Еден друга им приоѓа вчера на група девојки што не ги знае, а тие зачудено го пегледнаа и го прашаа кој е тој, а тој им одговори "Па јас сум Сашо" , а он уствари се вика ... ај нема да кажам
Денес ме пресмеа една продавачка во Еликсир. Влегувам и одма ми се залепи (а многу мразам така, може само да праша дали треба помош и готово). И викам Разгледувам бронзери, ми треба некој што не удира на портокалово. Девојката почна да ми покажува прво розеви ружеви, а после и хајлајтери и ми вика Овие бронзери ни се нови, еве имаш на розевко, на крам... Не знам дали стварно не знаеше кое од тие што е, или мене пробуваше да ме смота, во секој случај ми беше и непријатно и смешно.
Не денес ама пред некој ден, гледам на ТВ даваат реклама за 3-то дете, прво женава зборува како првпат се заљубила во мажот ѝ во 3-то одделение па го зборела со другарките и бла бла бла, затруднела и сега има три деца(за млаце ме трогна приказнава, таква љубовна приказна немам чуено, ни браќата Грим не напишале таква, само солза што не пуштив). Завршува се и на крај пишува "имајте 3-то дете за да бидете поблиску до Бога" , ме стави во мисла и си викам што ќе се деси ако имам 6,9 дури и 12 деца?
Баш сега приметив, на Навалица ја ставиле мојата слика, јас што ја направив. Некој од нив изгледа добро е активен на феминава. Ако де, нека ја стават, не се лутам http://www.navalica.com/kade-za-nova-g/