Еднаш, еден маж кој веќе бил во брак имал љубовница од Италија. Еден ден, таа му рекла дека е бремена. Мажот не сакал да си ја уништи репутацијата ниту долгогодишниот брак, па ја замолил својата љубовница да се врати назад во Италија и детето да го роди во тајност. Ѝ ветил дека парично ќе се грижи за детето, сè додека не наполни 18 години. Жената се согласила да си замине и го прашала како да му потврди дека детето е родено. Мажот ја замолил да му испрати разгледница со зборот „шпагети“ кога ќе се породи. Се збогувале, а љубовницата се вратила назад во Италија. Поминале 9 месеци... Една вечер, кога мажот се вратил дома, наишол на неговата сопруга со широко отворени очи кои прашално гледаат право во него. „Злато, денес добивме многу чудна разгледница“ - рекла сопругата. „Интересно... Дај ми да ја видам“ - одговорил мажот. Сопругата му ја донела разгледницата и ја следела неговата реакција. Човекот, најпрво прочитал неколку редови од кои неговото лице пребледело, а потоа се онесвестил. На разгледницата пишувало: „Шпагети, шпагети, шпагети , шпагети , шпагети . Три со топчиња од месо, две без. Те молам испрати повеќе сос...“
https://media.giphy.com/media/jYcDCH2OuqVhK/giphy.gif Не само што ме насмеа,туку и ми го разубави цел ден
една жена ме застана и ми рече дека сум била многу убава, тоа ме насмеа , и не само што ме насмеа и ми ја покачи самодовербата, фала и