Чичко Горио - накратко

Дискусија во 'Образование' започната од MadeinHeaven, 2 февруари 2010.

  1. MadeinHeaven

    MadeinHeaven Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    55
    Ве молам за краток содржински состав зошто никаде неможев да најдам што се зборува во лектирата фала премногу!
     
    На Peperutka-19 и stefu6ka им се допаѓа ова.
  2. Deni-f

    Deni-f Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    :( и мене ми е потребна кратка содржина,но мислам дека има една моја школска.ќе ја прашам утре на школо и ќе ти пишам.поздрав ;)
     
  3. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    2.361
    Се работи за стар човек кој живее сиромашно а во минатото бил богат господин. Тоа што живее во бедниот пансион на некоја постара госпоѓа заедно со уште 10 други е вина на неговите ќерки за кој чичко Горио живеел како и секој родител па нив им го дал целото богатство надевајќи се дека тие ке го гледаат.

    Така нешто беше не ја имам проќитано ова е само на кратко од тоа што ми го раскажуваа а и не се сеќавам баш добро :)
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    5.677
    Допаѓања:
    23.183
    Без Чичко Горио и Мартин Идн не смеете да пораснете!
    Седнете и прочитајте ја!
     
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    5.328
    Да дополнам..

    Во книгата е потенцирана и погрешната родителска, во случајов татковска љубов кон своите ќерки.
     
  6. Drako

    Drako Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    24
    Стар човек кој во минатото бил многу богат а се збогатил на нечесен начин користејки ја револуцијата во Франција. По смртта на неговата жена целосно се посветува на своите ќерки кои ги обожава ги размазува давајќи им ја неговата љубов и се што ке посакаат. Тој прави се за своите ќерки откако ќе остари неговите ќерки ќе ги омажи едната за гроф,а др за влијателен банкар. Се што има ќе им даде ним а тој ќе се всели во еден мизерен пансион. Прво ќе живее на првиот кат каде се сместуваат најбогатите и ќе носи убава чиста облека, ќе излегува да јаде надвор но неговите ќерки кои го барат само за пари ке му земат се и тој на крај ќе биде принуден да живее на последниот кат заедно со студентот де Растињак кој сфаќа дека единствен начин да се успее во француското општество е преку лаги, криминал или да си најде своја заштитничка. тој дури ке се сплетка со една од ќерките на Горио, но ќе се разочара кога ќе дознае дека таа веќе има љубовник, на почеток ќе се сомнева дека и Горио е нејзин љубовник и неговиот однос многу ќе се промени но кога ќе ја дознае вистината ќе станат пријатели.Накрај чичко Горио умира сам покрај него единствено ке биде студентот де Растињак тој ке му го плати и погребот а никоја од неговите ќерки нема да се појави. Додека тој е на смртна постела зборува за тоа колку ги сака своите ќерки ги повикува нивните имиња и умира со надеж дека барем една од нив ќе дојде. Романов не е за љубовта која чичко Горио им ја дава на своите ќерки него за трулоста на француското општество за единствениот начин на кој може да се успее, самиот пансион во кој е сместен Горио го претставува Париз на првиот кат најбогатите вториот оние кои имаат доволно за пристоен живот и на третиот оние кои неможат да си дозволат ни едно достоинствено јадење.
    Ова ми беше најкратко онака се опфатено.
    Се надевам дека ова ќе ти користи али најубаво ти е да седнеш да ја прочиташ книгата не е многу голема а и добра е позззз
     
    На Mistletoe и False1 им се допаѓа ова.
  7. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.708
    Допаѓања:
    3.354
    Баш така....Мартин Идн уште си ја читам...мислам одново и одново :lol: ...секогаш кога ми треба мотивација.... :|
     
  8. MadeinHeaven

    MadeinHeaven Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    55
    абе мн описи има :worried:
     
    На Florina-Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    105
    девојко најди ја книгата за матуранти таму ја има мн убаво раскажано на 4 страни е
     
  10. Lizalka

    Lizalka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    68
    Najdobro e da ja procitas zaso posle i za matura ke ti treba, vaka dzabe ke ti ja pisuvame.. inace mn ubava kniga e
     
  11. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    544
    Пол:
    Женски
    „Чичко Горио“ од Балзак
    Чичко Горио

    „Чичко Горио“ е роман чија тема не е единствена. Опфатени се три паралелни приказни кои се испреплетуваат поради средбите на ликовите.
    Тој е реалистичен, психолошки, социјален и семеен роман.
    Дејството се случува во Париз, 1819 година.
    Приказната е реализирана преку сезнаечки наратор (раскажувачот сè знае и сè гледа).

