1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Целулит

Дискусија во 'Тело' започната од Mimi, 19 ноември 2009.

  1. DarkAngelOfLove

    DarkAngelOfLove Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    9
    Од свое искуство и од на мајка ми ќе ви кажам да не си ги фрлате парите на глупи креми и антицелулитни гелови КОИ НЕ ПОМАГААТ.Потрошив толку МНОГУ пари на нешто што не го намали целулитот воопшто. :!: ;(
    Единствен совет што можам да ви го дадам е да пиете многу многуууу вода секој ден (8 до 12 чаши)
    или да пробате со кафе и маслиново масло :D
     
  2. mirandaa

    mirandaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    24.750
    Пол:
    Женски
    никогаш не сум имала проблем со целулитот ,но колку што имам слушнато а и логички така е едната причина поради која целулитот се ствара е јадење на многу мрсна храна,и непиење доволно вода...
     
  3. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    4.901
    Каде можам да купам масажер рачен? Или електричен?
     
  4. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Епа ајде и јас да си ја кажам мојата сторија...
    И јас имав целулит на стомакот..нозете и задникот...започнав прво со чаеви за слабеење и си го расипав желудникот...потоа ..започнав со Инсенити програмата и само за месец дена имаше огромни резултати..пржената храна, тостови, пици..ја исфрлив и газираните сокови.Сега пијам вообичаено по 2-3 л. вода или чај од нане (го обожавам ) БЕЗ ШЕЌЕР, започнав со Бразил Бат Лифт програмата..и Хип Хоп Абс..имам стомачни мускули речиси формирани.. стегнат задник и нозе без целулит.
    Во слободно време трчам, користам кафе.. за пилинг и суво четкање коешто е многу ефикасно во борбатаа против целулитот..СЕГа повеќе не ми е срам да се соблечам на плажа.
     
    На SM12, Taccka, BeLLaDona23 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Јас еве месец дена користам Сатва од бршлен, буквално секоја вечер се мачкам со масажерот од Орифлејм, не да гори, пржи, пече, чеша уфф...али све због лепота :D ... Исто пијам анатицелулитен чај Танана...не дека има некои Ваууу резултати ама колку-толку ми се подобри текстурата на кожата. Сега површински ли длабоко ли, во секој случај не изгледа толку гадно :?: Инаку важно е и масирањето да е правилно. Првин кружни движења обратно од стрелките на часовникот, потоа цик-цак и на крај осмици (ова со масажерот го правам).
     
  6. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.664
    Пол:
    Женски
    Колку го мразам зборот целулит толку многу повеќе мразам да го гледам.

    Мој спас од целулит е водата.Јас сум од онаа група луѓе што ако немора нема да се напие вода.Ама ја решив дека мора да пијам и еве до денес месец дена како секој ден пијам по 3 литри вода и целулитот видно ми се намали.
    На колковите изгубив дури по 4 цм.

    јас вака практикувам - наутро на гладно пијам 1литар, по ручек уште 1 и пред спиење уште 1литар вода.

    Да тешко е првите 2 дена но се е навика и цврста воља.

    Внимавам и на исхраната се хранам пред се здраво , без леб, без благо ,газирано.

    Користам и антицелулитна крема од папаја на Афродита но не верувам многу во нејзиното дејство , ја користам затоа што со неа подобро ми оди масирањето на делови каде имам целулит. :D

    И така јас од водата не се откажувам а за вас не знам
     
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Рачен масажер можеш да порачаш од каталозите на Орифлејм и Авон,а за електричен разгледај во продавниците каде има апарати за лична грижа и убавина.
     
  8. Aurora05

    Aurora05 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25
    Можам ли да ги ослабам стомакот и нозете само со пиење зелен чај и нормална исхрана?
    Да напоменам дека кафе не пијам,газирани сокови,многу ретко јадам брза храна.
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Па не би рекла. Јас пијам зелен чај секој ден и нема некој голем ефект врз слабеењето, само минимално и нема да ти се јаде многу поради тоа што ќе внесуваш поголема количина на течности. Врз целулитот делува тоа да, ама мора пак да се има некоја физичка активност за да се има некои видливи резултати. Вака само ако седиш и пиеш чај нема да имаш никаков ефект.
     
  10. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Од седење дома, нема спомени.
    Иако внимаваш на исхраната, зелениот чај нема да ти помогне многу без физичка активност, сигурна сум дека можеш еден час од денот да одвоиш за тоа, се работи за твоето тело, а и убавина, и внатрешна и надворешна.Здравјето пред се !
     
    На Shmizzla му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SM12

    SM12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    За κолκу вρеме ги постигна ρезултатите? Јас веќе месец дена сум физичκи аκтивна СЕΚОЈ ДЕН. Пρавам slim in 6 сеκој ден и insanity и brazil butt lift наизменично, значи два пати на ден по пρосечно 40 минути. Сеуште имам целулит и стρии :?: и ефеκтот до сега е поцвρсти мусκули на нозете и пρилично видлива пρомена на стомаκот. Да напоменам деκа пијам многу вода, бρза хρана еднаш во месецот маκсимум, не јадам сκоρо ич леб, е сеа за благото знам да си потκаснам по нешто. Што споρед вас би тρебала да пρоменам за да постигнам подобρи ρезултати?
     
