Jавен оглас за вработување во Македонски шуми

Дискусија во 'Барање работа' започната од Katiija, 3 јуни 2013.

  1. Katiija

    Katiija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    9
    Не видов никаде ваква тема, а многу ме интересираат ваши мислења ставови, дали слушнавте дека владата ќе вработува 1600 граѓани од 4 те ранливи категории, долгорочно невработени, многудетни семејства, еднородителски семејства.
    Јас аплицирав, и се надевам. Ваши мислења?
     
  2. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    190
    И јас планирам да аплицирам, но мекако не гледам мн надеж во овој оглас
    Сепак СРЕЌНО Н СИТЕ што се пријавиле
     
  3. Abeja

    Abeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    2.641
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Заинтересираноста е премногу голема, нормално со толкава невработеност во земјава, голема гужва се создавала пред Македонски шуми.
    Секако дека не можат сите да не вработат но барем нека биде реално оценувањето на тоа кој има најголема потреба од вработување.
    Но се сомневам дека ќе биде реално, којзнае колку врски се бркаат сега "очи се вадат, гзови се продаваат".
    И јас ќе се пријавам ама тешко е и врски да бркаш со толкав број на пријавени.
     
  4. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    2.451
    Добре бе луге.Ај да не се рече дека бираме ама еве јас на пример размислувам што би работела жена на 40 години во македонски шуми а ги исполнувам сите услови.
    Се си мислам ако аплицирам ке изгледа смешно.Сите ранливи категории у македонски шуми.Ова ми се чини не селектираат како овци уште и бројка на уво да ни стават и ај у македонски шуми. :xА колку не има и Амазон не не збира.

    За какви работни места се аплицира?
    До кога е рокот за апицирање знае ли некој?Да се обидеме ај. :!:
     
  5. Abeja

    Abeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    2.641
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Се аплицира мислам до 22.06.2013.
    Аплицирај, ако имаш врски што ти е гајле на какво место ќе те стават. Ако имаш образование ќе те стават се надевам на соодветно место. Оние со основно сигурно ќе ги стават во преработка, обработка, што знам да сечат дрва да собираат, тие со средно некакви работници, потрчковци, слично и со високо образуваните, ќе ги стават во некоја канцеларија,архива и сл. да средуваат или издаваат документи.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. deliza

    deliza Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    88

    На овој линк http://mkdsumi.com.mk/aktuelnosti.php?a=27 ги имате:
    1. условите кои секој кандидат во зависност од групата/категоријата во која припаѓа треба да ги исполни
    2. документите кои ви се потребни и рокот за пријавување
    3. можете да ја превземете и апликацијата па истата да ја испратите на адресата која таму ви ја покажува

    Со среќа на сите што ќе аплицираат! :)
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Likicka

    Likicka Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    По вработувањата во Македонски шуми, ќе се прави распределување по други институции. Беше кажано на сите вести.
     
    На vinozito1 и Katiija им се допаѓа ова.
  8. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    190
    Нема сите вработени да останат во македонски шуми, тамо е огласот, после селекцијата ќе ги распределуваат на места каде што има потреба

    vinozito1 не се думај кај ке работиш веднаш пријави се, можеби и нема да ти требаат врски бидејќи селекцијата е во министерство
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    2.641
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Освен диплома, државјанство, апликација, дали поднесувате и некои други документи дека ги исполнувате условите од точката под која се пријавувате, на пример потврди за невработеност од Завод за вработување, некоја потврда од УЈП за приходи итн ?
     
  10. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    2.451
    На линкот погоре пишува само тоа.Електронските податоци ке се проверувале.Баш ми е чудно што не се бараат тие подврди од Завод од УЈП.А да си прашаме телефонски во Македонски шуми еве ти број
    389 2 2581 080 на централа и овој на директор 389 2 258083
     
  11. Abeja

    Abeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    2.641
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    ^^ Тешко дека ќе одговорат во македонски шуми, бидејќи огласот го распишува Владата, ама и во Влада нема да ти кажат точно а тоа дека секој пријавен кандидат ќе го проверуваат дали е стварно невработен тој а и цела негова фамилија-чисто се сомневам, нема да функионира праведноста тука мене така ми изгледа. Ако веќе аплицираме најдобро и потврди да си извадиме.
     
  12. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    57
    И јас се мислам дали да поднесам ќе си ја пробам среќата па што биде нека биде а дали треба документите да бидат заверени на нотар или само ископирани има ли некој таква информација сега нешто слушам требало заверени да не знае некој колку е точно ова ?
     
  13. Abeja

    Abeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    2.641
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Па во огласот пишува копии а не копии заверени на нотар, така да спротивно на огласот би работеле ако бараат заверени.
    А и плус нема логика од невработени луѓе кои се во тешка финансиска состојба да бараш заверени копии.
     
  14. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    57
    Да и јас мислам така затоа што тие копии не би биле испод 500 ден со заверка на нотар фала ти :)
     
  15. Viiiiip

    Viiiiip Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    253
    Јас сакам за татко ми да аплицирам, и имам прашање. Дали може на една испринтана апликација за конкурирам и за 1а и за 1 б? Или треба 2 различни апликации? И... Мора по пошта или лично нели? Неможе електронски?
     
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.007
    Допаѓања:
    3.641
    јас сум студент и сакам да аплицирам,но во завод за вработување не сум евидентирана како невработена..може сепак да аплицирам или?
     
  17. Abeja

    Abeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    2.641
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    viiiiip - И јас се прашувам дали може на една апликација за повеќе места, маж ми повеќе заокружи.

    sadgirl21- ти не можеш да се пријавиш под подточка а и г (зашто не се пријавуваш во завод повеќе од 10 години и не си евидентирана како невработена (при што мора да нема вработен од твоето семејство)), во тој случај ти остануваат другите подточки, самохрани родители или деца од многудетно семејство.

    Во моментов сигурно има над 10 000 пријавени, дуплирај ги тие со уште толку до истекот на рокот и подели ги со твоите можности, е толку шанси имаш :lol:
    И од таму знаат дека се е наместено "тој што ти обеќал ќе те прими и еднаш ако се пријавиш"
     
  18. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    2.451
    А ако семејството има четири невработени члена?Може ли сите да аплицираат?Од секое семејство само по еден можел да аплицира.
    Кажале дека оние што се обидуваат преку врски одма ги бришат. Дали е вистина? Или сакаат народот да не трча по канцаларии.
     
  19. Abeja

    Abeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    2.641
    Допаѓања:
    4.800
    Пол:
    Женски
    Јас прв пат од тебе слушам дека само еден член од фамилија може да аплицира :o (тоа никаде во огласот не го пишува, може си шират муабети само)
    Абе што ми е гајле, двајцата ќе се пријавиме, голема работа и онака никој нема да разгледа толку апликациии.
    Така рекле за да можат полесно да влезат тие што имаат појаки врски, да не се создава конкуренција. Некако немам ни волја да аплицирам, немам врска - министер.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    57
    Ви посакувам на сите среќа во врска со огласов секој да си ја најде среќата под ова небо секој заслужува
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели ја оваа страница