Дефф со тато жи е најубаво кога одам на шопинг.Секогаш ми вика не е битна цената битно да ти се сфиќа и да го носиш а мама секогаш ама види го па не е убаво,неам доволно пари иако не секогаш е така со неа сепак..Абе ззависи од денот како ќе им тргне
Со тато на шопинг, најубаво. Секогаш коментира дали нештото ми стои или не и не е битно колку пари е ако ми е мене убаво, одма ми го купува. За штиклите така малце имаме несогласувања, многу биле високи, ќе сум се испокршела, ама ќе помине.
Никогаш !! Ко прво нема да има живци да иде со мене , ко второ многу нападни работи сум купувала ( ако е флуоресцентно на пример тоа е нападно, сите ќе ме забележувале ) и ко трето се му е скапо, а не излегол низ град да види како се движат цените. Затоа или сама или со мама строго
Никогаш! Јас сакам да шетам по цели денови, макар и да не купам нешто, а тој не.Неможе да издржи да ме чека толку, а јас како и секогаш ќе го превртам светот за да најдам нешто убаво и на крај пак нема да најдам.Тоа ми е кога многу наоѓам маани. Мене мајка ми неможе да ме истрпи кога одам на шопинг, а не пак татко ми. Ама ако не оди на шопинг со мене, секогаш кога ќе ми купи нешто сам ми го погодува.Барем за тоа сум среќна.
Ни во моите кошмари! Со него ни во маркет неможеш да отидеш да разгледаш и да купиш како што треба, а можам да замислам што би било во бутик. Уствари можам да замислам, стои пред продавницата не би ни влегол со мене и прави намќорести фаци надвор и мрмља ајде побрзо!!! Не ни имам причина да го влечкам со мене во шопинзи, а ни самиот не би изразил желба.
Да можам, секојпат би го водела со мене на шопинг. Има стил, знае да избере убаво и квалитетно парче, а што е најважно, секогаш има некој денар плус. Тој плаќа, јас само го носам. А и секако, тој одбира облека за мене. Само му кажа која боја, големина и можам да си чекам во пресоблекувална. Ако му кажам дека е поскапо од планираното или сакам повеќе, само треба да го гушнам еднаш и слободно нека пакуваат продавачките. Полесно, амин.
Дефинитивно Тој неможе една минута со мене пред излог да стои кога разгледувам, а не пак да доаѓа со мене. :geek:
Убави сеќавања имам во врска со ова,секогаш ми бил подобар шопинг партнер од мајка ми на пример(таа секогаш сакаше да го наметне својот вкус),него му беше доволно само да е модерно и убаво да ми стои ..и тој самиот има/ше стил и дури и моите соученици го забележуваа ..дури имавме и омилен бутик,а не дека и подлабокиот новчаник не помагаше ич подоцна веќе исклучиво со другарки или сама бирав,а него следниот ден ке го викнев за да види со свои очи дека "безобразната" цена не е за џабе ,пред да плати.
Секогаш во Скопје одам со него,си накупувам што сакам, а тој ми плати Ми дава некогаш предлози ‘‘види ама убава маичка,види ги чевлите баш се убави... ‘‘ ама немаме ист вкус .. И многу пати ме брза кога купувам нешто, а јас женско како женско додека не разгледам,да пробам,па ако не ми одговара друго да видам...
Ау не никако ни со мајка ми ни со татко ми.До пред некое време купував со мајка ми ама таа секогаш ми купуваше тоа што нејзе и се допаѓа а не мене ееепа мало морген,веќе една ипол година сама си купувам,дајте ми кеш парички кога имате сама ќе си купам со некоја другарка. А и со мајка ми имаме различни стилови така да може да настане fight ова е убаво не она е убаво ова неможе бла бла.Ама па сега за чудо се што си купувам ми обожааава дури и понекогаш ми бара нешто да носи ее нема.
Со мама секогаш одам на шопинг зошто ми треба и нејзино мислење а со тато кога бев помала и секогаш велеше дајте еден број поголем и за другата година да и чини ама јас се инатев велев или овој број или ништо и што ке прави со магарешки инает ке види ке невиди ке ми го купи тоа што го сакам ама со тато секогаш лимитот е поголем а со мама е помал
Со тато е дефинитивно подобро отколку со мама Ако одам со мајка ми, се што ќе купам мора и нејзе да и‘ се свиѓа. А со тато што сакам-тоа! Инаку најубаво е сама
Аии нема шанси ... Со мајками повеќе ми одговара ..А татко ми влезе во првата продавница и од таму купи се што му треба И само замара после...Као деме цела недела ке идете по трговски ова она ајде завршувајте работа кој ке ве чека А со мајками ке шетаме од утро до мрак ахаха сегде ке влеземе и секоја продавница ке ја разгледаме добро ...