па вака... прво да ви кажам дека ме изнасмејавте со сликата дека можеби не се секава дека родила дете ... потоа да ви кажам вака: на почетокот главната глумица има само една врена пријателка која секогаш е дебела и погрда од главната улога... секогаш има некоја лоша ама после на крај, кога ке завршат со одмаздите и неможе да им текне некоја друга сопка за непријателката, решаваат така по 300 епизоди дека они треба да бидат најдобри другарки.. и после тоа дебелката другарка малку се лути ама сите си живеат среќно! а што се однесува до љубовниот живот на главната глумица, уште од почеток знаеме со кој ќе заврши... значи, она во 1та епизода е слугинка, со една пријателка и животот не и е исполнет со љубов секако зошто мајка и и татко и ја оставиле и она е посвоенаа -ако е богата.. а ако не е нејзините родители биле предобри ама починале и она немала никој на светов.. и тогаш сите можни гледачи почнуваат да плачат ...
Секогаш слугинката што работи во богатата куќа и не е прифатена испаѓа на крај дека тие и се вистински родители ама ја дале на посвојување
... .....лелеле,зарем од шпанските серии сме дошле нешто да научиме?????тешко на нас ако е така.. .... .. ..интересни се за пензионерките кои седат цел ден дома и просто ги голтаат епизода по епизода.... ....јас онака на моменти кога менував канали ги имам прогледано....ама толку прости работи има,силувања.тепачки,убиства,така да не вреди ни да се погледне а пак камоли да ги пратиш..... ... ..сите тиа работи толку ги имаме реално околу нас што нема потреба да учиме или да ги гледаме од овој или оној. плус...
1.Дека Франческа Летисија Ангелина Камила Каталина Емануела и Едуардо Педро Диего Родригез Хозе се најголеми непријатели и на крај стануваат маж и жена. 2.Габриела Есперанса Евелида Грацијана е бездомник во 1ва епизода,а во 200та више живее во куќа на 5 спрата(у меџувремену си ги нашла родителите и дознала дека најголемиот непријател и е брат или евентуално татко,се испокарала со сите другарки и на сите им го земала дечкото,родила 7,8 деца и посвоила 10),има сметка од 100000000000 евра во банка и сите зависат од неа.И толку И да,обавезно некоја паѓа по скали
Аааххх,да обавезно има некоја трудна што ќе падне по скали па така ќе го роди бебето,па ќе го изгуби памтењето,па после 5 години ќе дознаат дека и го смениле бебето во болница,па она ќе го бара,итн..
Јас научив шпански јазик. (Сега многу убавo зборувам -.-) Од серии ништо не може да се научи според мене, освен да се самоубиеш или да убиеш човек.
Дека наскоро може да дознаеме дека сами на себе сме мајка и татко,а дека всуштост таа што сме мислеле дека ни е мајка ни била золва
Дека никогаш не се знае која ти е вистинска мајка, ако ја имаш не е со сите, татко ти дека е хуман човек и жени некоја што останала трудна случајно, дека имаш неколку братчиња и сестрички на страна, што ги запознаваш по 20 години, сите од сиромашни преку ноќ се збогатуваат. најјакото, кога ќе се исплашиш прстот на вилица и чукај во дрво.
Сите серии се исти ете тоа научив. секогаш е една сиромашна убава девојка во која заљубува најубавиот и најбогатиот од градот. па сакат да се венчат мајка му не ја прифака нели сака да го даде синот за некоја од нивно ниво за која тој не сака ни да чуе. па така мајка му и богатата ке застанат заедно да ги разделат и кога ке имат дете или ке им го украдат или ке биде заменето па тие да се разделат. После таа од главните улоги ке и го спаси животот на мајка му така таа ке ја засака и ке ја прифати па ке се дознае дека богатата сакала да ја убие... .. и во секоја серија оди некој во затвор заради вина на друг и не се ни спротиставуват туку си седат мирни и си чекат да дојде судењето. Итннн... ме нервират не знам како сум можела да ги гледам.
-Бремени ќе се половина филм ( по наше цела година ) и на крај ќе кажат дека се породила на 7 месеци. -Или пак обавезно има компликација па мора да се избира мајката или бебето, па го избираат бебето, и на крај се случува ЧУДО и остануваат и мајката и бебето живи... па потоа има киднапирање на бебето... и ондак то, ќе го најдат здраво и живо па една прегратка на крај. FIN