1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Cheesecake

Дискусија во 'Рецепти' започната од nena2010, 6 август 2011.

  1. gjorginadimovska

    gjorginadimovska Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Јас не знам рецепти баш баш :) ама затоа знам каде да си купам омилени ствари :))
    Чизкејк из мај фејворит!! А по ново чоколаден чизјкејк ми е по фејворит... :)
    Еве каде да си купиш http://simplydelicious.mk/en/categories/Cakes
     
  2. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    ^
    А цените им се толку солени, што ни сирење не им е рамно! :fubar:

    Кога влегов првиот (и последен) пат, кога ја видов тортичката, не торта, тортенченце. Излогот им е празен па марак и 15 торти да наредат.

    600 денари за тоа ќе ги плачам, ќе ги жалам како што ни дедо ми не сум го плачела (Бог да го прости)
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.336
    Леле, пробав чоколаден чизкејк од овие симпли делишс, уф, екстаза!
    Ако има некој рецепт, молам да го сподели, ќе почнам да го сонувам!
     
  4. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.336
    Не издржа срце јуначко, го направив :D

    Главно по рецептот од Анат, само во белиот фил додадов 150 г. топена чоколада, и не ставив овошна глазура. И да, не ставив желатин во филот затоа што ми се чинеше дека го утнав, беше течен, и дури откако завршив со се видов дека се стегнал :D Ама нема врска, за домашна употреба ми е, можеби нема да се сече лесно, ама знам дека ќе биде вкусен, ги изгребав остатоците од сите садови за матење :D
    Не сум го пробала уште, поубав е кога ќе помине некое време, па ќе почекам до утре... ако не станам сред ноќ да пробам :D

    Инаку направив половина доза, за ден-два ќе направам уште половина, ама не чоколаден, туку по оригиналниот рецепт од Анат.
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.336
    Чоколадниот чизкејк излезе супер, само можеби треба да се стави мааалку помалку шеќер, бидејќи е поблаг од растопеното чоколадо.

    Јас имам мака со желатинот, никако да го направам како што треба.
    Кога го правев чоколадниот чизкејк не направив бидејќи ми личеше редок, а во меѓувреме се стврднав.
    Кога правев обичен, направив желатин, ама многу беше густ, не се матеше со миксер.

    А без желатин не е доволно цврст филот, и потешко се сече.

    Ако може кратка лекција за желатинот, би била многу благодарна - колку време се вари и дали се става во ладна или во топла вода - и тој за филот, и тој со замрзнатото овошје.
     
    На Espadrila му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.992
    Пол:
    Женски
    Ariel, желатинот секогаш се меша со ладна вода - впрочем, како и се' друго, прашкасто (прашок за пудинг, брашно, мелен ориз, итн.). Со ладна вода не се прават грутчиња во смесата, што е многу важно.

    Е сега, некаде имам читано дека желатинот може така разматен да се додаде во кремот, а во рецептот пишуваше да се свари до вриење, ама да не врие, оти ќе се затести. Колку време ќе треба, зависи на што готвиш - со плин е многу брзо, на струја нешто побавно :) И се меша додека се лади, барем јас така правев. Ама ретко користам желатин, освен во cheese cake, а ќе почнам и во тирамису, оти маскарпонето е мноооогу течно (барем ова на Z'bregov), и цел фил ми се разлеваше.
     
    На Antebellum и Ariel им се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.336
    И јас маскрапоне користев, со тоа што првиот пат имав ставено повеќе слатка павлака, па беше релативно ок, а вториот пат беше многу течно, особено што се најде помеѓу овошниот микс на која му ставив повеќе желатин - па прилично се стегна, и тестото со плазма, кое исто так ами беше доста цврсто.

    Мајка ми купила некоја несолена урда, па ќе пробам и со тоа, да видам што ќе излезе...
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.992
    Пол:
    Женски
    Италијанците доста често користат и рикота сирење, тоа е некој еквивалент на урдата, па со неа сигурно нема да погрешиш. Само треба да ја матиш подолго време за да стане мазна како крем сирење :)
    Инаку тестото со плазма треба да биде цврсто, баш како кора, а за кремот јас не користам многу слатка павлака бидејќи не ја сакам многу, многу, ми мириса чудно. А за чизкејкот зедов АБЦ крем сирење :)
     
    На Antebellum и Ariel им се допаѓа ова.
  9. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Пробав кај дечко ми домашен чиз кејк, искрено не знаев за што станува збор, па после прочитав ваму(се едуцирав :lol: ), убав беше, но повторно не би јадела.
    Тогаш ми беше вкусен веројатно поради преголемата желба и потреба за благо, но кога ќе се сетам и не е така благо, страшно измешани вкусови :?:
    Секоја чест за оние кои можат редовно да го конзумираат ,јас не сум баш љубител на такви неодредени вкусови :clap:
     
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.118
    Пол:
    Женски
    Само да кажам мое искуство, имам пробано и со маскарпоне и со несолена урда и со урдата имаше пооргинален вкус на чизкејк и доста повкусна...
    Барем мене ми беше така поубава.
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mila77

    Mila77 Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.784
    Допаѓања:
    131.336
    Јас го правев со несолена урда, ама воопшто не ми се допаѓа, а ни на другите кои го пробаа. Среќа направив пола доза.
    Следниот пат само маскрапоне - скапо, ама вкусно.
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Во најскоро можно време ќе го направам по овој рецепт, го меркам одамна.
    Плус, според обликот и изгледот некако најблиску ми е до оригиналниот чизкејк.
    http://sitnoseckano.blogspot.com/2009/1 ... ecake.html
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.992
    Пол:
    Женски
    ^^И јас ќе го пробам ова. Има на блогов добри рецепти. Туку, Ариел, не мора само со маскарпоне, може и со било какво крем сирење, само да не е многу солено :)
     