    На malina24 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Мила моја твоето тело, ќе направи се што умот ќе му заповеда, неможеш резултатите да ги видиш за само 2 месеци потребен е континуитет, иако резултатите полека но сигурно ќе доаѓаат, твојата самодоверба ќе биде зголемена.Мојот совет е да се фокусираш на здраво тело, да бидеш упорна и истрајна, да не се откажуваш.Верувај не си свесна што можеш да постигнеш.Потребна ти е мотивација и високо поставени цели, кои секако, можеш да ги оствариш. :inlove:
     
  13. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Дали некој правел антицелулитни масажи? Има резултати?
    Само ми е за џабе да не ги фрлам парите, ако имал некој искуство нека пиши, важно ми е :)
     
  14. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Девојки, ја имате ли користено оваа крема и дали е ефикасна? Ја видов денес во Зегин, на акција е, за само 200 денари.
     

    Прикачени фајлови:

  15. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Сите пари инвестирајте ги во здрава храна,фитнес и бидете дисциплинирани.
    Ниедна крема,ниедни хеланки нема да ви го тргнат тоа масно ткиво ако не се помачите малце.
     
  16. AnaMKD

    AnaMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    115
    Го почитувам тоа што го работиш и несомнено е дека си одличен во тоа. Советите и мислењата кои ги даваш на форумов се навистина добредојдени и корисни. Но, понекогаш дозволи да слушнам мислење и од некој друг, а притоа ти да не дадеш коментар дека ова или тоа не чини, нема никаков ефект итн.
    Можеби јас и други членови на форумов инвестираат во здрава храна, вежбаат итн, ама дополнително сакаат да се информираат и да слушнат мислење за некои препарати кои само може да допринесат во ефектите кои ги даваат здравата храна и вежбањето.
    Фала многу.
     
    На DigY и Haritiela им се допаѓа ова.
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Со хеланки и со креми без физичка активност може да се отстрани целулитот под услов ако сте на идеална тежина и идеален обем и несакате да слабеете туку само да го елиминирате целулитот.
    Многу пати имам напишано дека за еден месец сум успеала да го отстранам целулитот и тоа со хеланки, креми, масажи со талог од кафе и косумирање по литар зелен чај на ден и минимум уште литар вода. Елиминирајте само сол, шеќер и пржена храна и лесно ќе се ослободите од целулитот.
    Плус препраратите за третирање целулит имаат намена и да ја зголемат циркулацијата и ја менуваат текстурата на кожата. По неколку дена третирање кожата одма станува помазна и позатегната ама тоа сепак зависи и од средството што се користи и начинот на кој се прави масажата.
    Секогаш се прави со кружни движења од доле па нагоре додека смесата не упие во кожата и тоа минимум по два пати на ден, наутро и навечер. Туширањето да биде со топла и ладна вода наизменично исто наутро и навечер со талог од кафе или специјални пилинзи со антицелулитно дејство. Ако се користи и масажер рачен, најобичен уште подобро.
    Со физичка активност разултатите може да бидат многу побрзи ама пак ќе мора да се користат и креми.
     
    На malina24, glosipgirl, AnaMKD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Јас се ослонувам на научни истражувања ќе линкувам нешто што сум го превел.
    http://karas4training.com/mk/training/g ... cija-e-mit
    Но, јас сум скептичен дека соединенијата во овие креми стигаат до масните клетки во областа каде се нанесуваат.

    Кожата содржи голем број на крвни садови, а повеќето од состојките кои се наоѓаат во овие креми го наоѓаат својот пат до крвта долго пред да бидат во близина на масните клетки.

    Аминофилин , слично како кофеин, има диуретично својство, што значи дека ја стимулира загубата на вода . Тоа се однесува на загубата во студиите што ги спомнав.

    Покрај тоа, британскиот истражувачки тим откри дека аминофилинскиот крем немаше никаков ефект врз длабочината на мастите на бутот кога се применуваше двапати дневно во период од 12 недели.

    П.С и кога сме веќе кај кремите и што помага еве цела статија за тоа.
    http://suppversity.blogspot.com/2013/07 ... ology.html
     
  19. malina24

    malina24 Нов член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    мене зелениот чај како да ми ги исфрла вишокот течности но како целулитот повеќе да се познава можеби и дека само што започнав да го пијам :(
     
  20. Fatalnata

    Fatalnata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2014
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Прашање за девојките кои го користеле Сатва антицелулитниот балзам од Алкалоид. После колку време од употреба сте забележале подобрување и намалување на целулитот? И дали само на одредени места ви црвенее кожата после нанесување или на сите места на кои сте нанеле и масирале?
    Кај мене само пределот околу колената се црвенее и на бутовите одпозади :(