Cin 2

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од simona.a, 23 март 2010.

  1. rennata

    rennata Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0

    завршив работа.све помина како треба,сега сум дома,одмарам.се трудам да бидам умна :rofl: поздрав!
     
  2. mmmiii

    mmmiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    здраво
    сакам да ве прашам ако некој имал исто искуство како моево да ми помогне.
    ми дијагностицираа со биопсија цин 2 и негативен хпв односно нискоризичен дека кај нас нискоризичните не се дијагностицирале.кај едниот гинеколог кај што бев одма ми предложи ласер,отидов кај друг ми рече да почекаме и пак да направиме пап после некој месец бидејки му се чинеше дека ке има потреба за конизација.проблемот е тоа што јас немам родено не ни планирам во скоро време а тоа со конизацијата ми е премногу деликатен случај.дали некој имал слично искуство како моево?фала многу
     
  3. medce

    medce Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Позз девојки. Еве читајќи ги вашите проблеми, па да ви го кажам и мојот. Пред 8 месеци на папот ми покажа цин1 и кандида со хпв, ама не знаев кој степен е. По 2 месеци отидов во Систина, ми направија пап и пак покажа цин1, ама бактеријата си ја имав и др-Темелковски ми даде вагиналети гинекс форте. По 2 недели во Штип ми зедоа брисеви и немаше ни бактерија, ни хпв, само цинот. Се беше ок се до јануари, отидов да видам до каде сме и страшно. Освен цин1 сега имав бактерија уреаплазма и хпв високо ризичен51. Ми направија биопсија без анестезија која многу болеше, и сега во државна разговарав со др-Тантуровски и ми рече да оставам сега така, само да престанам да пушам и да го зајакнам имунитетот, па да се видиме за 4 месеци да направиме комплетен преглед. А во Систина докторот ми рече да одам што е порано тоа подобро да го отстраниле ласерски, додека пак овој во Штип ми рече дека се додека е високо ризичен хпв и да ме прават ласерски, има 98% можност пак да се повтори. Ајде биди паметен, па знај што да правиш.
     
  4. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    96
    девојки, нова сум на форумов, ги читав вашите проблеми и сакам да ве прашам во врска со мојот проблем. пред година ипол правев пап тест и имав наод хпв, наредниот пат после 6 месеци правев повторно и имав хпв и цин1.имав кондиломи, за кои докторот рече дека најверојатно се предизвикани од нискоризичен хпв 6. ги третиравме со спреј глизиген и вагиналети гинекс форте и се повлекоа. налик немаше повеќе никакви проблеми. но, сега кога отидов повторно да се проверам, имам наод цин2 :( сакам да ве прашам дали некоја од вас имала вакво или слично искуство. навистина внимавав и на исхрана и на имунитет... и повторно влошена состојба од претходната :sweat: дали цин 2 ми е од истиот хпв 6 или има шанси да имам и некој повисоко ризичен?
    треба да одам на хпв типизација и на хистолошка верификација следната недела, но не можам да издржам во не информираност до тогаш... ве молам за ваше мислење, однапред ви благодарам :)
     
  5. bigfish

    bigfish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    23
    хпв6, цин2...

    знам дека се работи на имунитетот се пијат многу вит Ц, селен, екомер и обично Цин 1 сам се повлекува за ЦИН 2 незнам дали се повлекува.обично коига има некој ХПв бирус се прави и ткивна типизација и таа е поверодостојна., конизација на грлото на матката.не се секирај се се средува само не оставај да помине многу време, гледај что поскоро да го завршиш тоа. ти посакувам среќа и што побрзо да се оттарасиш од нив.
     
  6. rennata

    rennata Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    поздрав aquarius 34.
    јас правев конизација од како ми утврдија цин2.негде у февруари.
    верувам дека си внимавала на имунитетот и исхраната,меѓутоа изгледа дека има уште нешто.јас сум човек што од секогаш внимавал на тоа,здрава храна,јакнење на имунитет,и успеав за 4 месеци од еден добар пап тест да стигнам пап тест со цин 2.
     
  7. aquarius34

    aquarius34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    96
    :(((( а што би било тоа уште нешто :(( аман веќе
     
  8. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    25
    aquarius 34. очигледно дека не било доволно тоа наверојатно требало некои појаки таблети за имунитет јас имам хпв со многу ниска концентација и не бесе доволно да се направи типизација а немав ни цин промени но сепак ми ги дадоа нај јаките таблети за имунитет биобрен разговарај со гинекологот нема игранје со хпв
     
  9. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    4.489
    Пол:
    Женски
    За имунитет мене докторката ми рече да пијам..Колострум,селен,цинк,матичен млеч.Имунатце јас неможам да ги пијам ме боли желудник и ми се повраќа од нив :worried: а како и да е за имунитет најдобри биле Колострумот.
     