    Темата ги опфаќа:

    1. Драмата на чичко Горио;

    2. Животот и моралното пропаѓање на Ежен де Растињак;

    3. Судбината на робијашот Вотрен.

    Овие приказни се поврзани со местото на живеење - пансионот на госпоѓата Вокер.
    Романот е уметничка слика на ликови кои од различни причини го загубиле својот висок општесвен статус и се приморани да живеат во најсиромашниот париски кварт. Општеството е виновник за положбата во која са наоѓаат.
    Идејата е да го прикаже општеството каде движечка сила се парите кои морално го деградираат човекот и сочинуваат свет преполн со егоизам, лицемерство, интриги, подлости, измами и предавство.


    Содржина на романот

    На почетокот е претставен сиромашниот кварт каде се наоѓа пансионот на госпоѓата Вокер. Преку него, Балзак ни ја претставува цела Франција и односите во општеството. Ги претставува ликовите и нивното минато, подредувајќи ги по катови како што се подредени во општеството. На првиот кат се најбогатите, а како се качуваат погоре се сè посиромашните. Многу сликовито е опишан мирисот на пансионот, кој е карактеристичен за сите такви места. Тој го нарекува пансионска реа - „мириса на затворено, на мувла и бајато, студено и влажно при дишењето, мирисот се впива во облеката, ја има реата на соба во која штотуку се вечерало, смрди на кујна, на немиени садови, на прифатилиште“.
    На првиот кат од пансионот се наоѓаат најубавите станови во куќата. Таму се сместени госпоѓата Вокер во помалиот, а во поголемиот госпоѓата Кутир (вдовица) со младата девојка Викторина Тајфер;
    На вториот кат има исто така два стана, во кои живеат Поаре и господинот Вотрен;
    На третиот кат има четири соби. Во нив се сместени: госпоѓицата Мишоно (стара мома), чичко Горио и Ежен де Растињак (едната е празна, но најчесто таму живеат студенти);
    Во поткровјето се наоѓа таванот за сушење алишта и две мансардни соби во кои се сместени слугата Кристоф и дебелата готвачка Силвија.
    По описот на пансионот и жителите, дејствието го води Ежен де Растињак. Тој потекнува од пропаднато благородничко семејство и по секоја цена сака да постигне нешто во животот.
    Прво се зафатил со работа и учење, но забележал дека жените имаат огромно влијание во општествениот живот, па решил да се впушти во таков свет и да си најде заштитнички. Тетка му го поврзува со виконтесата де Босеан (богата и влијателна), која го поканува на бал. Таму ,тој се запознава со грофицата Анастазија де Ресто со која игра и ја поканува на повторна средба.
    За време на пансионскиот ручек Ежен раскажува за балот, за госпоѓата де Ресто, за нејзината убавина, танцувањето. Горио со внимание го слуша и блеска од задоволство и среќа. Кога тој заминува од масата, другите го озборуваат дека таа му припаѓа на Горио, дека тој ја издржува и дека го водат ниски страсти.
    Утредента Ежен оди кај грофицата на договорената средба, убаво облечен и преполн со надеж. Во салонот се среќава со љубовникот на грофицата, Максим де Трај.
    Во задниот дел од куќата, грофицата тајно се сретнува со Горио, го бакнува, го испраќа и се враќа во салонот да ги пречека гостите. Таа повеќе внимание му обрнува на Максим, а Ежен се обидува да се бори со соперникот за вниманието на Анастазија. Тоа му успева кога доаѓа грофот и убаво го прифаќа заради неговото потекло и роднинските врски со виконтесата де Босеан. Но, кога Ежен го споменува Горио, нивниот однос сосема се менува, па тие речиси го исфрлаат од куќата.
    Разочаран, тој оди кај Босеан која е растревожена заради нејзините љубовни односи, поточно зашто нејзиниот љубовник решил да се жени. Ежен и раскажува за посетата на Анастазија и тогаш дознава дека Горио им е татко, нејзе и на Делфина.

