1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хонорарците се бришат од списокот на невработени и ќе плаќаат придонеси

Дискусија во 'Политика и настани' започната од bebaa, 14 декември 2014.

  1. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.708
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ) ги објави деталите според кои од јануари 2015 година ќе се уплаќаат придонеси за хонорарите и авторските договори.

    Фондовите за здравствено и за пензиско осигурување, Агенцијата за вработување и Управата за јавни приходи ќе земаат 35 отсто од секоја уплата. Давачки ќе бидат задолжителни за сите хонорари над минималната плата, која за следната година е проектирана на 9.500 денари. Исклучок ќе бидат хонорарите што ќе ги земаат јавните функционери, пратениците, советниците, врвните спортисти и судиите, пишува Вест.

    Од Министерството за труд и социјална политика велат дека примањата на професионалните спортисти (премии, трансфери) не се договори за интелектуална или физичка работа и за нив нема да се плаќаат придонеси.

    „За примањата на избрани и именувани лица, исто така, нема да се плаќаат придонеси, затоа што станува збор за именувани или избрани лица кои по основ на таа функција остваруваат надомест. На пример, постојат институции во кои тие лица не примаат плата, туку надомест за вршење на функција. За надоместок за судиите, поротниците, вештите лица и стечајните управници, исто така, нема да се плаќа, затоа што тоа се надоместоци во рамките на вршење на професијата”, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

    Придонеси нема да се плаќаат и на хонорарите што ги добиваат волонтерите, пензионерите како и оние што имаат договори за јавна работа, кои ги склучуваат единиците на локалната самоуправа со корисниците на социјална парична помош.
    Придонесите за хонорарците ги плаќаа работодавецот. Во случај кога некој има повеќе договори под минималната плата, но нивниот збирен износ е поголем од 9.500 денари, тогаш тој самиот треба да си ги плати давачките.
    http://daily.mk/makedonija/rabotodavcite-moraat-plakjaat-pridonesi-honorarcite


    Ајде оние поупатените(ако работат во ујп или слично уште поубаво)нека објаснат дали ако јас парите ги заработувам на интернет значи ме плака странска држава и немам никаков договор,обврзана сум да плакам придонеси за здравство и пензиско,а несакам.Здравството државно не го користам,одам на приватно.Не ја свакам поентава.Мегу другото ја отварам темава и за другите да го кажат своето мислење.
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.223
    Допаѓања:
    124.265
    Данок и придонес се сосема различни работи.
    Темата треба да се преименува во Плаќање придонеси на хонорарците

    Значи, секој кој месечно заработува повеќе од 9500 или 10 000 денари, треба договорите за авторско дело на пример, да ги пријави во ФПИОМ. На тој начин, бруто надоместокот ке ви биде пријавен (секако нетото си останува). Обврската е и на плаќачот и на примачот на средствата, да пријави дали на месечно ниво заработил повеќе од наведената сума, ништо повеќе. Не плаќа екстра, само пријавува. Оној кој ве ангажира, ги дава тие пари.
     
  3. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.708
    Допаѓања:
    4.580
    Пол:
    Женски
    Значи мажот ми работи на интернет и го плака гугл.Парите ги пријавува у плака данок.Но сметаме дека не ни ттеба тоа пензиско и здравствено.Сигурно дека од гугл неможе тука да му плакаат пензиско и здравствено.Договор нема никаков потпишано.Едни ни викаат треба сам да си плака други ни викаат парите ти се од странство не спагаш во таа група што треба да плакаш придонеси.И тоа лугево се занимаваат со такви работи а различно го толкуваат законов.Навистина незнаеме што да правиме.Инаку не сме пријавени во бирото нормално не го користиме државново здраство.
     
