Имам неколку пати купувано,ама неможи да издржи оти јас приблиџивка сум или некое не ми чини па само за тоа вика неможи да чека.Ама сепак се стрпува некогаш ми кажува кои се подобри ако неможам да се одлучам и не му е битно него дали се малце поскапи.(татина маза)
Се почесто одам на шопинг со тато. Најбрзо можам да завршам работа. А кога одам со мајка ми, со другарки или сама 100 години се мислам и барам, а вака за 10 минути завршена работа
Кога би одела со тато на шопинг тој ќе ми купи се што сакам , а мајка ми ќе размисли или пак ќе најде мана на нешто обавезно...
Доволно е да решам да отидам на шопин го татко ми и се е што посакам може да го добијам...секако тоа да има и некоја граница. ...обожувам кога ќе излезам со татко ми на шопинг,го имаме сличниот стил ..јас од женска страна тој од машка страна...
кај мене е поделено, тато го има спортскиот дел. он бира тренерки, патики, спортски маици. мене ако ми се свиѓа ќе земам, ако не нема. човек од мода, скоро се ми погаѓа!
Имам отидено само еднаш, пред повеќе од 7-8 години можеби. Ми купи едни фармерки од скоро 50евра, првото маркирано парче во мојот плакар. Ги утепав од носење, кога ми се скинаа, ми се распара и душава. Заљубена е мал збор за она што јас го чувствував за нив. Од тогаш, нит ме однел, нит ми дал пари сама да си купам нешто. Не памтам ни кога последен пат ми дал макар 100 денари. Мајка ми ме финансира, а на шопинг само со дечко ми.
Подобро со тато отколку со мама! Татко ми барем не ми се меша во изборот, а мајка ми постојано ми наметнува: - Рамбовки-не, премногу е отворено! -Нели мислиш дека фустанот ти е прекраток ( а тој е само над колената) Инаку, одам и со двајцата!
јас имам неколку пати одено со тато на шопинг и тато кога ми купува се што сакам (ама не многу да претерам) не гледа цена туку само да ми се допага мене и да е квалитетно а мама за све наоѓа мана (освен за цената.цената не и битна само нејзе да и се свиѓа ) ова не е убаво,ова не е квалитетно,ова е старомоднооо..
Обожавам да одам со тато на шопинг.Ретко одам со него, но кога ќе отидеме ,уживам.Навистина има вкус и не ми се меша никогаш во изборот,само ќе ми прокоментира,а дали ќе го купам тоа или не,тоа останува на мене.А со мама никогаш не сакам да одам,секој пат ме нервира.. Мора да наоѓа мана на све.. или ќе е прекратко или ќе е премногу отворено
поубаво ми е со татко ми да одам бидејќи шо сакам тоа добивам заразлика од мајка ми ќе ми рече ова е вакво она е онаквоо..
Со тато одам ретко. Онака, непланирано... Шетаме негде, и ќе го пикнам во некој бутик. Прво се бунтува малку алишта имаш дома ??? А, потоа внатре се занесува, купи си се што ти треба ќерко... И обавезно си одбирам некое парче кое не ми треба, ама нели модерно е да си го имам. И тато обавезно вели: ајде со што ќе си го комплетираш ? (Ако се панталони, демек да си одберам и блуза што ќе ми одговара. ) Абе и да имам блуза, ќе си одберам нова. Ееее ретко е одењето со тато во бутик, па мора да се искористи маскимално. И обавезно кога треба да се плати, малку превртува очи колку се цениве надингани. И секогаш му објаснувам дека ни е тешко нам жените, ем партали, ем скапи се. (да се оправдам кога ми вели кај ги трошам парите. ) После наредните три месеци ако му побарам нешто, секогаш е истиот муабет: абе вчера не бевме таму, не си купи ??? :geek:
гледам многу од вас одат на шопинг со татковците,блазе си ви вам...:/ јас секогаш на шопинг одам со мајка ми, со татко ми сама никогаш немам отидено, незнам зошто, не сум можеби толку блиска со него,жал ми е што е така,тоа е тоа...еднаш или два пати имам отидено да разгледувам патики кога бев малечка исто и мајка ми беше со нас...толку од шопингот со татко ми хаха
Не е мојот тато од тој тип на луѓе што ужива во шетање по продавници, ама затоа е најдарежливиот татко на светот, да не се малтретира човекот, ми ја дава кредитната картичка и двајцата сме среќни и задоволни Освен тоа подарежлив е од мајка ми, не ми поставува лимит колку смеам да потрошам...
Скоро секогаш одам со татко ми. Ми купува се што ми треба и знае да ми даде совет дали ми стои нешто убаво или не.
Татко ми единствено може да финансира зошто не знае да ми каже не, инаку сама си пазарам. Ама затоа дедо ми, од на татко ми страната многу сака да ме разгалува ем сум му последна внука ем се гледаме многу ретко па често знае да ми пушти поздрав со некое убаво парче облека или кога ќе го посетам ќе ме однесе на мал шопинг. Најубавите и најскапите парчиња ми ги има купено тој. Секогаш ми го погодува вкусот.
па и мама и тато се со вкус и секогаш знаат што е во тек и немам проблем со тато понекогаш ме советува што се носи а што не..