Чартер летови

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Faline, 29 јуни 2011.

  1. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    400
    Што мислите вие ? Мене ова ми се допаѓа многу ! Редно беше и во нашата држава да се воведат чартер-летовите! Баш гледав 25 евра до Венеција-па луѓе тоа е за џабе :o само ме интересире дали картите се повратни или во еден правец ? Ајде да развиеме дискусија,мислам дека нема друга таква тема,ако има клуч! :D
     
  2. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    342
    мислам дека се во 2 правци.........се надевам
     
    На Faline му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.692
    Допаѓања:
    4.420
    Во два правци се. А дури и да не се, пак не е скапо.

    И имам прашање. Каква дискусија може да се развие околу чартер летови? :?:
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.279
    Допаѓања:
    48.547
    Може да се пренесе некоја информација,не мора да е дискусија.
     
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    14.426
    Aбе жени 50е е до лондон и до венеција :) не 25е... сигурно 50е повратна, јас баш читав, некоја турска компанија е тоа, направиле нискобуџетни летови, мада и ова не е нискобуџетно за нас, ама да не бараме преку леб погача, зашто реалните цени се изгор :)
     
    На verica94 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.877
    Допаѓања:
    3.954
    Да преку Пегасус се тие нискобуџетни карти арно ама да ја букираш или платиш неколку месеци однапред. За Венеција ќе леташ за 25 евра повратна карта ама во Февруари а сега да ја купиш. Познат маркетиншки трик на авио компаниите. Инаку редовните линии т.е редовни летови ќе си платиш со редовна цена.
    http://www.flypgs.com еве тука може да се види што и како има моментално
     
  7. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    57
    Луѓе дали знае некој колку е повратна карта за Париз? и ако знаете кажете некој линк...Значи зборувам само за билет, не за сместување и целокупен ангажман...
     
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    1.174
    Допаѓања:
    868
    Имаш ефтини летови од Софија за 40 евра во 1 правец...


    Инаку за нискобуџетниве компании... Супер се, кога точно знаеш каде сакаш да одиш после неколку месеци, и можеш да се спакуваш во 1 мало куферче (значи за кратки дестинации)... Многу се заштедува и навистина ми е мило што почнаа и од кај нас да летаат, иако не е толку развиено како од соседните градови. Разликата во цената во споредба со обичните авиокомпании е заради тоа што не ти даваат храна во авион (а и што ќе ти е за 1 ипол саат лет), слетуваат на помали аеродроми кои најчесто се подалеку од градот (ама сите аеродроми во Европа се поврзани со градот преку автобуси, метроа, возови кои не се воошто скапи) и тоа што за да имаш 1 куфер плус се доплаќа најчесто 10евра повеќе. Ама ако заштедам 100 евра, па и ќе одам со 1 мало куферче :)
     
    На Kicky му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели ја оваа страница