1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хипермаркетот Карфур - Carrefour

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Snow-Queen, 6 октомври 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    За да не се прават офф топици во темта Skopje City Mall, еве ви тема за Карфур.
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Хипермаркетот Карфур

    Сега само што се вратив од тој фамозен супермаркет.На влез се чека по 45 минути по група а кога ќе пуштат се буткаат како овци и буквално се газат пред себе.Од тоа што го видов имаше толку гужва како да е на распродажба цела роба од супермаркетот но колку што успеав детално да забележам народот не е мутав и купува во поголеми количини само тоа што е стварно евтино бидејки ги знае цените на сите производи во сите маркети на памет.Масовно се купуваше стандардна метална даска со жици која го има секое домакинство за само 300 денари на распродажба.Машки чорапи 4 пара памучни за 69 денари. Тоалетната се троши во ненормални количини бидејки на секои пола саат човек носеше цели топови високи по 3 метра.Производителот е босанскиот Хармони и е во пакување од 8 ролни двослојна 14 метра но во пакет се две пакувања за 49 денари што е за 50% поевтино отколку да купите стандардна Перфекс од 24 комада двослојна за околу 140 денари.Шекер купуваа по 10 до 20 кг бидејки 850гр чини 29 денари што значи 1КГ доаѓа околу 35 денари.Босанско брашно тип 400 1Кг чини 25 денари на распродажба и го купуваа полно.Бананите беа 29 денари и нормално се трошеа како алва бидејки преварантите од битпазар ке ви ги продадат истите за 40 денари плус тоа на вага ке ве украдат.Црвени пиперки купуваа масовно бидејки беа 19 денари.Одам кај белите пецива и таму гужва колку сакаш.Замислете бурекот цела пита е само 100 денари односно четврт 25 денари а дебел е колку оној на ЖУ ЖУ што се продава за 60 денари и луѓе зимаа по цели пити за дома а мајсторите работат турбо под полна пареа.Слаткарницата Шехерезада од градски трговски во подрумот работи турбо за супермаркетов бидејки индијанките чинат 35 денари а се за 50% поголеми од оние на Палма или Апче.Поголеми немам видено во животот.Млечни чоколади со ориз две пакувања 100гр за само 39 денари,Чипс 225гр. за 59 денари,чешко пиво 0.5 л лименка за 19 денари и цел рафт беше празен, вардарско кравјо кисело млеко 0.5л за само 9 денари и имаше напомена дека по човек може максимум да се земат 3 комада,Кравјо вардарско сирење беше 99 денари 1Кг,Осрам штедливи сијалици од 12 вати 3 комада пакување за само 169 денари,фиде Сентела 19 денари а во КАМ е над 20 денари,кафеави маслинки што се во Стокомак 143 денари 1Кг тука беа 99 денари 1Кг,алпското млеко што не го препорачувам по ниедна цена бидејки е полно со антибиотици е само 39 денари па наместо него за истите пари се продава и македонското Алпи од Џепчиште.На каса се чека во просек од пола час до 45 минути а кесите следуваат бесплатно во неограничени количини и на крајот на касата има лице кое ги става во кеса сите работи што ке се откуцаат.Во секој случај од муабетите што ги слушав кај луѓето заклучив дека многу добро знаат што е евтино а што скапо и си купуваат во глобала само тоа што е на распродажба.Е сега чак пат ке земат и нешто друго што не е на попуст но главно се ориентирани само на рафтовите каде што пишува промоција.Со ваква политика не верувам дека ке се затворат другите маркети за потоа овој да ги дигне цените бидејки планира да биде монопол затоа што попрво овој ке се затвори поради прениските цени доколку се тие со загуба отколку да издржи прво да ги затвори другите за потоа да ги врати цените реални.Ако сака да ги затвори сите останати маркети треба да ги спушти цените буквално на сите производи а не само на тие што се промотивни што еднакво на банкрот затоа што во спротивно луѓето поради пониските цени на оние производи што се во останатите маркети ке продолжат да си ги купуваат од таму бидејки овде им се поскапи.Како и да ја сврти политиката со народот нема шанси да излезе на крај бидејки тешко дека некогаш ке го прелаже со било која цена за било кој производ. :D
     