    На SwanMay му/ѝ се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.197
    Пол:
    Женски
    @Cka како поддржувач на законов, те молам објасни ми како би го оправдала фактот дека јавните функционери, пратениците, советниците, врвните спортисти и судиите нема да плаќаат придонеси? М? Како што тргнала работава, кај и да е ќе ги исклучат и административциве од плаќање придонеси, па уметнициве и на крај ќе останеме само ние 20 % од населениево кои го полниме буџетот.
    Е*ати државава!!! Ќе гледам на секаков можен начин да ескивирам од плаќањево. Не сакам да ги финансирам лудостиве на власта и да го полнам трулиов ни пензиски фонд во кој не верувам. Не знам дали ова го има во други држави? Да морам задолжително да сум пријавена? Што ако сакам животно осигурување?
     
    На Anne.B, kjukli, Night Rider и 2 други им се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    На SwanMay и Nausicaa им се допаѓа ова.
  6. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Тоа ти е Лефолма на дело искажана, така се смалува бројот на невработени лица. Такви весели математики и бројки нереаЛНИ за точната бројка на невработени лица во нашата земја кој ги гледаме на секој 2-3 недели на Шител Тв, преку глава ми се. Можат таквите бројки сериозно да ги сфатат неписмените лица кој дозволиле сопствено перење на мозок. До кога ќе има будали гуски, Грујо слободно ќе шиша.
     
    На Anne.B, galapce, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.223
    Допаѓања:
    124.265
    Кај виде дека го поддржувам? Или ти се караше со некој?
     
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.197
    Пол:
    Женски
    ^
    Навистина многу зрел одговор.
    Те имам заприметено низ темиве како вечен поддржувач на власта и токму заради тоа ти го поставив прашањето, за да видам дали ќе најдеш издржано оправдување. Меѓутоа, во недостаток на истото, ти ја применуваш тактиката на владеачката гарнитура, дискредитација на противникот.
     
    На kjukli, Igrata, Night Rider и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.223
    Допаѓања:
    124.265
    Аааа, сфатив...ако на една тема сум за, засекогаш треба да сум за. Извини што не си ме разбрала, и што не знаеш да читаш и разликуваш појаснување и поддршка. Има време, ќе научиш.
     
    На SwanMay му/ѝ се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.197
    Пол:
    Женски
    ^
    Повторно браво за зрелоста :clap:
    Ти не си во една тема за, туку во 99,9999%.

    Туку... Се надевам ќе се најде некој јунак од поддржувачиве на законов да ми ја објасни логиката зошто јавните функционери, пратениците, советниците, врвните спортисти и судиите нема да плаќаат придонеси? Јас со мојов интелект не успеав да сфатам, па ве замолувам да ми објасните како успеваат да ве изманипулираат вас, поддржувачите на власта?
     
    На zuzu82, kjukli, Anne.B и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.223
    Допаѓања:
    124.265
    Твојот интелект не може да сфати и за другите, не па функционерите :)

    Јас имам мои ставови, за разлика од тебе, кои се секогаш опозициски. Прочитај убаво, имало и каде критикувам владини одлуки. Ти функционер си што забрга гајле за нив, или за себе знаеш?
     
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.197
    Пол:
    Женски
    Не, јас сум чешмичката што им го полни паричникот на дотичните, секако дека ми е грижа каде одат моите пари. Толку ми сече, инаку ќе бев како тебе, слепа и глува ;) и ќе си свиркав во некоја административна фотелја.
     
    На kjukli и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.223
    Допаѓања:
    124.265
    Ај измисли ми уште нешто и навреди ме. Гледам полна си горчина, а млада мајка, свој леб јаде, туѓо гајле бере.

    А во слободно време, кога не живееш за да ме следиш по темиве и вреѓаш, правиш нешто? Иди со свекрвата расправај се, воспитувај дете, имај секс, уживај малце. Што мене си ми запнала?
     
    На Daleron и SwanMay им се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.197
    Пол:
    Женски
    Ај ок. Штом ти така викаш, да одам да си го средам животов ;) Еве, ветувам дека повеќе нема да те прогонувам низ темиве. Чесен пионерски :$ А баш си најдов нешто да си го исполнам животов, во корен ме пресече. Ту бре.
     
    На tessie, Cka и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  16. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Државно вработените нема да плаќаат од едноставна причина што тие се таму да го цицаат она кое е собрано од оние кои се во реалниот сектор. :) Освен ДДВ не плаќаат ништо (се им е платено од плаќачите на данок и заемите).
    Целосно диксриминаторски закон по мерка на фриковите од власта.
     
    На Emy867 и SwanMay им се допаѓа ова.
  17. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Значи наместо здраво да се дискутира на темава да се објасни што и како и да извлечеме заклучок вие се напаѓате и се вреѓате до немај каде. Наместо да рзмислите дали е добро или не и како би влијаело на вас вие зборите дали предлогот е од власта или мислењето е од опозицијата.

    Мое мислење кога првпат го прочитав ова беше ок, па зошто да не? Некој ќе работи ќе заработува, не плаќа придонеси а користи здравство на пример. И сега мојот газда што мене ми плаќа придонеси одмори и 100 други чуда фактички јас од мојата плата го финансирам него. Затоа што ние вработените и со придонеси плаќаме за здравството и за пензиите. Ајде кажете ми што има тука лошо јас не гледам на пример. Каде е негативноста? Не е тоа товар на работникот туку на работодавачот. Прашањево ми е за здрава дискусија не е поставено ради реда. Законот не ми е прочитан не ги знам деталите.
     
    На Orthophill, Daleron, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    Против сум. Многу луѓе од мојата професија кои земаат хонорари, сега или газдата за иста работа ќе им плаќа помалку, или тие ќе си плаќаат, па ќе им останат помалку. Како и да е сите коментираме дека ова е на штета на работникот. А зошто? Јас ли да им го плаќам тоа аздисување по Скопје, сите тие споменици и глупости, сета таа мизерна администрација која не е способна за ништо? Во биро ми изгубија документи, па едвај ги најдовме, во управно одделение на МВР ми изгубија извод , го дале на други луѓе со слично презиме. Во УЈП не можеш да се разбереш, им се дерат на луѓето затоа што прашуваат како се потполнува годишна даночна пријава.
     
    На Rama, kjukli и An-na им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.197
    Пол:
    Женски
    Еве да ти објаснам.
    Јас работам хонорарно. На секој примен хонорар до сега плаќав 10% данок на приход. Згора на тоа сама си плаќам здравство. Е сега... малку им е ова, па јас морам, сакала или не, да плаќам пензиско и здравствено. Ова за здравственово не знам како им е решено, најверојатно два пати ќе плаќам. Ете затоа јас се бунам. Не гледам потреба задолжително да плаќам пензиско во трулиов пензиски фонд. Сакам животно осигурување. Треба да имам избор, а не со присила. А да не зборам што они се исклучени од законов. Колку фино! Плаќајте вие, ние сме посебна категорија на граѓани. Најверојатно вака размислуваат.
    Пак ќе кажам, е*ати државата!!!
     
    На kjukli, Tanjamm и SwanMay им се допаѓа ова.
  20. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Мислам дека ќе се плаќа околу 40% од износ над минималецот. Таа сума ќе ја плати хонорарецот а не оној кој го ангажирал. Да кажеме се работи за хонорар од 200 евра. Од тој износ хонорарецот ќе мора да плати 80 евра и ќе земе 120 наместо 200. Ако плаќаше нарачателот (работодавецот) тогаш ќе требаше да плати 200 евра на хонорарецот, плус сумата за данок, 280 евра.
    За да го задржи сегашното ниво на примања хонорарецот би морал да ја зголеми цената на хонорарот за износ на данокот, но во тој случај може да го изгуби хонорарот целосно.

    Како прво давачката е превисока, наразумна и грабеж. Каде постои земја каде на хонорар се плаќа толку?
    Друго, прагот е минималецот, што е идиотски, на 150 евра (facepalm)
    Трето сите оние на државна плата и други повластени категории се ослободени од плаќање што е класична дискриминација. (Тука спаѓа власта каде државните службеници членуваат во многу самосоздадени ``работни тела`` од каде земаат хонорари освен плата).
     
    На MiloMalo му/ѝ се допаѓа ова.