Солзичке постојат два вида чизкејк - со печење т.н. Њујоркшка чизкејк торта (или уште се нарекува класична чизкејк торта) и без печење т.н. Европска или Италијанска чизкејк торта. Квалитетот на целата торта зависи од сирењето кое е употребувано. Треба што поквалитетно несолено младо сирење. Доколку не можеш да најдеш такво низ маркетите, тогаш најдобра замена е Филаделфија сирењето. Маскарпонето се користи за тирамису, а не за чизкејк (впрочем на самата опаковка од Маскарпонето кое се продава во Македонија има тирамису). Кајмакот е премрсен (и пресолен) и со тоа колачот станува калориска бомба. Некои го подготвуваат и со абц, меѓутоа на тој начин ќе има мала солена нишка која чизкејкот не треба да ја има. Доколку го подготвувате со абц, тогаш може да се додаде околу 200 грама маскарпоне за да се подобри текстурата. Бисквитот т.н. crust се прави со квалитетни чајни бисквити или со graham крекери и путер (никако маргарин). Маргаринот кога ќе го стопите дава вкус кој ќе го надвладее вкусот на крекерите. По потреба може и две лажици кафеав шеќер.
Прашање на вкус е за тоа која е повкусна, мене лично поубава ми е печена чиз-кејк, бидејќи аромите и специфичниот вкус се интензивираат, додека непечената ми е како обична торта со многу фил, и не ми е тоа тоа што сакам. Останува да си пробаш на двата начина па да си видиш која повеќе ќе ти одговара. Мој совет, да ја пробаш прво класичната чиз кејк со печење. Рецепти има многу, види кој ти фаќа око, некој полесен ко за прв пат...
Конечно се решив и направив чизкејк според овој рецепт http://sitnoseckano.blogspot.com/2009/1 ... ecake.html ...и испадна превкусно мммммм немам зборови, иако очекував дека прв пат и нешто да се зафркне ко стално ама не фала богу. За прелив си зедов замрзнато овошје , микс, му ставив и желатин абе се супер испадна еве и сликав. Малку само ми распука филот ама дека малку порано го извадив од рерна, али пак го вратив на 5 минути. И ако го правите според овој рецепт, ви препорачувам наместо толчени бисквити да земете мелена плазма, ем побкусно ем нема да се рони тестото.
Не знам историја. Еднаш бев во Германија во тамошна позната слаткара, и главниот ни објаснуваше се за Чиз Кејк, до детали, ние слушавме и јадевме. И повкусна од таа торта никаде немам јадено. Сум пробала многу чиз кејк потоа, ама ниедна не може да се мери со таа.
Дали јас сум единствена на која не и се допаѓа ова чизкејков? Сум пробала еднаш и воопшто не ми се допаѓаше, ептен чуден вкус имаше.
Не си единствена. Јас само таа една ја пофалив, иначе секаде каде сум пробала буквално ми се . Некој измешан вкус имале, солено, кисело, благо... Ама ете толку е исфорсирана, па се залетуваме како којзнае што торта да е.
Општи прашања Еве нешто за сите љубителки на чизкејк, чудни ми ти чуда од убавини. http://www.pinterest.com/nillawafers/ha ... ecake-day/
тоа е и зошто е посебно да се осетат повеќе вкусови во еден ист момент,затоа е и посебен,но не е ич вкусен
Девојки каде можам да купам cheeese cake во Скопје? Препорачајте ми некои места кај што ви била убава (мене секако не ми е, но на дечко ми многу му се допаѓа па сакам да го изненадам).. Во неколку слаткарници прашував и немаа..
NY cheese cake не е лоша.. имам пробано разни, ама не ми се ништо посебно на вкус.. си сакам јас класична торта )
ве читам дека не ви се свиѓа и ви се чудам јас обожавам, да можам секој ден ќе јадам иначе мисс666 мислам дека во палма треба да има
Во "Специјал" мене ми е убава со јагода таа. И во "Мекиците од стража" знам дека има,ама не сум пробала од таму....
Кога живеев во Њујорк јадев неколку пати и ОК ми беше. Сега дали дека не е правен со истите состојки или едноставно организмот не ми го поднесува, ич не го сакам.
Можеби тука во МКД, и САД не е исто па затоа,а и едно е ове ,дуго е таму.Во суштина каде ќе го пробаш прво,а ти се допадне многу на другото место нема да биде толку вкусно.
Сакам да направам чизкејк дома, ама сакам да го погодам или барем приближно како оној во "Anja".. Некој рецепт таков да ми излезе.. ??
Да се пофалам мама најде еден рецпет на нет и веќе неколку пати ја има напраено и ее преуба. Нареден пат со мене ќе ја прај, ќефој сум. Омилена торта ми е.