  15. Obu

    Obu Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Мојот ЧизКејк изгледа вака:
    Подлога: 600 гр. мелени бисквити се мешаат со една коцка маргарин и се додава малку фанта за да може убаво да се оформи ,,тестото,, за подлогата.
    Фил: Во еден сад се мати со миксер 1л. хопла со 200 гр. шеќер во прав.Во друг сад се мати 1/2 кг. кајмак(по можност шабачки, има паковања од по 250гр.) и потоа се додава на хоплата.
    Прелив: 600 гр. овошје по желба (вишни, капини, малини, јагоди...), 10 лажици шеќер и две кесички желатин.
    На подлогата се става филот, а преливот се става откако ќе исечете парче,на парчето.
    Формата на ЧизКејкот според мене најдобро е да биде правоаголна,бидеќи така најлесно се сече.
    Многу е лесен рецептов за правење и брзо се прави, проблемот е да дочекате да не пробате додека убаво не се олади :Р
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    19.067
    Пол:
    Женски
    Леле, многу сакам да си направам. Имам пробано два пати да направам, ама некако не можев да најдам несолено крем сирење, па затоа ставав по многу малку, и идеше како само со слатка павлака да е правено. Не дека не беше вкусно, ама сепак, чизкејк си е чизкејк. Кога бев во Англија беше многу евтино, по една фунта (околу 75 ден) беше да си купиш замрзната чизкејк од супермаркет, имаше секакви вкусови, и четири порции излегуваа од неа, кога јадев како во рајот се осеќав, до толку беше убава :) Ај кажете кое крем сирење најчесто го купувате за чизкејк, да не згрешам пак :)
     
  17. Obu

    Obu Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Пишав горе, јас користам кајмак шабачки има паковања по 250 гр.
     
  18. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    мојот рецепт е сличен како оној на ОБУ. со таа разлика што јас не ставам скоро никаде шеќер бидејќи самата хопла и плазмата се благички :) Значи имаш

    подлога 300гр мелена плазма , 1 маргарин и 5 големи лажици млеко.маргаринот се мати со млекото се додава плазмата и сето тоа убаво се меша. ако е сува смесата се додава малку млеко .
    крем 500гр меггле хопла се мати и се додава А ЛА кајмак 250гр од шабачка млекара.(види фото) сето тоа се промешува и се става врз развлечената кора од плазма .
    прелив за преливот може да користите секаков вид на шумско овошје пр. капини (оние замрзнатите од тинекс) ги ставате на оган во тенџерче со шеќер убаво да се растопат.настрана го правите желатинот и кога ќе се оладат капините го ставате желатинот.
    овој прелив го ставате на крај...

    тадам за 30мин освен ладењето на преливот, имате превкусна тортаааа

    ја обожавам :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Antebellum, Moira и Peppermint им се допаѓа ова.
  19. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399
    Мајка ми е ОГРОМЕН љубител на чизкејк, во среда и е роденден и сакам баш ова да и биде роденденска торта :))) Одамна се канам да и го направам, ама постојано ми вели ние немаме тавче што се отвара од страните ќе се испозалепи цело, па сакам да ве прашам дали Вие печете во такво тавче што се отвора од страните или едноставно си го мачкате тавчето со маргарин и не ви се лепи.... И одприлика колкаво тавче и колкава доаѓа торта од една доза? :)
     
  20. Ale.Ambrosio4

    Ale.Ambrosio4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    48
    Феминки еве и јас ќе ја оставам мојата рецепта од чизкејк. Мене многу ми е вкусна, скоро слична како американската. Баш би сакала некоја од вас да ја направи и да напише на форумов како испаднала :D

    Потребни состојки:
    -500 грама бисквити (Плазма мелени ама може и други)
    -150 грама путер (несолен)
    -50 грама лешници
    -50 грама ораси
    -250 грама шеќер во прав
    -500 грама крем сирење (јас користам Маскарпоне. Го има во Тинекс и Веро околу 240 денари е)
    -100 грама кисела павлака
    -2 супени лажици екстракт од ванила
    -2 супени лажици брашно
    -3 јајца
    -1 кесичка шлаг пена

    Подлога
    Путерот се растопува и се чека малку да се олади. Ги ставам бисквитите, орасите, лешниците и 50 грама шеќер. Сето тоа го мешам и го ставам како подлога во тенџере за чизкејк. Потоа тоа го ставам во шпорет на 100 степени/30 минути. Потоа се вади и се чека да се олади. Откако ќе се олади се става фолија околу тенџeрето.

    [​IMG]

    Рерната ја загреваме на 175 степени. На шпорет загреваме и 1 литро вода (незовриена).


    Тесто
    3 јајца се матат со миксер. Полека се додава шеќерот (200 грама), 2 лажици екстракт од ванила, 2 супени лажици брашно, маскарпоне и павлаката. Се мати околу 5 минути. Тоа го истураме во тенџерето каде што ја ставивме подлогата.


    Тенџерето со тортата го ставаме во една голема тава. Таму ја истураме врелата вода. Печеме 2 часа на 175 степени.

    [​IMG]

    Уште 1 час тортата стои во шпоретот да се олади. После ја вадиме и ја ставам во фрижидер уште 12 часа.

    Откако ќе поминат тие 12 часа јас ставам шлаг пена. Може да комбинирате и со уште ораси, кокос, лешници (сето тоа по избор).

    [​IMG]