaт сoветите нa лекaрите незaвиснo дaли е хемoтерaпијa или хирургијa или штo ти јaс знaм кoи други нaчини нa дејствувaње имa, a aлтернaтивните пaтиштa дa се oстaвaт нa стрaнa.
    Секoе изгубенo време вo жимимaјкa "лекoви", е знaчaјнo и недoзвoливo.
     
    На CameliaMiller, Waka-waka и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  3. copacabana

    copacabana Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Здраво Madam-A,
    Морам да кажам дека не се сложувам со тебе поради неколку причини:
    1. Статистиките покажуваат дека 70-80% од докторите не би препорачале лекување со хемотерапија на својата фамилија.
    2. Доколку почнеш да читаш разни форуми, ќе забележиш дека луѓето пишуваат дека лекувањето со алтернативна медицина е поуспешно отколку со хемотерапија.
    3. Хемотерапијата точно дека ги уништува болните клетки, но од друга страна ги уништува и здравите клетки во организмот, и на тој начин делува кон побрзо ширење на ракот.
    4. Во право си дека неможеме да веруваме на сите ''жимимајка лекови ", и знам дека луѓето од мака купуваат се што ќе слушнат дека помага во оваа борба, но има и лекови кои навистина помагаат и превентивно и за оболените од рак.
    5. Сметам дека свеста кај народот за оваа болест е веќе на високо ниво и повеќето внимаваат што внесуваат во организмот и како живеат.
    6. Докторите освен хемотерапија и операција не нудат друго решение, а има.
     
    На galapce, Oscar Lady, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.306
    Пол:
    Женски
    А хемотерапија И алтернативна медицина?
     
  5. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.031
    Пол:
    Машки
    Храната е лек и храната е отров, се што се случува во човековиот организам е помалку или повеќе, а најчесто повеќе под дејство на храната. И самиот рак настанува под дејство на храната, т.е во ситуација кога телото се донесува во кисела средина, во која клетките изумираат, а само туморните можат да живеат во таква средина, средина без кислород.
    Значи мислам дека најдобро е лекот да се бара во храната, во екстремна диета со храна од растително потекло, по можност не готвена. А на крајот на краиштата хемотерапијата повеќе уништува, отколку што лекува, вака бар ако ја губиме борбата, да ја изгубиме со некаква свежина на нас, не со уништени коски, кожа, заби, коса, зошто тоа секако ќе го донесе хемотерапијата, а нешто друго, I doubt :)
    Така да јас викам храната пред се и хемотерапија не, меѓутоа луѓето не се решаваат на тој чекор зошто не е многу применуван :)
     
    На joy1, blueberry93, galapce и 2 други им се допаѓа ова.
  6. copacabana

    copacabana Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Зависи од хемотерапијата, има луѓе што неможат ништо со денови да јадат бидејќи примаат тешка хемотерапија а останатит би требало покрај хемотерапијата да примаат и многу поздрава храна од порано.
     
  7. copacabana

    copacabana Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Браво Sawyer, целосно се согласувам со тебе :), само има еден голем проблем кај нас во државава, а тоа е што за се храниме здраво треба 3-4 пати поскапа храна да купуваме, и што е можно повеќе да го одбегнуваме скопскиов воздух, што е скоро и невозможно :(
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.031
    Пол:
    Машки
    Добро, не мислев за храна од органско потекло или некои намирници што се поскапи, само мислев да ги супституираме нездравите работи, со поздрави за истата таа цена. На пример во секој фрижидер има чајни, салами, павлаки, кечапи и мајонези кои се прилично скапи, а истите тие може да ги замениме со интегрален ориз, овесни и пенкарни снегулки т.е корнфлекс, млеко, кое во најмала рака е со многу помал процент на масти од другиве млечни производи, стекот т.е пилешките гради кои се многу ефтини, а многу квалитетни, значи зборам за нутритивните вредности, не зборам за начинот и квалитетот на кој истиве производи се произведуваат, зошто во целост се согласувам дека за да се храниме прилично здраво, треба многу повеќе пари, но зборот ми е за истите тие пари да го направиме малку подобриот избор. Можеби стекот е со сомнителен квалитет и начин на производство, но во секој случај е подобар од саламата и чајната, куленот итн. Исто како и што и млекото е хомогенизирано и со многу голем рок на траење, зборам за трајното, но пак е подобро од павлаката итн.
    Поентата ми е, изберете го помалото зло во моментот, зошто во ситуацијата во којашто сме, неизбежно е да се избере "зло" . :D
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. copacabana

    copacabana Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Знаеш што приметив јас?
    Без разлика што се хранам прилично здраво 80% од исхраната ми е овошје, зеленчук и семиња, енергијата ми се зголеми тек кога почнав да земам дополнителни апчиња (мултивитамини и минерали) и многу чаеви.
    Искрено, јас мислев павлаката е поздрава од млекото :(, од сега ќе си знам, ма да не пијам млеко.
    И во право си, неможеме да си дозволиме органска храна, но можеме да направиме селекција во тоа што ќе јадеме.
    Целта на оваа тема ми е да се крене свеста кај сите, колку е штетна хемотерапијата а колку можеме сами да си помогнеме со исхраната.
    Изгубив близок член од фамилијата, кој што беше болен од рак, но нема да кажам дека почина од рак, туку почина од јака хемотерапија, бидејќи организмот не го издржа тоа. И сакам да додадам дека хемотерапијата беше единствен избор на докторот, а како што пиша погоре Madam-A, дека треба да ги слушаме докторите, баш и не се согласувам во целост со тоа. Треба да се читаат и искуствата од другите луѓе кои успеале да го победат ракот само со правилна исхрана, и жалам што јас не успеав да го постигнам тоа да го докажам.
     
    На kikkki, Valerin, Mama25 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.031
    Пол:
    Машки
    Бев на едно предавање пред неколку години и вика, во 1900 и незнам која година било потребно 1-2 јаболка дневно за да се задоволи дневната препорачана количина на витамин ц мислам беше, не е битно, во 1990 биле потребни 5 јаболка, а денес се потребни 10 јаболка, е токму тоа е проблемот, што ти се храниш прилично здраво, но пак можеби не ја задоволуваш дневната доза на витамини и минерали и додатоците си го направиле своето.
    Иначе за павлаката и било кои млечни производи се поштетни од млекото само затоа што вредноста на млечните масти е многу поголема во нив, на пример млекото обично има 3,2, а павлаките во зависност од павлака до павлака се движи од најниско 10 до 20 и 30% млечни масти, а сите животински масти како и млечните се штетни бидејќи имаат и во нив и високо ниво на заситени масни киселини, исто и сирењето од 18 до 22 обично се движи, кашкавалот и повеќе, а намазот имам гледано и по 40% :D
    Нема врска, да не забегуваме од темата, во секој случај хемотерапијата мислам дека е многу поштетна отколку корисна, зошто принципот нејзин на лечење е максимално закиселување на организмот, затоа и паѓа косата, забите и коските ослабуваат, кожата исто така :)
     
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Обично не се решавам да пишувам во теми кои изобилуваат со незнаења и небулози, ама овде ќе направам исклучок - бидејќи е сеуште нова темата, а и поради тоа што ракот е сериозно заболување, па со ширење на дезинформации, може да настане само штета, а не корист.

    Да кажам и дека немам ништо против девојките кои ја протежираат „алтернативата“ на медициската терапија, која изгледа, била храната, ама би било добро да се информирате маааалце повеќе пред да почнете да развивате теории и да делите совети на тема лечење рак.

    ОК, да почнам со ред и ќе се обидам да бидам краток:

    Ако веќе наведуваш статистики, наведи и кој ти е изворот на информацијата - претпоставувам некој форум, кој исто така нема цитирано од каде е оваа „поразителна“ статистика. Да не речам, измислица.

    Е, тоа е лошото. Што многумина целото свое знаење и убедувања на вакви сериозни теми го базираат на читање на форуми. Само доколку читаш стручни книги и научни списанија на оваа тема можеш да се здобиеш со вистински знаења и познавања.

    Ама, ова е за многумина тешко и напорно. А читањето на форуми е лесно, бидејќи пишуваат обични луѓе, со стил, речник и терминологија кои лесно се разбираат.

    Арно ама, ако јас моите познавања за сексот ги базирав врз она што го пишува на форумов во темата „Дали сум бремена“, ќе речев дека 80% од бременостите настануваат од предсемена течност, односно 65% без никаква пенетрација.

