Штип

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од GarpovaV, 28 август 2011.

  1. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    2.552
    Баш во овие ноќни часови и несмееше да го спомнеш пица бурекот ;( .
    Јас стандард зад Туш на тие клупи покрај школото/градинката (што и да е), секогаш таму јадев.
    Е сега лиги ми течат. ;(

    И највеќе ја ценам и поштујем Везилка :bow: .
    Каква вечер поминав таму во лепо друштво, и жива музика која знае да те крене на нозе. А и храната знаат добро да ја подготват.

    Не сум многу била по кафани, зошто кога најдам некое добро место не се местам од таму, но со задоволство би отишла ако ми препорачате добра кафана, атмосфера, и храна.
    Минусирајте го Нецко зошто од таму сум многу разочарана.
     
    На Nati.P и Magnolija им се допаѓа ова.
  2. rak4estip

    rak4estip Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    186
    Summer beach festival не се пропушташе тоа беше нешто најдобро досега во штип бев 4 дена и стварно беше екстра тоа како да не се наогаш во штип искрено топ атмосвера
     
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    3.971
    Еј Каролајн, зашо не ти се допаѓа Нецко, познато е дека таму има највкусна храна. Можда не ти се погодило тогаш. Последен пат у Везилка бев претходното лето кога здраво се опивме со уште две другарки :D Јас одам у Бриони, храната е за никаде и јас не знам зошто одам ама летната тераса е мња. Не знам, некогаш имам желба за кафанче или биртија не можам да си најдам некоја по ќеф.

    А да, Самер бич фестивал беше јак. Колку ци*ки сум видела во базенчето охоооо :D Такви у филм сите, играт со водата, а момче, се и се гледа, се. Срцки бе! Само ногу гужва! Сабота, една пичка мичка позади мене игра, бута се, занесува се, а гребе ме со тоа небричените нозе. Треба ли да се тепам, шо? :D

    Еј, Класик е супер и ефтино местенце. Сите муштерии ги презеде од Казабланка.
     
    На TheCandy880, starbucks и caroline.costa им се допаѓа ова.
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.065
    Допаѓања:
    6.621
    Ајј да Класик колку е ефтино, 30 ден. едно кафе. :lol: Барем толку беше јас кога отидов уште кога го отворија. Само еднаш сум била, а баш сакам да одам на такви местенца, Пиано, Класик.. Ама нема со кој бе, никој нејќе да оде на тие места. |(
    Ептен имаше гужва, јас бев 3 дена само, сабота, недела и вчера. Како што ми кажуваа во петокот имало најубава журка. Бањат се во базенот, сликат се, филмат се, кој во балетанки, ниски сандали. Убаво беше.
    Да се надоврзам за Везилка. Многу е убаво, жива музика, убаво јадење. И ние бевме на вечера со класот и баш ми е криво што рано си отидев, оти презентирав проект наредниот ден. Супер си поминавме.

    Уште Трговскиот да го средат и ќе биде многу поличен градот.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nati.P

    Nati.P Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    1.970
    Допаѓања:
    784
    Морам да се согласам со caroline.costa за Везилка. Најубав провод имавме таму со мојата тазе цимерка која ја знаев само една недела. Нес кафето во Версај милини :inlove: , послатко од тоа немам пробано ми се чини. Тони Зен го слушав на Angels fm, свртевме круг и кај кафичот, ама таму фураат самопрогласени ВИП фаци, па местото баш и не ме привлекува многу многу. Паркот спроти полицијата секогаш полн, преку ден или навечер. Сутлакот исто. Од другата страна на реката, веднаш покрај полицијата имаш чувство дека одиш низ некој тунел (ова за мене си зборам), а посебно на есен кога има милион паднати лисја. Доживување - прва класа. Центарот целиот раскопан, ама ако :lol: за убавина и ќе потрпиме. Периферијата - тесни улички, сокачиња. Одредени делови од градот делуваат ептен збиено. А за луѓето не коментирам. Мислењата поделени. Знам арогантни и затрескани, сезнајковци, препотентни, ама сум налетала и на душички, во буквална смисла на зборот. Се наоѓа по некоја добра душа, не е се изгубено ;) Штипјани, немам ништо против вас, само споделувам искуства. Како и да е, потрошив добри 4-5 години таму, поради што градот едноставно ми прирасна за срце :) Да искоментирам и за трговскиот - под итно му треба реновирање. А тие тезгаџиите најдоле - што подалеку од таму. Ако прашаш за некое парче облека не те пуштаат да си одиш ако не го земеш. Лошо искуство со комши, сигурна сум дека повеќето го знаат. Се шетаме со дечко ми и прашувам за една маичка, па кога фати да ми ја покажува, ја врти, ја растегнува :D ама не ја земав. И ми вели, ќе ме запаметите вие мене, пак ќе се вратите :fubar: :fubar: Е во тие ситуации мене најмногу ме исполнуваат нивните „тажни“ фаци :rock: Ќе коментирам уште, ама ќе претерам со постов. Доста е :D :D
     