    На antonina, AIT, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    ^ E сега, прашање е ова до кога ќе трае?
    плус ова се исплати за луѓе со кола, или пак за луѓе кои живеат во близината не местово :) после се ова што прочитав, навистина се одлични цени, човек да оди и 3 пати да си го наполни фрижидерот.
    па 4 члено семејство со тој бурек од 100 денара, ќе истера еден ручек.
    :) :) 9 денара пола кило кисело млеко, смешка жива, одлични цени, супер за акцииве, и народов нека види малку мерак :D
     
  4. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.606
    До 20ти овој месец ке трае попустот мислам
     
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Големите маркети,како Карфур,даваат попусти на поизводи секоја недела или на две недели,нема тука никаква стратегија за зависност :D Ниту се со поминат рок производите. Овај е прв ваков хипермаркет и не се луѓето навикнати да добиваат таков попуст,па сега не им се верува. А уствари,навистина има добри понуди,на различни производи. И не,после нема дупло да ги направат цените :D кога ќе се качи цена на производ секаде,тогаш и кај нив.

    Ова дека прочитав во темата за Сити Мол едно мислење демек било стратегија.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Еве им шанса на оние што се без работа да си извадат некој денар од препродажба на бурек.Каде и да застанат со подвижна количка со стакло во која продаваат гевреци ке го продадат целиот бурек. Најголема потрошувачка би имало пред клинички центар а за да не се оди дури до таму спроти Карфур е пазарот Тафталиџе кој исто би завршил работа. :D
     
  8. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Вчера бев до маркетов и нормално се чекаше за да влезеш, почекав 10тина минути не беше проблем али кога ја дигнаа таа ролетната (шо и да е :D ) полошо во живот не сум се осетила. Се молев да не има некој познат да ме види како се буткам во стампедо на неадреталци да влезам во маркет. Ми идеше да се расплачам во моментот.
     
    На babymama и Miss-Angie92 им се допаѓа ова.
  9. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Денес бев и пак беше вака за да се влезе.
    [​IMG]
    Баба ми како баба ми му се “закани’’ на обезбедувањето дека ке дошла уште од 7 саат и ке чекала за влезе додека нема никој :rofl: :rofl: :rofl: ако треба цела ноќ нема да спие, ама ке влезе бе :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Miss-Angie92 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Miss-Angie92

    Miss-Angie92 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    ^Исто, и јас денес бев. Како се туркаа сите, лом ме направија :worried:ilent: А одозгора па на ескалаторите луѓе се потсмеваат и сликаат...
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Не бе не, значи не можам да се изначудам на целата некултура и целиот простотилак собран во супермаркетов. :x

    Сфаќам и сиромаштија, сфаќам дека е евтино и сакаат да искористат луѓево, се тоа сфаќам. Ама не можам да сфатам расфрлан шеќер по полици, зарем се тегнеле меѓусебно со пакетчиња и го скинале? Ориз разџиткан, и за ориз ли ќе се тегнеме? Чоколадни млекца, отворени и испиени, фрлени сред пат. Колички со производи на кои потенцијалниот купувач се откажал и си отишол, ги оставил така. Разгмечени и излупени банани, па патлиџани таму смачкани троа... абе хаос.

    Ме фана жал едно време, продавачите и обезбедувањето стварно беа немоќни и не можеа да се справат со хаосов.

    Зошто и од каде таква себичност и простоќа бре, некој им дава место да одат и да купат за помалку, стварно не знаеме ништо да цениме.

    Знам дека се нема пари, ама нашава некултура е полоша од која било сиромаштија. А и да ви кажам, повеќе се купува ради тоа што е на попуст, него што навистина ти треба. 3кг банани за 60 денари, навалија сите, па тие три кила додека да ги изедеш ќе се скапат. :^) Ама не бре не... И ќе речам, сиромашна земја сме, да, се немаат пари, ама сите колички пред мене и зад мене беа фул, полни до горе. Со кроасани, колачиња, тортички, грицки, чоколатца, тек-тук некој прашок... Се друго оноа рекреативно што го има и во други маркети.

    Јас јадна и страдна со сунѓерчиња, две сирења и црно чоколадо од 29 денари. :D Ми кажаа дека човек на една каса искеширал 55.000, на рамно... тоа е, дали подивеа сите, стварно не ми е јасно.
     