    Мислам, ОК е да се чита и убаво што се интересирате, ама сепак мора да се имаат некои основни познавања на дадена тема, чисто за да може да знаете кое мислење има некаква логика, а кое е чиста глупост.

    Кисело-базните „теории“ за организмот и лечењето гледам се многу актуелни, особено по српско-хрватските портали и таблоиди - за жал, се целосно неосновани и, ако некој има основни познавања од хемија/физика/биологија, тотално бесмислени. Не оспорувам дека некои од хемикалиите кои ги има во преработената храна предизвикуваат рак, но да се каже дека ракот (генерално) го предизвикува само храната е тешка небулоза - рак може да предизвикаат различни хемикалии, инфекции, радијација, како и генетски наследена склоност кон појава на канцер.

    Инаку, прво, во човековиот организам нема средина без кислород, а второ, ништо не може да живее во средина без кислород - со исклучок на, можеби, некои вируси и бактерии кои формираат спори, но тие не живеат, туку само опстујуваат во еден вид хибернација.

    Сите пациенти кои се лекуваат од рак се многу добро свесни колку е штетна хемотерапијата. И лекарите се исто така свесни. Но, првиве ја примаат, а вториве ја даваат, и покрај многуте негативни ефекти, не затоа што на некој така му текнало, туку затоа што, во моментов, подобар третман за одредени типови рак нема. Здравата храна можеби е добар начин за превенција на многу болести, вклучувајќи го и ракот, но никако не е лек за ракот.


    На крај, се надевам не ве навредив, зашто тоа не ми беше намерата - сакав само малце да ви скренам внимание на тоа колку големи непознавања имате за темава на која пишувате. На интернетов секојдневно среќавам разно-разни „рецепти“, „совети“ и „сведоштва“ за чудесни лекови со кои некој успеал да го победи ракот. Без основни познавања, нормално е дека не можеме да одлучиме кои се (можеби) вистинити, а кои се тешки глупости.

    Но, совети од типот - „Не ти треба хемотерапија, само јади здрава, непреработена храна“ не му се од помош на никој. Прво, затоа што се невистинити, и второ, затоа што можат на некој да му дадат лажна надеж или уште полошо, да го натераат да се откаже од медицинскиот третман.

    Уште еднаш, здрава храна како превентива за добро здравје поддржувам, но лек за рак не е и не може да биде!

    Толку од мене,

    Поздрав!
     
    На Someday, Ruby.rose, kikkki и 18 други им се допаѓа ова.
  12. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.031
    Пол:
    Машки
    @Bender Rodriguez Види, прво ако прошеташ погоре во моето мислење ќе видиш, "МИСЛАМ ДЕКА", што значи како и сите теми на форумов и тука мислиме, кој што мисли ќе си напише, никој не вика дека е точно тоа што го мислиме, ни самиот не реков дека е точно тоа што го пишав, прво значи реков мислам, второ и ти мислиш тука, трето, кажа многу работи, а јас не видов зошто ги демантираш, демантираш ова, демантираш она, само не видов со кои факти го демантираш. Можеби и ги имаш, можеби се и точни, но нигде не ги напиша, исто како судија да рече те осудувам на 10 години затвор, зошто излаза и ти си убиецот, без да постои факт или доказ, така и ти тука, дојде, изнапиша како незнаеме, и точно е можеби незнаеме, не изучуваме медицина или некоја наука која е приближна до темава, само кажавме што мислиме, така да би било добро да кажеш како стојат работите, чисто за да знаеме и да ставиме прст на глава, можеби и да ни смениш мислење, а вака ти како што настапи многу чудно.
    Пак ќе повторам, не викам дека сум во право, зошто не сум ни јас сигурен, само кажав што мислам, а ти ако имаш некоја корисна информација слободно сподели ја, таа нека ни каже дека грешиме, не ти.
     
