Сакам чипка, но во ограничена количина. Е сега што подразбирам под тоа- не сакам пренатрупаност секој можен детал од комбинацијата да содржи чипка (пр.фустанче, чанта, машничка за коса, штикли со чипка..) ама нешто фино скоцкано со по еден/два детали. На пример, си видов едно кремасто фустанче со дел сатен - дел чипка распоредени цик-цак... фантазија! Имам чипкани хеланки со кои многу комбинирам, дури и ги ставам врз други хеланки бидејќи се тенки и автоматски добивам нови хеланки Да не заборавам колку секси изгледаат чипкани ракавици! Страшно заводлив додаток За долна облека да не зборам, најдобрите парчиња задолжително имаат чипка на нив.
Што мислите за чипката? - Се најубаво. Дали ја обожавате или ја мразите? - Ја обожавам! Носите ли чипка? - Да, за излевање, на ракави од блузи имам чипка, на некои сукњи, фустани... Дали мислите дека чипката е добра само за долна облека? - Не, може и на друга облека. Обично кога си шијам некое парче облека кај некоја шијачка, обавезно и давам и чипка да ми стави некаде на мешето или рацете.
Просто ја обожавам!!! Ми се допаѓа затоа што дава одраз на сексипилност,женственост... Ама сакам умерено,затоа што во од глава до пети,веќе не изгледа секси,туку сосем спротивно...ЕФТИНО!
уф да ептен е ин во последно.. не само на долна облека имам и фустанчиња и суќни а гледам слики и по штиклите почнале да редат хехе интересно
во последно време ептен сум опседната со чипкава значи си изнакупив блузи, фустанчиња, венчиња, хеланки, триста глупости со чипка. многу убаво изгледа
па зависи каква е чипката имаш од 250 денари,па на горе до 1500 има ,зависно каков дизајн и квалитет е ,јас си шијам и имав најдено во матекс една, убава беше за 250 денари ,ја обожавам со неа се прават преубави комбинации,
Може е убаво, ама веќе преку глава ми дојде малце. Малце повеќе. Ко што лупаат машни на се и сешто, значи шо и да е, само една млитава, никаква, гадна машна од еден партал напраена ако виси, битно машна да има пошто сите се блер сега, така и чипкава почна да ми оди на нерви, буквално на се се става.
Порано не ја сакав, ама овие фустанчињава ептен ми се убави. Елегантни, едноставни, а чипката баш е убава. Пред некое време не сакав чипка, затоа што ми изгледаше како завеса, ама ми се смени мислењето. Спојлер
Ми се допаѓа, многу Баш денеска си купив фустанче со чипка. http://www.bershka.com/webapp/wcs/store ... ed%2BDress Ибаво изгледа, но целото парче облека да не биде од чипка.
Сакам чипка , не е само за долна облека , има многу убави чипкави парчиња облека , како фустанчиња и сукњи .....
Прекрасни фустани и сукни има од чипка и некако многу елегантно делуваат.Имам само еден фустан со чипка , сега барам да си купам блуза цела од чипка ама никако да најдам такваа