1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Членка за која сте имале погрешно мислење

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од maca99, 30 ноември 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Нека биде темава забавна а не препукување ;)
    Дали за некој на почеток сте имале едно мислење а потоа ккао сте и ги читале мислењата ви станувала симпатична или пак обратно?
    Ете мене ми текнува на Марама ја читав само во Модни критики и ми беше она баш шмизла :lol: ,ама затоа денес многу ја почитувам ,освен тоа што има прекрасен сенс за мода воедно е и многу мила,зрела,и секогаш тука за помош....Исто ми текнува и за Дузи-кога првпат ја читнав имаше нешто филозофско напишано и си реков-леле зошто волку филозофира девојчето, :lol: ама денес заедно со Марамка ми се едни од моите омилени форумџики.Дузи освен што е прекрасна и секогаш ми помагала со убав збор,има и зрели ставови и размилсувања позади кој секогаш застанувам.........
    Има и др членки ама ете колку да почнам.
    СЕ надевам темава ќе стане интересна само да нема препукувања :!:
     
    На Doozy, marama и Abeja им се допаѓа ова.
  2. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Јас мислам дека темава треба да се заклучи ( без навреда ). ;)
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Јас за една форумџика имав многу добро мислење на почетокот. Но потоа се покажа дека само површно е таква, длабоко во себе е многу цинична и себична личност.

    А мислев дека Џули е некоја шмизла од типот Лилееееееее :lol: и нели дека еден период малце мрчеше околу постовите во СДК што и ги бришеа, си велев па ако си пишувала офф топик ќе ти ги бришат. Ама :!: сфатив дека со право мрчела.
    Џули :hai:
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Зошто да се заклучи, можеби зошто не ти се свиѓа маца99?
    Темата е ок, и јас кога за прв пат се зачленив имав поинакво мислење од ова сега за одредени членови.
    Со Теодора се скарав во глупа тема за глупости, политички несогласувања ама со тек на време не ми делуваше како лоша личност, за разлика од некои кои нема да ги именувам а во тие моменти на судир ја поддржуваа, и понатаму ги гњават членовите со партиски навреди, еве и во моментов сеуште го прават тоа, што е непотребно на форумов, не знаат да развијат муабет само да се истакнат со навреди.
    Серафима ми изгледаше на почеток чудна дека пишуваше само за религијата и црквата, но потоа сфатив дека е една од нај чистите личности на форумов што искрено би сакала да ја имам лично за пријател :) Многу е пријатна за разговор и да ја слушаш(читаш) и да те слуша(чита).
    Жапче на почеток ми игледаше како темпераметно девојче, такво и е но не во смисла на самобендисано туку снаодливо, паметно и грижливо, неколку пати ми се најде кога ми требаше, не е ова од корист туку спремноста да помогне.
    Артемисион ја почитувам што ете несебично одвојува од своето време да ни презентира огласи и никогаш не сум ја прочитала во конфликти.
    Мерлинка на почеток мислев дека е некое шмизличе што сака внимание, но потоа го свртев мислењето за 180, толку ми е смешна со мислењата што многу пати ме насмејува и ми го разубавува утрото.
    ќе ги споменам во позитивна конотација и тедимече,пирамида(толку отсутно присутна ;) ),анатх,дузи итн.(пронајдете се тука сите добри луѓе) да не ви ги погрешам имињата при набројување па да испаднам смешна.
    Поздрав, имајте убав остаток од денот.
     
    На Marilyn-Monroe, Theodora, Serafima и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Линн1 сакав да ја задавам! Многу ми идеше на нерви! :@
    Ама после видов дека е Шкорпија, и дека таква си е по природа, и родени сме на ист ден :!: , и сега немаме никакви проблеми. :wasntme: Се се решава со разговор. :angel:
     
    На piksooki и Linn1 им се допаѓа ова.
  6. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431

    Не, нема врска, немам ништо против никоја членка, само мислам дека темава ќе биде полна со препукувања ако секој искрено пише што му пречело кај одредена членка .
    Сепак тоа е само мислење. ;)
     
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Зошто препукување, баш ќе биде место за искрени пофалби па и критики на цивилизирано ниво. ;)
     
  8. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    3.203
    Пол:
    Женски
    Искрено, на почетокот највеќе и замерив на Виножитка( и тоа ради моја грешка)...

    Имав негде напишано мислење со сите букви во боја и таа ми прати лп дека треба да си пишувам со црна нели.. И јас (тогаш бев нова членка и не знаев баш како ги водите работиве тука) си велам зошто да не си ги пишувам мислењата во боја кога мене ми се поубави така? Потоа прочитав дека тоа е правило на форумот и почнав да пишувам со црна боја...

    Инаку, сега имам прилика доколку виножитка види, да и се извинам бидејќи таа била во право.... Извини Виножитке, ти праќам поздрави... :* :*
     
  9. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Уф, од кај да почнам :D
    Џули и Енца на почеток ми делуваа нападно и грубо, со тек на време видов дека имало и 'душа' во нив :D
    Ме нервираа долгите и исцрпни постови на Теодора (а јас немав многу време за читање) и мислев дека се само игра на зборови без некоја посебна поента, но кога почнав подобро да ја читам видов дека и те како сум грешка...
    За Трендафилка и Офспринг мислев дека само глумат опасен мадафака за после да видам дека природно си се такви-директни, искрени и отворени...
    Има уште само не ми текнува во моментот...ќе се вратам пак ;)
     
    На Trendafilka, enca.69, Offspring и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Pосонерка и старфиш :rofl: не лошо мислење демек се лоши вакви такви, ама мислев дека ептен се замараат со мода, и дека само за тоа живеат :)
    Aма после увидов дека и не е баш така :)
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Јас само ќе кажам дека има феминки за кои сум мислела дека се прекрасни и добри и чисти ликови, но испаднало дека не се баш.. Или пак некои на кои сум се восхитувала, но гледам дека немало зошто...