    Кога бил млад, Горио бил работник во фабрика за тестенини. Со упорност и ризик за време на економската криза успеал да се збогати. По смртта на својата жена, тој целото внимание им го посветил на ќерките кои бескрајно ги разгалил. Тој им нашол богати и угледни мажи и им го поделил богатството оставајќи си за себе само колку што му било неопходно. Анастазија ја омажил за гроф, па таа станала грофица де Ресто, а Делфина ја омажил за барон и таа станала бароница де Нисенжан. За титулите дал големо богатство, на тој начин сметајќи дека засекогаш ќе ги обезбеди ќерките и ќе им овозможи лагоден живот. Во почетокот, Горио бил сместен на првиот кат во пансионот Вокер, во најубавиот стан. Секој ден се дотерувал, со убава облека, перика и со златен синџир. Но, како минувало времето неговите ненаситни ќерки му го земале и тоа малку што му останало, а тој осиромашувал и се качувал сè погоре во пансионот Вокер. Госпоѓата Вокер дури сакала да го заведе и да се омажи со него, но кога сфатила дека единствена љубов во неговиот живот се ќерките, се откажала и почнала да го озборува. Го претставувала како сладострастник кој имал две љубовници што ги издржувал.
    Кога Ежен ја дознава вистината за Горио и за ќерките кои се откажале од него и не сакаат повеќе ни да го видат, па дури и се срамат од него, многу се растажува. Босеан му предлага да го запознае со Делфина де Нисенжан која сè би дала за да влезе во високите кругови, а таа нему ќе му го овозможи тој влез. Освен тоа, сестрите биле многу завидливи и љубоморни една на друга, па на овој начин Ежен ќе и врати на Анастазија за нејзиниот понижувачки однос кон него.
    Заради ова, кога се враќа во пансионот, Ежен де Растињак зазема заштитнички став кон Горио.
    Ежен решава да преземе акција за влез во високото општество, па затоа им пишува писма на мајка си и сестра си во кои се понижува себе си, само за да добие пари од нив. Пари, за да може да купи убава облека, а тие можеби ќе останат без основни средства за живот. Се чувствува ниско заради тоа, ист како ќерките на Горио.

    Во дејствието на романот преку разговор со Ежен се воведува приказната за Вотрен и Викторина Тајфер. Вотрен сосема го разбира Ежен и неговите намери за влез меѓу богатите преку љубовни односи со богати жени. Вотрен е 40-годишен, силен маж, со широки рамења, цврст, набиен, со длабок глас, човек кој се познава со сите, се разбира од сè, пријатен, услужлив, шегаџија. Тој му предлага на Ежен поинаков начин, односно наместо да наоѓа љубовници - да се ожени со Викторина Тајфер. Викторина била убава, млада девојка која поради несреќниот живот, малку пропаднала. Татко и се откажал од неа, а целото богатство го оставил на нејзиниот брат. Вотрен му навестува дека преку наместен двобој тој може да го убие нејзиниот брат и така таа да остане единствена наследничка. Ежен малку се зачудува од предлогот, но не го коментира и не го одбива.