    На drugarka, teddybear, Trendafilka и 19 други им се допаѓа ова.
  12. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Одговорот мила ти е во тој што ја донесе франшизата
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Мојата прва соседка инаку жена на еден европски амбасадор ме вика сабајлево на кафе да ми покаже што си купила.Одам јас и ми покажува кошула од Зара и јас најнормално ја прашувам колку чини,а она ми вика Без пари. Е како бе без пари ? Е така јас пазарам два пати во месецот и си имам список со работи кои ми се потребни за тие две недели тргнувајќи од храна (доручек,ручек,вечера),средства за чистење,перење,хигиена и се останато.Денес бев во Карфур и таму пазарев .Разликата во цената околу 2000 денари си ја потрошив за кошулата.Е така ми е без пари!!! Јас па си продолжувам понатаму и и викам па не ти беше тешко да чекаш на каса саат време? А таа ми вика-Па јас секаде до сега каде што сум била секаде сум чекала.Па и кај нас чекаме по еден саат :x
    Да ви кажам искрено женава многу ме замисли и планирам и јас да почнам да си правам список за пазарење не за друго и јас да си купам некое кошулче ;)
     
    На Belieber163, Sweety-Tweety и girl1985 им се допаѓа ова.
  15. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Луѓе јас бев и преживеав, ама фатив изгледа период кога немаше голема навалица. Нека не ве плашат гужвите на каса, затоа што за разлика од другите маркети овде услугата се одвива многу брзо (барем јас кога бев). Имаше десетина колички пред мене на касата, но не чекав повеќе од 10 минути. Две девојки има на касата, едната ги куца производите и и ги подава на другата која ги пакува во кеси - така оди многу брзо.

    Инаку да, има некои работи кои се навистина за половина цена отколку во другите продавници и маркети. Влегов чисто од љубопитство првиот пат, но и при следната посета ќе влезам таму да земам нешто за дома.
     
  16. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Ха ха ха, па како сакаш да не викаат Македончиња??? :D За нив сме Скопјани, а не Македонци и добро е и Фиром што пишале :!:
     
  17. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Го разгледав каталогот, видов што ми треба, а е на попуст, си направив списоче и отидов.
    Си испазарив тоа што ми требаше и си заштедив, а заштедата брзопотезно ја потрошив на козметика. :$
    Па и мене, како на комшиката на АИТ, ми испадна козметиката за ич пари.
    И во иднина ќе практикувам вака да си пазарам.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Eве и јас нешто да споделам, а и предупредам да не го стрефи некој дамла кога женичката на каса ќе ви каже цена. :D
    Oтворете очи 16 кога ги гледате цените на рафтовите кои не се поврзани со производите што се на тој рафт. Cва среќа јас и моиве сме соколи по тоа прашање, не може ништо да не прејде, ама ете не прејдоа. :D 3а некој денар де, али зашто?! Hа рафт пишува 20 денари, на каса 34 го куца. Aма оди убаво види, ќе видиш дека за сасвим трет чипс се однесува цената, а на тој рафт го нема. |(
    Mал милион производи зјаеа така со различни цени, одиш на едно место 28, понатака си пошол на истиот производ цена 48 денари.

    Tие производи што беа во проспектот за живо џабе, едно добри 70% ги немаше. Hешто што беше тук там евтино - земавме, другото беше еднакво и нешто поскапо од друг маркет, а пак 2 кошници полни. |(
    Hека збори кој сака, ама тоа не е одлика на сиромашен народ. Cтокомак е убедливо најевтина продавница во Mакедонијава, а не Kарфур.
    Eптен ме разочара што немаат многу залихи, или пак имале ама наше Mакедонче алчно да земе и за наредната зима, нели да си има.
    Hие најмногу отидовме за некои апарати за домаќинство кои ни фалеа дома, наравно ги немаше.

    Eте појдовме, земавме тоа што земавме, и повеќе не се враќаме. Tоа е поуката извлечена од шопингот во Kарфур.
    Mожеби единствено би чекала 1 саат за да влезам, за бела техника која беше стварно евтина, за шушки бушки - не.