    Инаку, еве ќе ја издвојам Ливинг Глам, не сме контактирале надвор од форумов, а ми се чини ни во некоја тема се немаме цитирано меѓусебно, но на почеток мислев дека е девојка форсирана од другите тука, но сфатив дека е своја, интелигентна и квалитетна феминка ;) Па, еве ја поздравувам :*
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Хах, во 2 страни доста сум присутна како woш лик на прв или втор поглед :emo: , во принцип не им земам на луѓето за зло додека не сметам дека претерале, ама и од еден до два вербални клинча не носам суд за било која членка, иако да напоменам не атакувам случајно никогаш, туку кога мислам дека има основа и на начин на кој мислам дека е соодветен, со доста форумџики со кои сум била на борбени линии на многу теми сме продолжиле најнормална комуникација потоа ете Ашлинг, Лолита, Абеја... не се ни сеќавам на сите ако некоја ме пише понатаму ќе освежам меморија...

    Еј, да, нека не ја чепка никој Ливинг и не ја влече во негативен контекст на темава, ќе си има работа со мене :devil: :devil: :devil: ...

    И друго, дајте не пишете во загатки без споменување имиња така не е интересно ама ич ...

    Уште нешто лично јас респектирам ликови ко Шкорпионка или Каша и др. не ми текнува сега, кои оделе сами против сите неретко и колку во моментот да ми е неразумен ставот кој го бранат, тоа што имаат тестиси да го бранат е за пофалба, :) ...
     
    На Kasha, LivingGlam и lolyta777 им се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.105
    Допаѓања:
    88.073
    Пол:
    Женски
    Плавуша на почеток ми беше јас, јас, јас, за подоцна да сфатам дека е всушност многу мила, фина и пријатна девојка.

    Ели25 на почеток се рчкавме ама подоцна и за неа го сменив мислењето, сега ми е меѓу подрагите феминки.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Штом ја прочитав темата и одма ми текна на Beached :lol: .
    На почеток таа и така си се постави спрема сите феминки, после омекна.
    Ич не ја сакав, дури направивме колеж во темата за турбофолкот :D .
    Доволно беше само еден пост во СДК да го сменам мислењето за неа, после почнав стално да ја следам и ми стана една од омилените форумџики. Ете така да знаеш, те поздравувам и те гушкам :hug: .
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Офи. :geek:

    Ма толку ми идеше на живци што при секое скролање на нејзините постови си велев- аман оваа, повторно со нејзините „опасни“ постови и курчења. Се додека еднаш не се решив да престанам да ја скролам. Е, тогаш сватив дека Офи е пријатен лик и без да му ја мисли плеска у фаца и на чисто е со сите. Ниту пишува работи кои немаат поента, ниту кога има нешто да каже заобиколува.
    Ги вади картите на маса и чича мича готова је прича!
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  16. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    Јас не би ја открила членката за која сменив мислење. Од почеток мислев дека е фина, зрела, особа но со тек на време почна да ми шета по нерви бидејки нејзините мислења се во стилот, Јас знам се, јас тоа, јас ова, моето е најубаво, само мене ништо не ми фали итн. Еден хинт, во модни критики кога ке и замерат дека нешто не е убаво или нешто фали веднаш реплицира и се правди и се лути, а знае кај што нема потреба од критики да критикува. Епа јбг, не си толку паметна. И така сега ми е на игнор ставена бидејки ме нервираат особи кои сами се фалат и величат. :)
    може и да де препознае ама не ми е гајле да ви кажам право :D
     
    На thelittle17, ljubam и crazylady им се допаѓа ова.
  17. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Ако не грешам, само јас ја спомнав Ливинг и затоа се осмелив да те цитирам.
    Прво, не знаев дека си нејзин боди гард, а тоа и не ме интересира.
    Второ, тука ние ќе ја спомнуваме секоја феминка што сакаме и во конотација која ние сакаме! Затоа те молам, за да не настанат повеќе постови како овој, твојата љубов кон одредени феминки дели ја на други теми или во живо.
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Е па кога веќе ме спомнавте на пати редно е да се јавам :emo: ... :devil: :D
    Искрено мило ми е што сте имале едно мислење па откако подобро сте ме зачитале сте сфатиле дека не е така. :) Нема љутиш! :!: Прифаќам и ви благодарам ... Подобро да имате за некој на почеток да не речам лошо туку погрешно негативно мислење па после да сфатите дека е обратно. Затоа што еднаш споменав дека се е скоро обратно пропорционално.
    И кај мене постоело поинакво мислење кај доста форумџики дали од препукување на некоја тема, дали од тоа што не сум сакала да читам многу филозофии и долгометражни мислења, дали од тоа сум мислела леле оваа се его трипа, лигави итн. Ама да, после ми се смениле мислењата ... Пр. ќе кажам за Оффи, ете и Блонд и Мк Шкорпионка, Ашлинг најмногу ради постовите во политика, :wasntme: ... Лилит, Роси, Жапче ... Со тек на време кога подобро навлегов во да речам нивната психа читајќи ги, увидов сум грешела. :$
     
  19. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Исто и јас. Па, не гледам што тука има спорно, м?
     
  20. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    За никого не донесувам веднаш заклучок.
    Се додека не го запознаам подобро немам право да судам.
    Така да уште по моето доаѓање на форумов немав лошо мислење за никого. :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.