    Ежен де Растињак ја посетува Босеан за таа да го исполни ветувањето дека ќе го запознае со Делфина. Иако Босеан многу непријатно се однесува кон него заради сопствената несреќна љубов, сепак попушта и тие заедно одат во театар. Случајот сака таму да се сретнат со Делфина која била пред раскинување со нејзиниот љубовник (тоа е една од причините што Босеан го упатува Ежен на неа). Растињак и се приближува на Делфина токму со разговор за нејзиниот татко, односно со случката кај сестра и. Ежен ја понижува Анастазија, ја прикажува како сурова, како неќерка (всушност го искористува лошиот однос меѓу сестрите).
    Кога се враќа дома сè му раскажува на Горио, бидејќи тој сака да слушне сè што се однесува на неговите ќерки. Тој ја бакнува земјата по која тие газат. А, Вотрен, пак, го потсетува на разговорот за Викторина Тајфер. Ежен забележува дека тој и се допаѓа на Викторина и не ја отфрла сосема можноста за спојување со неа.
    Со нова облека и со почетничка среќа Ежен игра комар, добива пари кои и ги дава на Делфина за да ги исплати долговите на нејзиниот поранешен љубовник и на тој начин ја започнува врската со неа. Но, Ежен продолжува со коцкањето и запаѓа во долгови., а за да се раздолжи позајмува пари од Вотрен.
    Ежен и Делфина во договор и со помош на Горио си подготвуваат стан во кој би живееле, а таткото би можел непречено да доаѓа и да ги посетува.
    Вотрен не се откажува од неговата замисла и затоа една вечер во пансионот приредува пијанка во која всушност ги успива сите. Утрото дознаваат дека братот на Викторина загинал во двобој.
    Во меѓувреме, госпоѓата Мишоно и Поаре се сомневале дека Вотрен е измамник, избеган робијаш, познат под името Лажи-смрт, а неговото вистинско име било Жак Колен. За доказ, требале да го откријат неговиот белег. Мишоно му дава напиток, го успива и докажува дека била во право. Измамникот е фатен, но пансионерите се свртуваат против Мишоно и Поаре и ги бркаат од пансионот.
    Напуштањето на пансионот го најавуваат и Ежен и Горио.

    Горио за првпат бил многу среќен, но неговите ќерки повторно сè расипуваат. Прво доаѓа Делфина жалејќи се на финансиски проблеми, а потоа и Анастазија. Избива силна караница меѓу сестрите преполна со злоба и љубомора. Горио не може да го поднесе тоа, паѓа во очај и се разболува. Ќерките не доаѓаат да го посетат иако Ежен ги моли. Делфина само ветува дека иако е „болна“, ќе дојде да го види татка си додека не е предоцна, а Анастазија доаѓа, но доаѓа предоцна.
    Нивната бескрупулозност, самољубие, бесчувствителност, непочитување, уште повеќе доаѓа до израз кога тие двете не доаѓаат на погребот на татка си, туку испратиле само празни кочии. Не сакале ни да дадат пари, па Ежен го заложува својот часовник за да може да го плати бедниот погреб на чичко Горио.
    Ежен ја докажува својата хуманост и добрина, како и сожалувањето кон Горио, но тој не се откажува од своите намери. Тој го предизвикува лажното општество, лицемерието, злобата и решен е да се пресмета со него. Романот завршува со: „Растињак отиде да вечера кај госпоѓа де Нисенжан“. (Иако го презира нејзиниот однос кон родителот, сепак неговата цел е поважна.)

    Романот е целосна слика на француското општество на почетокот од XIX век. Во него се претставени најниските слоеви, сиромашните, слугите и осиромашените, но и најбогатите - оние што одат на балови и самите ги приредуваат, живеат лагоден, но и развратен живот. Бракот најчесто се заснова на финансиска спогодба, па затоа сите имаат љубовници.

    Ликови

    Ежен де Растњак е младо и убаво момче кое решило да успее во животот. Тој е од југот на Франција, од осиромашено семејство и сака по секоја цена де живее во светот на богатите. Тој сочувствува со сиромашните, повредените, недостојните, но не отстапува од неговата цел - слава и богатство.

    Горио е типичен лик на татко кој безмерно ги сака своите ќерки. Неговата љубов е толку голема што нему не му е тешко да ја поднесе секоја жртва за нив. Заради нив тој живее бедно и се надева дека за возврат од нив ќе добие љубов. Толку многу ги разгалил и расипал што тие немаат ни трошка почит кон него. На крајот, сфаќајќи дека создал бесчувствителни монструми тој паѓа во очај и умира.

