Какво столче за хранење имате вие? Ние вчера разгледувавме низ нет , па бев по продавниците и решив да земам од Чиполино. Не ми се дава искрено премногу пари ( гледам на Чико се околу 8000 ) бидејки за толку кратко време мислам дека не вреди. Купивме инаку вакво
И јас имам во план да земам,мислам дека е добра работа за да не се напрегаш да ги држеш во раце,а не пак јас со две
од колку до колку пари се движат овие столчиња и колку ви користат... за нас оште има време да размислуваме за столче ама сепак да сум информирана на време
Зависи, можеш да најдеш од 1500ден. па до бескрај... Јас го користам веќе неколку месеци, ја навикнав малата и сега не сака да јади ако не е седната во него...
Нашето го добивме на подарок, инаку од Chipolino Обрнете внимание столчето да има барем две тркалца, полесно е за движење нали кога детето е седнато
овие се доста удобни. не ви треба столче за хранење со куп екстри, со тркалца, со музика, со екран за гледање филми, со крилја за летање... потребно ви е просто столче за хранење со придржање да не бега и масичка пред него!
Луѓе да ве прашам, дали ви се практични дрвените столчиња за хранење за тие што имате такви? Јас имам такво добиено на подарок,детето ми има 6 месеци, ама искрено не ми е многу практично барем засега, нема како да го врзеш детето и е на 90 степени скоро...
Јас имав дрвено за првото, и не се сеќавам да сум имала некој проблем, ама релативно мирно беше детето. Седеше во него доста време, па после го користевме како мала масичка со столче, всушност уште така го користиме, а го имаме повеќе од 7 години. За второто сепак имавме едно пластично од Икеа, евтино и едноставно, а практично. Полесно е и за одржување, делот што личи на послужавник се вади и може да се измие убаво. Ова е многу помало, па го користевме помалку време.
Ние вакво купивме како на Ариел од Икеа и баш ни е практично . Малата супер си седи во него . лесно се чисти , супер за парите Беше многу ефтино со се перничето ни излезе 16 евра
ние пред една недела задовме вакво 3000 ден е сака да јади во него и мене ми е многу полесно. не е ништо посебно ама за парите арно е
Ние имаме на Бертони, околу 3-4000 беше, секојдневно се употребува, ќерка ми јаде во него сеуште, се надевам ќе ја намолам да дозволи и малиов да го употребува Почнавме да го употребуваме уште од кога почна да седи, ќе ја врзев и ја ставав до мене, јас си работев во кујна и и правев муабет, а таа ме гледаше, си играше и бркавме работа
па зависи какво столче имаш и од кога имаш почнато со прихрана. има столчиња што се прават во полу лежечка положба ама се поскапи. јас дури не купив столче во релаксатор го ранев
И јас за второто го купив истово столче и сум презадоволна.Добро е дека одма се мие во када и не остануваат флеки,а и длабочината е супер што пак му оневозможува на бебето да падне.Мене ми се допаѓа и тоа што е исклучително стабилно,па бебето колку и да мрда не може да се преврти со столот.Јас го корисатам од 7 месеци и сигурно ќе го користам до 2 години.Во однос на цена и квалитет ова е најдобро .
Деновиве сакам да земам столче за хранење се двоумам меѓу дрвено и едно од енци менци видов незнам колку е практично ако има некој користено нека пише какво искуство има . Еве слика
јас мислам дека не се практични, треба на стол да го ставиш и мислам дека ќе треба да се наведнуваш да го раниш.за таа цена можиш нормално столче да најдиш, мислам повеќе ќе ти користи
https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... =3&theater ние го имаме овој модел иако е едноставно но мн практично лесно за одржавање не зафаќа место супер си го користиме