    И толку не можеше инвеститорот Б'лгарин да вработи Mакедонче на каса? :^)
    Tе пречекува на каса милозвучен глас Добар ви вече, благодарја и Cа какво ште платите?
    Kај ги најде во Mакедонија, или зарем му се исплати да ги увезува од соседов од блиски погранични градови како Благоевград, Jане Cандански и сл.?!?
     
    На Hipster и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Бев неколку пати, нема што нема. Ми се свиѓа големиот избор на производи. А и сега за попустиве (дел од работите беа на промоција, не сите) некои производи беа живо џабе, а некој ќе рече мизерен квалитет чим е толку евтино ваму-таму, ама чекајте бе, тоа е огромна компанија сумњате во квалитетот? :^) Низ триста контроли имаат пројдено нивните производи, а богами од овие што ги купив сум презадоволна. Сеа нормално конкретно за прехранбени производи најевтиниот нема да е повкусен од најскапиот, ама не е ништо лошо да знаете, напротив, бар од тоа што се изнакупувавме, а купивме многу. А и ако имаш нешто да замениш или вратиш дури и пари враќаат со фискална. Бренд се бре луѓе, не се брукаат како помалите маркети или локалните продавничиња. Е, тоа ми се свиѓа.

    Него, попустот завршува на 21ви, да видиме што ќе биде со цените потоа. Супер ќе биде ако биде евтино. А и да, има поевтини маркети, ама изборот нивни е тоооолку малецок и ограничен што да речеме во Стокомак колку што имам приметено се е по едно. Еден сок Леро во два вкуса, еден тип на масло, од сјај за миење садови само Феја имам затекнато итн. И да не е по едно, по две-три е де. Толку е мал изборот што одам само кога ми треба нештото од кај нив зошто е евтино, а да земеш количка и да пазаруваш како во Карфур...нема шанси тоа. Едноставно нема што да ставиш внатре.

    Белата техника, постелнини, перници и такви работи снема уште првиот ден. Од проста причина што и тие што не беа дојдени за тоа, уз пат си земаа од се по нешто. Млади брачни парови се изнакупуваа од Тошиба телевизорите од по 200е, и нормално ќе нема. Јорганчињата ја што ги имам, веќе следниот ден ги немаше такви, само обични бели, што останале. А се друго лесно потрошно...има колку сакаш.

    И веќе пишав во темата за Сити Мол ќе пишам и овде, нели тие 3000 вработени Македонци ќе беа? И мене ме затекна Бугарка на каса и ми се крена косата, она куца нашиве кеси полнат. Има и наши, ама и низ маркетот го прашувам тој еден и ми вика Ду ју спик Инглиш? Превртував очи на тие вработени. Аман, кај толку невработени и место наши да вработуваат, тие пак вработуваат странци, а викаат главен мотор на македонската економија и негде 3000 вработени, ама да, ние си мислевме наши се подразбира, ама ете не било така за жал. Голем минус за тоа.

    А, Дузи спомна себичност. СЕБИЧНОСТ ОГРОМНА од страна на народот. Еден имаше товарено 30тина млека и една жена сирота му побара едно од што немаше и овој и вика - не можам, и мене сите ми требаат. Сирота таа одеше по неговата количка му вика абе едно само молим те, овој не па не. Алоооооооооооо ограничени луѓе ми идеше да му отидам да му го извадам тоа млеко и да и го дадам на жената. Ама се подразмислив да не ми посегне физички.
     
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    И веќе пишав во темата за Сити Мол ќе пишам и овде, нели тие 3000 вработени Македонци ќе беа? И мене ме затекна Бугарка на каса и ми се крена косата, она куца нашиве кеси полнат. Има и наши, ама и низ маркетот го прашувам тој еден и ми вика Ду ју спик Инглиш? Превртував очи на тие вработени. Аман, кај толку невработени и место наши да вработуваат, тие пак вработуваат странци, а викаат главен мотор на македонската економија и негде 3000 вработени, ама да, ние си мислевме наши се подразбира, ама ете не било така за жал. Голем минус за тоа.[/quote]



    Што те чуди тоа,не секој сака да работи за мизерна плата,па и се работело за празници,саботи и недели,е па неиздржливо е. ;)
     
    На Minnie-e му/ѝ се допаѓа ова.