    На caroline.costa и Magnolija им се допаѓа ова.
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    3.971
    Најбош, глупо и тупо место за излегување ми било Ајс. Ајс и диџеј Ципи комбинација со Питбул. Па тооо! Поубаво у биртија, ќе пијам и ништо нема да осеќам од музика. И така само сме за муабет и храна... а ова е НЕИЗДРЖЛИВО!

    Скверо веќе ми стана силувано место, ама сум за Пијано и Џезо секогаш. Обожавам свирки и промаја!

    И лелеее, пуста јас, Попај го забравив! Огромна палачинка со еурокрем, банана и плазма кекс. Јадење- во дворчето позади Ескејп. Е ќе си умрам млада и среќна :D

    Nati.P на какви ВИП фази мислеш? :)
     
    На rak4estip и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  7. GarpovaV

    GarpovaV Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    993
    Допаѓања:
    1.950
    Пол:
    Женски
    Во Класик ги фалат сендвичите, ама немам јадено сеуште. Најефтино мислам дека е во Универзитетскиот, ама нема жива душа, за разлика од другите. Палачинките од Попај, па тоа да ти се слоше од еурокрем. :lol: И плус огромни се, цела нема шанси да изедам.
    Јас скоро секогаш одам пеш, живеам близу центарот и се‘ е тука.
    Суитлакот ми се ептен свиѓа, навечер едвај да најдеш место на ѕидот покрај реката да седнеш, за клупите не коментирам. Секогаш е полно.
    Луѓето нема да ги коментирам, секакви не‘ има.

    Едит: Е и мене ми се здосади пред некое време во Сутлакот па не одев, ама последните две вечери што отидов, се потсетив колку е/беше убаво. :D
     
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.065
    Допаѓања:
    6.621
    Леле Магнолија кај го спомна сеа Попај, па и паркчето позади Ескејп. :D

    Во Ајс се опив ненормално многу, срам ми е да кажувам. Џезо е многу убав, ама јас немам друштво за таму. :( Многу ми е криво што сакам да одам на места кај што другарките нејќат. Они само Лого, Нова понекогаш и тоа од другата страна на Версај, му го заборавив името. Во Скверо ич нејќам да одам.

    А морам да го пофалам и бурекот од Симонче, убав е , ама оној во Ребус е многу поубав. Има и една пекара кај промајата, М-десерт се вика, има многу вкусни кифли со крем.

    Во Универзитетскиот нема никаква хигиена, сестра ми беше на пракса, ужасно било во кујната, ама па во повеќето ресторани и кафани е така.

    Мене искрено ми здосади од Сутлакот, ретко одам сега.
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nati.P

    Nati.P Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    1.970
    Допаѓања:
    784
    :D ВИП фаци, во смисла мама и тато имаат пари и познато име во градот, па јас ќе им ги трошам парите, ќе излегувам во Angels, што автоматски ме прави вип фаца. Или, имам оригинал патики адидас и сум вип фаца, а ние вип фаците излегуваме во Angels (ова ми го имаат речено у фаца). На такви џаболебари мислев. Инаку местото како место е супер, сум била еднаш два пати, со оглед на фактот што ми се гади од такви мамини синови и татини принцези. И да, заборавив да го спомнам и џезот, добри свирки имаат. А едно време се растерети гужвата во дискотеките, кога го отворија Балкан, па Мистик. Ама сега пак иста песна - стариот добар Ice :D :D
     
  10. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    2.552
    Епа јас зошто немам во Енџелс отидено. Таму одат нафураните шмизли, и штипските кремци. Оваа фраза дури од штипјани произлезе :lol: .

    Во Џезо и мене ми се допаѓа, така најопуштено ми е со музиката во позадина. Мирно, и мислам дека баш таму никој не се замара со тебе како повеќето штипјани во другите кафичи.
    А во Класик бев неколку пати, и сендвичите им се врв! Внатре преполнети со сенешто и огромни колку една тепција :D . Цел дефинитивно неможеш да изедеш.

    А да ве прашам, имате јадено во мексиканската сендвичара? Таа спроти Хамби?

