1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Често сонување на луѓе од минатото

Дискусија во 'Психологија' започната од malinkasladoled, 25 февруари 2015.

  1. malinkasladoled

    malinkasladoled Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    Постојано сонувам луѓе од минатото со кои сме раскрстиле. Како да ја довршуваме недовршените приказни кои останале. Убави се соништата, понекогаш кога ќе се разбудам посакувам да било вистина, никогаш да не сме се скарале, да не сме се разделеле, времето да не поминало. Тоа се луѓе кои имале значење во мојот живот, мојата братучетка со која пораснавме заедно, бившиот дечко кого многу го сакав, некои другарки, многу често и периодот од основно, како со неакои соученички со кои никогаш не сме се дружеле седиме на иста клупа и среќни сме. Постојано ме измачува минатото во соништата, не можам да раскрстам со него. Најверојатно не можам да се помирам со загубата на тие луѓе и места. Не знам што да сторам?
     
  2. Saricko

    Saricko Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.137
    Истото и мене ми се случува..постојано сонувам како повторно сум основно или бившиот дечко сонувам како сме се смириле или разговараме за се што ни се случи иако сум со друг не можам да го заборавам..и многу личности кои веќе ги немам...јас мислам дека тоа е зошто не можеме да се помириме со фактот дека тоа поминало и не можеме да го промениме или преболиме.. :^)
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Потсвеста си го прави своето, ако често мислиш на нив, па заради тоа да ги сонуваш, оти нели обично се вели ако мислиш на нешто постојано, истото го сонуваш, а што да сториш, заборави ги некое време и нема да ги сонуваш.Едноставно ти останале во меморија, па си се рефлектира тоа преку соништата.
     
    На cooll, angelche16, SnowWhite8 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. andreina

    andreina Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2015
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    се согласувам со ставот дека ако пречесто мислиш на некоја особа ја сонуваш после но не ми е јасно колку пати ке сонувам некоја личност неколку пати по ред а ни на крај памет не ми била и ке ја сретна м на јеве а не сум ја видела со години
     
  5. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    И на мене ми се случува да сонувам луѓе од минатото,можеби не претерано многу често,но ги сонувам или,пак,сонувам дека сум повторно основно училиште или средно во Гимназија!Дури и често се смеам на вакви сонови!:rofl::rofl::rofl:Тоа се случува затоа што подсвеста си игра со нашите сеќавања и затоа во сонот се навраќаме на минатото,но,сепак,нема ништо чудно ниту ништо страшно во тоа,минатото си е минато и таму и треба да си остане,не треба воопшто ниту да обрнуваме внимание,ниту да се замараме со вакви сонови затоа што тие немаат воопшто никаква врска ниту со сегашноста ниту со иднината на тие што ги сонуваат овие соништа со случки и со луѓе од минатото!:!:Треба да гледаме напред и само напред храбро да гураме кон иднината!:nod::nod::muscle::muscle::muscle:
     
  6. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Тоа се вика интуитивна видовитост,не мора да си мислела претходно на личноста што не си ја видела со години,а си ја сонувала и потоа си ја видела на јаве.Тоа не го може секој,луѓето мора да се родат со таа нивна интуитивна видовитост.:);)8)
     
    На andreina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски