1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цисти на јајниците

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Suzeto, 26 декември 2009.

  1. anaspace

    anaspace Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Здраво .Од неодамна ми се појави мал проблем ...Значи имам редовна менстуација но во последниве два месеци некако е изменета-трае само 3 дена а другите 3-4 дена како поткапува.Порано не ми се случуваше ова.Исто така,ако имам сексуален однос во деновите кога прокапува после тоа имам крваререње што не е нормално.Пред месец дена бев кај интернист за друга работа и на ехото ми откри циста на левиот јајник .Сакам да ве прашам дали овие промени во циклусот ми се од цистата? и Дали ако отидам кај гинеколог може само ехо да направам или има и други испитувања во смислам на пап тест ? Ве молам пишете,малку сум неискусна за одење на гинеколог Благодарам
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Веројатно од цистата ти се проблемите. Колку е голема, ти кажа ли?
    Посетата на гинеколог не е толку страшна. Штом си сексуално активна, ќе ти направи вагинално ехо затоа што појасни резултати дава. Ќе треба и пап тест, не поради цистата, туку како рутински тест што секоја жена треба да го прави.
     
  3. anaspace

    anaspace Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Дали при закажување треба да се нагласам за која работа закажувам?
     
  4. anaspace

    anaspace Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Дали знае некој колку чини гинеколошки преглед во неуромедика или во другиве приватни?
     
  5. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.858
    Допаѓања:
    133.181
    Пол:
    Женски
    2000den
    ne treba
     
  6. anaspace

    anaspace Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Феминки,до сега имам правено само ехо на гинеколог а сум сексуално активна.Сакам да проверам дали имам циста и сакам само ехо да ми направи докторот...дали може вака или ќе бидам приморана на други методи како пап и слично? Извинете,прашувам бидејќи 2пат ќе одам на гинеколог
     
  7. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.858
    Допаѓања:
    133.181
    Пол:
    Женски
    со ехо се гледа дали имаш цисти, пап не ти треба, тој е за откривање на рак на грло на матка, не за цисти
     
  8. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки..
    За жал, пред 4 дена го изгубив бебето во 7 недела од бременоста. Беше извршена интервенција за вадење на плодот по оперативен пат. Уште при самото утврдување на бременоста ми беше најдена циста на десен јајник со големина од 6см. Сега треба да чекам 40 дена за да ми дојде месечниот циклус, оставајќи на хормоните да го направат своето за да се ослободам од цистата. Е сега..имам болка како за добивање..но не крварам. Дали ќе знам кога и како пукнала цистата. Кои се симптомите кога пука циста?
     
    Последна измена: 2 јули 2016
  9. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Индивидуално е, кај некои има поизразено крварење, со страшни болки и можна несвестица, а кај некои пука без симптоми. Но не пукат сите цисти, а пукањето на некои може да предизвика сериозна состојба. Затоа е важно да се одреди за каква циста станува збор и дали расте. Обично се мисли за водените цисти дека пукаат, но и за нив не е секогаш така.
     
    На PeachGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. new_hope

    new_hope Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки, пред 2 месеци ми дијагнистицираа чоколадна циста на десен јајник околу 5см. прво ми рекоа итно треба да се прави операција (се консултирав со 3 доктори), но на клиника во Скопје ми дадоа терапија со јасмин таблети. На форумов прочитав дека помага и чај од ајдучка трева, коприва и невен.
    пред 10тина дена приготвив мешавина од чајот и пиев по 3 шолји на ден 4-5 дена. Имав силни болки во стомакот , каде што е цистата. Ме интересира дали е ова нормално, и како точно се дозира чајот (прочитав повеќе варијанти) и колку време се пие.
     
  11. *sisi*

    *sisi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2014
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    446
    Пол:
    Женски
    Мене ми се случи следното: Мноооогу јака болка ниско долу во стомакот,не можев ама ич ич да се мрднам секое движење ми нанесуваше болка ама не обрнав многу внимание бидејќи истовремено осеќав болка и во анусот ме полудуваше и покрај тоа што пиеше Диазепам од 5мг, да ме опушти болката си стоеше.
    Денес случајно преку разговор со една жена ми кажа дека и нејзе така и било и дури до болница стигнала бидејки имало некакво крвав излив од циста.
    Симптомите таа што ми ги кажа : Болки ниско во стомак како и во анусот боцкање беа исти со моите.
    Дали цистите имаат вакви симптоми? Па можеби овој месец и од нив ми доцнеше инаку цел живот редовна менструација.
     