    И кај заборавив да го спомнам Даблин. Таму ми е преубаво. Музиката ме опушта, така мирна атмосфера, и мартини во рака. Таму најубавото мартини го имам пробано, заедно со декорацијата.
    Мх, мх, милина.
     
  11. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    3.971
    Не бе дечки, не мислите така. Јас излегувам у Енџелс па знаеме си се кој сме, што сме :D И пишав претходно дека сето е само трипање, мислам ова е Штип :!: А мама и тато кога ти ги даваат парите, не ти кажуват кај ќе одеш. :lol: Друг пат, не вака!
     
  12. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    1.253
    ах Штип, град во кој можете да видите и почувствувате се, новиот студентски град
    Веќе 3 години седам таму под кирија, затоа што таму сум на факултет.
    еве некои мои гледања врз градот:
    Луѓето - барем голем дел од оние јас што сум ги запознала и се декларирале како штипјани, арогантни и злобни, користољубиви. Многу ги потценуваат оние кои се дојдени да студираат, односно кои се од други градови од не знам која причина (особено машкиот дел) и мислат животна цел ни е да се омажиме со некој штипјанец и може кога сака да не има :fubar:
    Женските - повеќето се дотерани, некои и премногу што оди накај кичесто. Доживеав да видам на Исарот девојки во штикли :D :D
    Места за излегување:
    омилено место - Џезот, најопуштеното, најдобра музика, луѓето не се преоптератуваат со кој, што и како е облечен..
    Мистик - обично одат стари ергени и манијачат студентки,
    Ајс - местото кај што им одат "вип фаците" барем така ми беше опишано од некои штипјани кога отидов во 1 година, и кога отидов многу работи. Гужва преку глава, истите луѓе одат и на рок и на поп и кога дј пушта музика а богами и на турбо фолк :D
    Анџелс - се согласувам со рекламата ново урбано место, ми се допаѓа :D
    Балкан - самото име си кажува :D
    Најдобри тостови Бамби ама во тоа кај плоштадот што е :!:
     
  13. Nati.P

    Nati.P Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    1.970
    Допаѓања:
    784
    Velesanka ме насмеа со штиклите :rofl: инаку и јас имам забележано дека дури и таму одат со штикли. А скали колку ти душа сака. Како само издржуваат до горе во нив. Ама сакаат да се по модата бе :D :D
     
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    12.461
    Пол:
    Женски
    Во Штип, со дечко ми еднаш само со кола поминавме низ него.
    И еднаш бевме со дечко ми на вечерна свадба.
    и толку...така да неможам да речам ништо.
     
  15. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.065
    Допаѓања:
    6.621
    Оваа година Пастрамајлијадата ќе се одржи на новиот плоштад, кој ќе биде официјално пуштен тогаш.
    Гости ќе бидат Суперхикс, а се преговара и за Џорџе Балашевиќ. Сигурно дека ќе има и други гости. Останува само да ја кажат точната дата.
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. GarpovaV

    GarpovaV Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    993
    Допаѓања:
    1.950
    Пол:
    Женски
    Да, да.
    Денес имало состанок со угостителите. Они сакале на едносмерната да биде, ама ништо. За цената на пастрамајлиите тражеле 120 денари. :o Ако бидат минијатурни како лани, малце ќе е претерана оваа цена, ама ќе видиме има време.
    Надевам се оваа година на подобри пеачи од лани. Добри се Суперхикс, да го уговорат Џорџе и уште некои други, ќе биде супер. Искрено едвај чекам, ногу рано оваа година.
     
  17. Nati.P

    Nati.P Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    1.970
    Допаѓања:
    784
    Абе супер си беше првата година, ако не се лажам беа по 50 денари. А лани ги качија на 100, сега сакаат 120. Па подобро ќе седнам некаде и за 150 денари ќе се најадам како што треба, а не за толку мала пастрмајлија да им давам 120. А инаку добро е ова, се раздвижува градот, луѓе доаѓаат од секаде, барем од поблиските места. Само лани беше многу ладно, се смрзнавме првата вечер :D
     
  18. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.271
    Допаѓања:
    2.552
    Кои датуми ќе се одржува оваа година пастрамајлијадата?
     
  19. GarpovaV

    GarpovaV Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    993
    Допаѓања:
    1.950
    Пол:
    Женски
    Последниот викенд од овој месец 28, 29 и 30 Септември на плоштадот.
     
  20. GarpovaV

    GarpovaV Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    993
    Допаѓања:
    1.950
    Пол:
    Женски

Сподели ја оваа страница