  13. copacabana

    copacabana Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Здраво Bender,
    Прво морам да те корегирам за тоа дека сите пациенти знаат колку е штетна хемотерапијата, еве јас ти кажувам дека НЕЗНААТ, ниту пак ги знаат последиците а уште помалку дека хемотерапијата може да ги убие.
    И стварно незнам што имаш против информациите кои ги бараме преку форумите така да, ако прочитам дека на 10 луѓе од 15 им помогнало Б17 тогаш тоа и ќе купам.
    Значи не зборувам за реклами на производи што ги нудат сегде
    И извини ама мене ме навреди со дел од ова што го пиша заради следново:
    Прво ти посакувам да ја немаш никогаш оваа мака зошто сакал несакал се ќе читаш и ќе се увериш самиот дали сум во право или не.
    Второ, човекот се качи до месечината а не успеа да најде лек за ракот?
    Основно познавање за ова имам многу повеќе од тебе затоа што веќе го поминав истото.
    Незнам колку примери во моментов можам да ти набројам што УСПЕШНО ИЗЛЕЧИЛЕ РАК, без хемотерапија и операции, односно само со алтернативна медицина, и тоа тешки случаи со метастази.
    Те молам читај кај Слаѓана Велков што пишува за ракот.
    Еве ти една книга напишана од ДОКТОР за ракот, а не од обичните луѓе по форуми:

    http://www.mandrilo.com/data/knjige/Breuss_1.pdf

    Во моментов неможев да најдам статистика за докторите, но го најдов ова:
    http://falanga.com.au/tri-od-chetir...emejstvo-no-na-sila-ja-prepishuvaat-na-drugi#

    И извини, ако ние имаме непознавања кон темава, какво познавање сподели ти со нас? Или целта ти беше само негативно да не искриткуваш?

    И да, правилната и здрава исхрана заедно со други додатоци како: Б17, варова вода, сурутка, масло од канабис, газија, гравиола. сода, додатоци за имунитетот, варумин и да не набројувам понатаму се покажале успешни во лечењето на ракот, а не само превентивно ок?

    Мислам дека ти си тој што треба да се информираш малку повеќе и да стекнеш основно знаење, зошто веќе требаше да бидеш свесен дека фармацијата ги негира сите овие работи со цел да продава скапи и неефективни лекови.

    Сигурно имаш слушнато за тоа дека ЛЕКОТ Е ПЕТ ПАРИ.

    Епа, со здравје.
    Позз
     
    На bonbonka, galapce, anichka94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Испадна дека овошје и зеленчук се лек за рак? Да беше така, одамна ќе го имавме победено. Многу нормално дека здравата исхрана значи многу, ама тоа пред не дај боже да се развие ракот, кога веќе си го добил не смее да се мисли дека здрава исхрана ќе го победи зашто тоа е прогредирачка болесткоја не се стопира така лесно.
    1. Зошто мислиш така? Јас знам случај каде препорачале.
    2. Форуми не ми релевантни. Ако мене ми текне да пишам сега одма дека баба ми се излекувала со дневна конзумација на банани и една шака ореви, не значи дека е така. За болести исклучиво би слушала мислење на некој лекар кој мин 10години од својот живот посветил на медицина.
    3. А како делува алтернативната медицина? Уништува само болни клетки?
    4. Дај боже да помагаат и други,ама јас сметам дека сето тоа е додатно и не би требало да се користи како единствен штит против пропагирањето на ракот.
    5. Се согласувам, е убаво е што сакаат да внимаваат на здравиот живот независно дали тоа влијае на самиот рак или не.
    6. Кои се тие другите решенија? Баш би сакала ако може да слушнам барем еден пример на пациент што се излекол од рак јадејќи здрава храна.
    Ако докторите не нудат друго решение, онда тоа е така. Мислам не гледам причина зашто не би кажале друг лек ако знаат.

    Гледам викаш хемија ти помогнала и исхраната сама по себе не била доволна за енергија, а не знам како рачунаш дека лекува рак.
    Хемија -> Фармација -> Медицина

    Убаво е да се земе предвид нечие искуство ама уште еднаш ќе речам никако не треба да се стави предмислење од специјалист кој животот го посветил од читање истражувања каде ние ни 50% oд текстот не би го ни разбрале а камо ли сфатиле. Крај краева позади негиовиот став седи цела наука, а позади искуството на некој се зборови кои малтене ги земаме здраво за готово.