  10. kumanovce

    kumanovce Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    цин 2 алое вера,А-beta care и алое вера прополис крем

    ми открија цин 2 и ми дадоа алое вера гел,А-beta care и алое вера прополис крема,а за неколку дена ке одам и на биопсија ,дали некој знае нешто повеќе за ова? ве молам сподлетего тоа со мене поздрав
     
  11. HplsRomantic

    HplsRomantic Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    21
    Нова сум на форумов, но сакав да го споделам и моето искуство со вас. Мене ми се појави хпв и за време од два месеци преминав на цин 2 и покрај тоа што пиев секакви таблети за имунитет, вклучувајќи и витамини и вагиналети. Се извадив од памет, нормално. Правев типизација и испадна високоризичен тип - 31, правев и брисеви и ми најдоа две бактерии : уреаплазма и гарднерела вагиналис. За цинот и хпв докторката ми даде betaimune и уште едни природни таблети витамин Е од истата фирма (wheatgerms така нешто беа), ги пиев еден месец, не зимав ништо друго, престанав да палам цигари и односи само со заштита. Откако ги завршив таблетите, пиев имуновит чај на виталиа еден месец па после од брусница на алкалоид што е новиот природниот. Овошје не јадев нешто премногу, ама колку да не биде без ич. Правев пап и денес се слушнав со сестрата за резултатите и рече дека резултатот од пап тестот ми е негативен, немам ништо. Сеуште не ми се верува, ја препрашав сто пати дали е сигурна, останува уште со свои очи тестот да го видам. :)
    Природните чаеви се многу добра работа кога станува збор за имунитет, пробајте може ќе ви помогнат и вас при терапијата.
     
  12. ikica86

    ikica86 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    4
    Супер за тебе многу ми е мило за резултатот од пап што ти е нагативен сега, и јас си имам проблем со истиот хпв тип 31, прво само хпв инфекција, за после на пап да покаже цин 1 и и после кога го повтори пап тесто на друго место после еден месец, немаше ништо само бенигни промени и инфламација. И јас почна да ги пијам wheat germ oil и плус бетакаротен, едни биовитрум имуно и зелен цај таблети и плус пијам по една чаша зелен чај од виталија и пред два дена си зема од брусница од новио на алкалоид и јадам моркови по 200 грама на ден. Инаку сакам да те прашам за хпвто какви вагиналетки користеше???
    Надевам се дека и јас ке се израдувам како тебе на наредната конторола :) позз
     
  13. HplsRomantic

    HplsRomantic Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    21
    Ми даде докторката линекс лејди и вагисан. Овие ми ги даде воглавно за бактериите, зашто примав и антибиотици, па не знам колку тие имале влијание за хпв-то. Претходно кога бев кај претходната докторка ми даваше секакви можни вагиналети и ништо не се поправи, така што претпоставувам вирусов најдобро се лечи со кревање имунитет. Инаку да тие се и јас што ги зимав wheat germ oil ама во комбинација со betaimune. Пиј чајчиња и се што внесуваш гледај што поприродно да биде и немај гајле, ќе биде се ок. позз и дај боже да ти биде се во ред на наредната контрола :)
     
  14. ikica86

    ikica86 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    4
    Фала и јас се надевам дека така ќе биде, позз :)
     
  15. eva11

    eva11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.855
    Допаѓања:
    679
    можно ли е од резултат на пап со инфламација (вклучува типична обнова)и бенигни промени да дојде до цин 1или 2 имам и мала раничка која гинекологот рече дека не е страшна мислам дали е страшна оваа состојба и како се лечи ???? во текот на оваа недела сум на контрола па неможам да издржам до тогаш мисе увртел некој филм у глава дека имам цин инаку пред6 месеци последно земав пап
     
  16. stevemila

    stevemila Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    3
    знаци вака девојки.пред 2 ,месеца добив резултат од пап и имав цин 1.на 28 февруари др.петановски ми правес еколпоскопија и ми зема брис за хпв типизација.колпоскопијата показа видлива промена као дмеек на десна усна мозаик несто.а хпв типизацијата дека имам високо ризицен тип 16.сега на 10 април имав биопсија исто кај петановски и замислете добив вцера резултати.сум имала веке цин 2 и хпв 31 аман луге како го виде тоа од примероко од матката,и ми препораца ласерска ин тервенција со д апрам мислам ке пукнам веке .плиссс совет
     
  17. Renatka0303

    Renatka0303 Активен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Devojki nova sum i jas na forumot..sakam mislenje i od vas.vo januari pravev pap iskoci cin 2.pa vo februari pravev biopsija i od togas sum na vitaminska terapija i na vaginaleti flazil betadin aloe vera propolis..sega pravev pap pred nedela dena pak iskoci cin 2 :/ kazete mi ako ste koristele nekoj priroden lek ili nekoja terapija sto navistina vi pomognala ..pozz
     
  18. Renatka0303

    Renatka0303 Активен член

    Се зачлени на:
    14 април 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Devojki nova sum i jas na forumot..sakam mislenje i od vas.vo januari pravev pap iskoci cin 2.pa vo februari pravev biopsija i od togas sum na vitaminska terapija i na vaginaleti flazil betadin aloe vera propolis..sega pravev pap pred nedela dena pak iskoci cin 2 :/ kazete mi ako ste koristele nekoj priroden lek ili nekoja terapija sto navistina vi pomognala ..pozz
     
  19. uplasena23

    uplasena23 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    здраво девојки денес ми кажаа дека имам ЦИН 2 и многу сум исплашена треба да одам на биопсија сакам да ве замолам дали може да ме упатите тоцно како иде процедурата за лекување на ЦИН 2 зошто на нет прочитав многу рабати инаку не сум мажена и немам деца тоа највеќе ме плаши ве молам дајте ми некој совет позз
     
  20. mare39

    mare39 Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Dali nekoj znae koj den e dr.Goran Dimitrov na klinika?
     

Сподели ја оваа страница