    Делфина и Анастазија воопшто не се разликуваат меѓу себе. На моменти ни се чини дека Делфина е подобра, но таа не доаѓа да го посети болниот татко, а чекорите што ги прави се само за да докаже пред Растињак дека е подобра од Анастазија. Тие ја цицаат и последната пара од татко им без да се сожалат на него. Си завидуваат, си љубоморат, се караат за секоја паричка. Живеат во лажен свет, без љубов и морал.

    Вотрен дејствува против ваквото општество, но не како револуционер, туку како крадец и убиец. Тој ги почитува своите другари (робијаши) и нивните пари ги чува кај себе со посебна почит. Тој не ги сака нивните, туку парите на богатите. Прво детално ја анализира ситуацијата, пресметува колкава ќе биде неговата корист, па дејствува (случајот со Викторина). Кога ќе биде фатен тој отворено ќе признае сè, цинично ќе се однесува со што ќе го покаже својот однос кон општеството.
     
    На MotherMonsterI и Teresa94 им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    5.885
    Допаѓања:
    7.849
    Пол:
    Женски
    И ве мрзи, или ''не можете да ја најдете книгата, од оправдани причини'' - секако!
    Штета е, море жално е, да не се прочита вакво дело!
    Нема да изигравам шема и да ви солам памет - а у, морате да ја прочитате книгава, ама навистина вреди да се оддвојат неколку саати, плус имало прашања на матура (obvious).

    Балзак е цар на описите - можеби и затоа на многумина им е досадна.
    Без многу филозофии. Целата книга е всушност, француското општество во мало.
    Поточно, пансионот на г-ѓа Вокер го претставува француското општество со сите негови позитивни и негативни страни, недостатоци и предности, а секој лик е претставник на еден од општествените слоеви.
    Низ целата книга се чувствува како парите се главниот мотив - па и не за џабе е кажано, дека тие го расипуваат човекот.
    На вас останува да ја прочитате книгата - сигурна сум дека нема да зажалите.
    А се надевам дека ова ќе ви биде доволна провокација. :)
    "Животот е кујна во која лошо мириса и мораш да ги извалкаш рацете за да се најадеш, но мора да научиш и да ги измиеш - тоа е единствениот морал на места каде владее законот на џунглата".
    (ова беше извадок од книгата ми се чини, гледам сум си го запишала на првиот лист од тетратката :lol: )
     
  13. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.383
    Допаѓања:
    1.341
    Сум го прочитала Чичко Горио бидејќи сум морала, признавам, но иако имав готов состав од сестра ми, сепак сакав сама да ја прочитам... И да, многу ми се допадна, на моменти и плачев и ги проколнував безчуствителните ќерки на Горио, ми изгледаше како тотал мејк овер кога почна тој студентот да се смени и да добие внимание од богатите и славните во општеството, тоа ме навлечеше да читам повеќе, да дознаам дали и карактерно ќе се смени. Само ми беше жал за тоа како умре xha Gorio, цел ден бев тажна и плачев...
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.692
    Допаѓања:
    4.375
    Горио е прекрасна книга и не е мала за да може да се опфати во текст од триесетина реда.
    Вреди да се прочита, затоа што е стварно многу убава и плус е потребна за матура мислам.
    Не е оној типичен Балзак, што значи не е толку проблематична да се совлада.
    Со себе носи свои дискусии, така што е апсолутно невозможно да поминеш добро кај професор кој е внимателен без да ја прочиташ и разбереш пораката. :^)

    Матица има издание од 5 книги мислам дека со обработена литература. Колку толку е опфатено. Мислам дека околу 400 се движеше цена на една книга.
     
  15. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    190
    Ај некој ало е љубезен да ми помогне
    темата за писмена ми е Чичко Горио, мозаик од среќа и несреќа

    ако има некој шо ке може да ми помогне нека ми пише во лп ... :* :* благодарам
     
  16. em08

    em08 Активен член

    Се зачлени на:
    8 април 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    po dosadna kniga vo zivotot nemam procitano barem spored mene :@
     
  17. flowergarden

    flowergarden Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    328
    Најубаво е да си ја прочитате. Ќе бидете духовно побогати и ако сака професорката да ве фати дека не сте ја прочитале, ќе ве фати многу лесно.
     