  12. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Пред една година имав нешто проблем со бубрезите па бев на ехо и таму случајно докторот виде дека имам циста на левиот јајник и ми рече да си одам на гиниколог. Бев на гиниколог и тој ми рече дека е мала, 4мм, и дека не е страшно, сама ќе пукнела, ако не наредниот, тогаш понаредниот месец. Рече дека е ептен мала и затоа нема да ми препише нешто и дека ги третирале само ако биле над 5см, обично давале хормонска терапија, поточно тестастерон, и од тоа можело да имам нус појави како на пр. брада да ми порасни. Рече дека била фоликул шо не пукнал на време и продолжил да расти и да сум одела по два месеци на преглед да видиме дали пукнала. Отидов на преглед, ама не по два месеци туку по 4-5 месеци, и цистата уште си стоеше, порасната беше 8мм. Ми препиша апчиња добростон ,тие не биле опасни дури и на трудници им ги давале и ми рече од кога ќе ги допијам по ден-два ќе добијам па од кога ќе ми заврши да одам на преглед да видиме дали пукналa, akо не е пукната ќе мора тие со машки хормон тестастерон да ги пијам. Ги испив јас ама не отидов на преглед. Еве 3-4 месеци поминаа од тогаш, ми е страв ако не е пукната, не сакам да пијам машки хормони да почнам да мутирам во маж како трансексуалц да изгледам, а и се плашам од тие хормони дали ќе можам после деца да имам. А осеќам дека не е пукната, знае еднаш-два пати во месецот на секунда-две да ме здоболи ептен јако левиот јајник, како со нож да ме прободил некој, ама тоа е толку кратко што дур да речам оф поминало. А и сеа се нервирам пред неколку дена и десниот ме здоболе така, аман веќе.... се јавив денес се закажав на гиниколог за утре, страв не страв тоа е... ама знам дека е тука цистата и плус со месеци ми е голем стомакот како трудна да сум, некој ќе речи сало дека е, ама не е, јас сум чоек од кожа и коски, од каде сало на стомак, се познава кога е сало, има витки, kaj мене нема, мазно е.... да не должам мн, има некоја што пиела такви апчиња со машки хормон заради циста на јајник да сподели искуство?
     
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    (facepalm)
    Нема да мутираш во маж и нема да изгледаш ко трансексуалец. Оди на гинеколог и прави тоа што ќе ти рече. Ако не си сигурна во него, барај друг гинеколог, ќе ти го каже истото - перзистентните фоликули си бараат терапија, особено ако пораснат многу. Болките веројатно ти се од тоа, подуениот стомак исто така.
    А ако бараш искуства, имаш 45 страни во темава.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.071
    Допаѓања:
    13.163
    Пол:
    Женски
    Де бе човек нема К*Р да ти порасне. Влакнетоста ќе се реши со депилација, сите пиеме хормони па не ни фали ништо и не личиме на мажи. Сепак мора да се лечи и поголемо зло од тоа да не лечиш нема.
     
  15. Liaku

    Liaku Нов член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Te molam pisi mi kontakt od zenata od Resen....?
     
  16. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Барав на 45те страни и не најдов некој да споделил искуство со примање на такви апчиња, имаше за диане35, за добростон, тие ги примав и јас, затоа и пишав тука. И кога реков дека ќе мутирам во маж или ќе личам на трансексуалец не го реков тоа во буквална смисла како што ти ме сфати, не сум мрдната, го реков тоа затоа што е стварно опасно да се пие такви хормони, тоа мислам дека сите го знаеме и не е само физичкиот изглед што се менува, туку и здравствено се прави дисбаланс на сите останати хормони, тоа мене и самиот доктор ми го кажа, затоа и реков: што ако не можам после да имам деца. Значи не е едноставна работа да се прима хормонска терапија како што е едноставно кога пиеш парацетамол....
    Нема везе.. бев на гиниколог, цистата е пукната, ја нема, се е во ред, така да нема смисла да дебатирам понатаму. Позз.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  17. мкд98

    мкд98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Здраво!
    Што е разликата помегу циста и фоликул?
    Дали е страшно ако имаш 8 фоликули на десниот јајник и 4 на левиот?
     
  18. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    За фоликули тука. http://forum.femina.mk/threads/Големина-на-фоликули.14621/
    Цистата ако е водна полесно се третира,пука сама или со терапија. Ако е крвна или закоравена ја вика мојава матична знам дека е потребна интервенција.
     
  19. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Циста ти е патолошко, во зависност каква е, а фоликул ти е нормална физиолошка појава која пука за време на овулација и ја исфрла јајце клетката. Не е страшно повеќе фоликули, како што би рекол еден познат гинеколог повеќе си плодна :D
     
    На мкд98 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Ги прекинав Јасминот во јуни и од тогаш еднаш ми дојде. Бев денес на гинеколог и ми рекоја дека имам циста. Ми дадоја апчиња 10 дена да ги пијам и после ќе ми дојдело.
    Како делуваат апчињата? И од шо настанува цистата?
    Видов наназад дека имало некои чаеви што помагале, кои се?
    Дали треба да сум загрижена и што можам да направам за да си помогнам во ситуацијата?