    И јас како @Bender Rodriguez , да беше друга тема може немаше да навлезам во дискусија ама за таквите кои читаат форуми и ќе ме прочитат мене се надевам дека ќе ги натерам да не се поткрепуваат на непроверени билки и чаеви од нечиј двор.
    Почитувам твое мислење @copacabana , и не контрам зашто немам друга попаметна работа, туку пишувам зошто се надевам дека моево мислење ќе натера некој да се консултира со специјалисти онколози, а не да остане на приказни од форумџии. Не е воопшто важно дали се слпжуваме или не, се надевам оној кој не чита че извлече правилен избор зашто вакви теми се многу деликатни и сосем неспоредливи со другите теми на кои се дебатира низ форумов.

    п.с. Би ги цитирала уште еднаш работите од постот на Бендер со кој патем комплетно апсолутно се согласувам, чисто за да ги прочита некој два пати:

     
    На Someday, CameliaMiller, Marossa и 2 други им се допаѓа ова.
  15. copacabana

    copacabana Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    ОК Мадам, како и да е тоа е твое мислење, без разлика што не се согласуваме.
    Во врска со хемиите што јас ги земам (како што ги нарече ти) во никој случај неможеш да ги споредуваш со хемиите што ги има во самата хемотерапија.
    А докторите со науката позади себе, хмммм баш и неможам така да го дефинирам ова.
    Доколку имаш близок човек доктор прашај го за мислење на темава.

    И на крај јас споделив искуство со вас, а тоа што мене ми го кажа онкологот со сета таа наука позади себе беше, беше тотално спротивно на тоа што се случи по некои си 10 дена.

    Не ме сваќај погрешно, точно дека треба да се слушаат докторите, ама некогаш треба да се види и втора опција, особено ако знаеме дека третманот кај поголем број пациенти се покажал неуспешен.
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.143
    Пол:
    Женски
    Kako licnost koja go izgubila tatko si mozam da kazam deka ovie temi mnogu me nerviraat.Cesto se obiduvam da ne komentiram no nekogas go gubam trpenieto..Za kakva zdrava hrana se zbore?Pa koga na tatko mi rakot mu go zafana cel organizam toj ne mozese ni voda da pie a ne da jade..Neznam kakvi bilki se ne mu zemavme i kade ne bevme pa nisto ne pomogna.Inaku na bolnite od rak i im se preporacuva da se hranat zdravo,samite doktori osven lekarstvata protiv bolki gi sovetuvaat da ne jadat meso,pogotovo ne svinsko,najmnogu da se konzumira brokula,domati,orasi...Znaci doktorite sovetuvaat bolnite da se hranat zdravo no za zal vo poveketo slucaevi ni medicinata a pogotovo ne hranata ne im pomagaat na bolnite,ne im pomogna ni na tatko mi ni na svekor mi.Zatoa batalete so toa da se borime protiv rakot so zdrava hrana,jadete zdravo dodeka ste zdravi,koga veke ne daj boze ke se razbolite nisto ne pomaga....
     
    На CameliaMiller, galapce и fairy88 им се допаѓа ова.
  17. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.695
    Допаѓања:
    14.231
    Пол:
    Женски
    Неколку пати напишав, па избришав. Сепак, ќе го кажам моето мислење, иако темата е многу чуствителна.
    Обично, со алтернативна медицина се лечат луѓето за кои се смета дека речиси е невозможно да ја преживеат хемотерапијата. Одат кај разни билкари, купуваат сомнителни чаеви, но реалноста е дека купуваат само надеж. Здравата храна и алтернативните лекови можат да им го продолжат за кратко животот, но не и да им го излечат ракот. Ниеден отров од шкорпија, масло од семки од кајсија, пченична трева, варова вода и што ли уште не, не можат да направат болеста магично да исчезне, посебно не кај заболените со поодминат стадиум на рак.
    Од друга страна, фатени од немоќ и очај, семејствата на болните прават се што можат да му помогнат на блискиот. Тогаш влегуваат во една, верувајте, огромна машинерија на пари, организирана токму од надрите и алтернативните лекари. Додека да трепнат, од нив влечат такви суми на пари, што би се фрапирале кога би ги кажала.
    Да не ме разберете погрешно, јас не ги осудувам луѓето што решиле така да се лечат. Кога немаш излез, се фаќаш и за последната сламка. Сакам само да укажам дека не треба да имате не реални очекувања дека само со здрава храна и додатоци може да се спаси некој од таа подмолна и тешка болест. Можеби да, некој на кого канцерот му е пронајден многу рано, но не и некој од кој веќе и лекарите полека креваат раце.
    Извинете на долгиот пост.
     
    На kikkki, CameliaMiller, galapce и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Се согласувам со @Bender Rodriguez . Храната го поткрепува организмот во борбата против канцерогените клетки, но мислам дека не може скроз да го излечи ракот. Тоа се клетки кои многу брзо се делат, напаѓаат околни ткива, дури ни имуниот систем не успеал тоа да го спречи. Секојневно имуниот систем уништува клетки кои во спротивно би се претвориле во рак.Здравата храна е превенција од рак, но не и лек откако тој ќе настане. Е ако една клетка "избега" и почне да се дели, тука веќе здравта храна не може могу да направи.
    Имало приказни за луѓе што се излечиле со чаеви, рецепти некои и сега верувате. А ако некој утре излзезе и рече дека хемоерапијата му помогнала, нема никој да му верува. Вистина е дека хемотерапијата има и штетно влијание на организмот, но пак од друга страна тоа им дава можност на некои надри лекари што немаат врска од медицина, да промовираат некои чаеви, рецепти, да најдат и потплаќаат луѓе кои ќе тврдат дека наводно алтернативната медицина им помогнала. И тие на некој начин можат да си играат со човечки животи.
     
    На kikkki, CameliaMiller, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    7.423
    Ова како јас да сум го напишала.На мене мајка ми беше болна од рак со метастази и асцит во стомакот.Откако и ја поставија дијагнозата неоперабилен со 3-4 степен на проширеност(повише од 7-8 месеци,оти нели многу стручни доктори имаме),борбата беше само 1,8 години.
    За тој период немаше нешто што не купивме капки од диво оригано,реиши капсули,марихуана масло и уште што ли не само за да се излекува.За секојдневна исхрана не ни зборам овошје и зеленчук се купуваше што е наприроно и најсвежо во огромни количини.
    Начинот на исхрана не и го излекува карциномот, само и го зајакна организамот за да може да прима цело време хемотерапија(значи цел период со јаки хемотерапии на 21 ден,само три месеци пауза оти тумурмаркерите успеавме да ги стабилизираме).
    Не верувам дека овошјето и зеленчукот ќе и го излечеше асцитот кој со тек на времето се повлече,благодарение на хемотератиите.Кога човек има проблем и не може да јаде се знае до кај е работата.
    На почетокот кога на некој близок ќе се постави таква дијагноза,цело семејство заедно со болниот е во шок и неверување.Веднаш се менува начинот на исхрана и се купуваат витамини и додатоци и се има надеж дека ќе се излекува болниот.Ама,како одминува времето и гледаш како стојат работите,ја пренасочуваш борбата за да му се продолжи животот.
    Тие што се излекуваат имале голема среќа што е на време откриен ракот, не бил толку зафатен и имале можност за операција.
    И најмногу што ме нервираат се насловите кога видам на некој портал: "Ова е тајниот лек на ракот","Лекот за рак е цело време пред нас,a го криеле" или слични глупости.Не лечиш рак со лук, лимони и мед:fubar:
    Арно кажа Мила јади здраво,додека си здрав после ништо не ти помага:(
     
    Последна измена: 1 октомври 2015
    На CameliaMiller, galapce, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  20. copacabana

    copacabana Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Види, никој не може да каже со сигурност дека 100% сите ќе бидат излекувани со алтернативата. Зависи од ракот, брзината на ширење, колку метастази итн.
    Жалам за мајка ти, знам како е истото јас го поминав.
    Борбата ваша била 1, 8 години, нашата беше помалку од 3 месеци. Исто така многу јака хемотерапија и после третата примена веќе си очекувавме.
    На моја другарка мајка и-болна од рак на дебело црево. и метастазирана 20 метастази на црниот дроб. Докторите и даваа помалку од 6 месеци, ама после 3 месеци и беше останата само 1 метастаза со внесување на работите што ги пишав погоре и жената се оправи. Уште се третира но се лечи еве веќе година дена успешно.

    Така да, од случај до случај има разлика, и лично мое верување е дека помага, можеби не кај сите ама се третира.
     
    На bonbonka и blueberry93 им се допаѓа ова.