  18. bvlgari

    bvlgari Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    2
    Дали би прифатил да убиеш кинески мандарин(цар) само со сила на волјата (кога тоа би било возможно) за да стекнеш богатство ?
    Како би одговориле на ова прасање според книгата чичко Горио?
     
  19. Elena69221

    Elena69221 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    1.731
    Пол:
    Женски
    Сега случајно го најдов составов во компјутер па ај да ви помогнам на тие што сте трета година средно :D

    Оноре де Балзак – Чичко Горио

    Во Париз, градот на светлината, парите се извиваат како мрачно божество, криминалот се поставува како базична професија во подземјето, а семејниот алтруизам останува само збор изречен во ветер. Во тоа време живеел и пишувал, најзначајниот претставник на реализмот, Оноре де Балзак. Чичко Горио е роман на карактери, каде што среќаваме тип на неблагодарни ќерки, тип на наивност, на злосторник, а сите тие соочени со движечката сила на општеството – парите.
    Темата на романот ги опфаќа драмата на чичко Горио, животот и моралното пропаѓање на Ежен де Растињак и судбината на робијашот Вотрен. Чичко Горио е поранешен фабрикант на тестенини кој се збогатил со продавање на брашното десет пати повеќе отколку што го купувал. Останувајќи вдовец, ги разгалил своите две ќерки, Анастасија и Делфина, и незабележувајки ги претворил во нечуствителни, себични и неблагодарни изроди. Бил поведен од општо прифатениот критериум дека парите се она волшебното стапче во кое е содржана полнотијата на живеењето. Во почетокот, Горио бил сместен на првиот кат во пансионот на Вокер, во најубавиот стан. Секој ден се дотерувал, но, како минувало времето неговите ненаситни ќерки му го земале и тоа малку што му останало, а тој осиромашувал и се качувал сè погоре во пансионот Вокер. Самиот пансион во кој е сместен Горио, го претставува Париз на првиот кат, односно најбогатите, вториот оние кои имаат доволно за пристоен живот и на третиот оние кои не можат да си дозволат ни едно достоинствено јадење. Заради своите ќерки, тој живее бедно и се надева дека за возврат од нив ќе добие љубов. Толку многу ги разгалил и расипал што тие немаат ни трошка почит кон него. Ежен де Растињак пак, е сиромашен студент кој сонува за успех, слава и пари. Доаѓа во Париз, бидејќи е опседнат со сјајот и раскошот на високото општество. Ежен решава да преземе акција за влез во високото општество, па затоа им пишува писма на мајка си и сестра си во кои се понижува себе си, само за да добие пари од нив. Во бедниот пансион на Вокер се запознава со чичко Горио. Кога ја дознава вистината за Горио и за ќерките кои се откажале од него и не сакаат повеќе ни да го видат, па дури и се срамат од него, многу се растажува. Преку ликот на Вотрен, Балзак ни прикажува до какви деформации може да стигне личноста на човекот во едно општество чијашто движечка сила се парите. Со овој лик се воведува темата на злосторот и криминалецот. Горио, сфаќајќи дека создал бесчувствителни монструми тој паѓа во очај и умира. Бесчувствителноста и непочитувањето на керките уште повеќе доаѓа до израз кога тие не доаѓаат на погребот на татка си. Тажна е приказната за пожртвованиот татко, но уште потажна е сликата на младиот Растињак, кој ги ис истражува патиштата кои водат во високото друштво, откривајки ги парите како основна движечка сила. Најтажно е што и двајцата на крај разбираат дека љубовта со пари не се купува.
    Во откривањето на сопствениот идентитет во маскембалот наречен француска извитоперена аристократија, Балзак немилосрдно ги покажува маскираните во право светло, со сето нивно лицемерие, интриги, измами, предавство и низок морал.
    513 зборови
     
    На Beauty161 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SnowWhite8

    SnowWhite8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    632
    Пол:
    Женски
    Мојата омилена книга :inlove:
     

Сподели ја оваа страница