1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Jавен оглас за вработување во Македонски шуми

Дискусија во 'Барање работа' започната од Katiija, 3 јуни 2013.

  1. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    126
    Име и презиме: Намерно Избришано име
    Град: Радовиш
    Критериум 1: број на деца во семејството Бодови: 0
    Критериум 2: приходи на домаќинство Бодови: 2.53
    Критериум 3: самохрани и еднородителски семејства Бодови: 0
    Вкупно бодови: 2.53

    :@ Значи ниту аплицирав, ни барам работа во вукојебинава, но криво ми е што некој со 2.53 бодови е примен (најверојатно партиски) а некому кому очајно му е потребна работа, го нема на список
     
  2. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    A ги видовте ли оние на телевизија???? 5 деца 6то на пат, со една плата живееле?????? А дома, голем плазма телевизор, скапи прекидачи( успеав да забележам), да не ми суди господ ама бар нека не покажувале тоа, тој пак другиот куќа на 2 спрата, пвц прозори, лулашка во двор.....Мислам стварно не морале да ги покажуваат тие...
    Жалосно....Има луѓе на кои стварно и очајно им треба работа... :devil: :devil:
     
    На midnight.flower, aleks26, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    За првите двајца (мои другари) самите кажаа дека се партиски.

    А, овие двајца, не знам, ама најверојатно. Едниот дечко сега се врати од Англија на шетање, буквално е скинат од шетање (барем по сликите на фб :tmi: ), има пари човекот...ама ете...
    Државно си е државно...

    Вчера дури читав статуси на фб, сами се објавуваа тие кои биле избрани, па честитки.. Синкир дипломирал мислиш. Смешки.
     
  4. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Жално е што не се обиделе да помогнат на некои семејства кои навистина немаат услови за живот.
    Има семејства со комплетна бела техника која им трае дури од минатиот век-која е половично небезбедна за користење но бидејќи немаат друг избор се користи, семејства кои дома имаат пари само за еден леб и маргарин. Замислете ги тие услови за живот да немате пари зимно време да уклучите парно или печка или да запалите шпорет. Или колата (исто од 20 век) да ви е целата со дупки а вие ставате во тие дупки најлони само за да можете да ја возите, бидејќи вршите препродажба на овошје и зеленчук за опстанок на вашата фамилија.

    Тука ќе продаваат лажни несреќни и бедни семејства со 5 деца и плазма поголема од нечиј фриждер.
    Да им се плукнам на одвратните глумци. Па уште потресени плачат дека им се укажала среќа за работа.

    Плус замислете какви неправди се прават тек за вакви работни позиции. Ненормално е сето ова!
     
    На midnight.flower, anggell, Gordana10 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Кажете ми, може да се поднесе приговор, ако може како оди целата постапка???

    Аплицираше таткото на дечко ми, за жал не е примен, и тој е еден од многуте на кој очајно му треба работа, ниту еден не е вработен од семејството, издржава син студент, хронично болни жена и родителите на жена му, а земаат скромни 8-9 илјади во месецот, со се нега за болно лице и некоја мала пензиичка.. :(

    Toa e многу ми е криво, одбиен бил заради немање на доволно поени.....
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ако си долгогодишен член на вмро-дпмне не значи дека партијата ке трча за тебе па колку и да си трчал за нив-ако не фатиш некоја врска од горе(советник,или сл)-пиши пропало :!:
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.223
    Допаѓања:
    124.267
    Оти за кутрово дете не викнете телевизии? Знаете дека А1он и либертас ќе се искршат само за пишат. Јас на ваше место, така би направила.
    Лошо е ако не е вистина, па за клевета се плаќа оштета, ама ако сте сигурни, ОДМА да кажете насекаде, и со име и презиме. Вака...се е на зборови празни и сомнителни обвинувања :)
     
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Meне целиов овој мајтап со маката и бедата на народот ми е :puke: . За срамота е и огласот и начинот на вработување и буквалното изживување со нечија мака! И само ми кажува како самобендисанава влада го гледа плебсот, и како го остава народот да се глода меѓу себе заради нејзин и само нејзин бенефит, како гладијаторите во Стар Рим... А Грујо одозгора, како римски император, гледа, се смешка и покажува
    [​IMG]


    Само што ниту еден римски император не видел многу аир...
     
    На imelda, Dvolicen и anggell им се допаѓа ова.
  9. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Ако се однесува за мојот пост да си кажам дека не измислувам и да сигурни сме дека тој не е дете од самохрани и еднородителски семејства, ама јас лично не би се замарала да викам телевизии, нека си викнат оние кои се извисени а заслужиле реално работно место според критериумите. И не би го кажала ниту со име и презиме па после на себе да си направам проблеми, ми е галје баш ако некој мисли дека се празни зборови, па и камо да беа бар немаше да се срамам каде живеам :x
     
  10. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Еве ви жив пример, со факти, имиња и слики... (од интернет портал)

    СКАНДАЛ: еве како работат компјутерите на ДПМНЕ - во Македонски Шуми вработена сопруга на бизнисмен од Виница кој поседува пицерија и автосервис!
    Вторник, 08 Октомври 2013
    Еве како работат компјутерите на ДПМНЕ при фер распределбата на новите работни места во Македонски Шуми: Во Виница е вработена личност која е "жива за жалење" бидејки таа и нејзиниот сопруг поседуваат само пицерија „БУГЕ“ и автосервис „БУГЕ“. Нејзиното име е Даниела Благоева... Kој го хранел компјутерот со податоци ...како СИСТЕМОТ ГИ ИСФРЛИЛ само имињата само на оние кои се дадени од општинските комитети на ДПМНЕ и коалицијата...

    Име и презиме: Даниела Благоева

    Град: Виница Критериум 1: број на деца во семејството

    Бодови: 0

    Критериум 2: приходи на домаќинство

    Бодови: 40

    Критериум 3: самохрани и еднородителски семејства Бодови: 0

    Вкупно бодови: 40

    Мактел ја контактираше Даниела телефонски и таа ни потврди дека поседуваат и пицерија и автосервис.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
  12. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Ајде пак јас... не можам да редактирам, па мора ново мислење. За женава со многу деца, се дебатира нели за неа, па еве...

    На конкурсот добила бодови како самохрана мајка, а вработувањето го славеше со сопругот!

    Една од среќните добитнички на 1.600 вработувања, избор кој во живо во неделата се прикажуваше на програмата на МТВ, е и Весна Билбиловска, сопруга и мајка на пет деца, а бремена со шесто, објави Либертас.
    Нејзиното семејство на телевизија Сител ѝ дозволи да ја сподели радоста и славењето за вработувањето во „Македонски шуми“, а, како што рече, конкурирала во категоријата семејства со социјален ризик, затоа што ова шестчлено семејство живеело само од платата на сопругот на Весна.
    - Немав верба, викам, нема шанси јас, и пријателите кога се јавија бев стаписана, многу возбудена, почнав да плачам, децата се исплашија, мислеа, којзнае што се случи. Го викнав сопругот, беше тој пред зграда, брзо Влајко дојди дома, јас плачев… - раскажуваше таа пред камерата на Сител.
    Сепак, на официјалниот сајт на Македонски шуми, се гледа дека Весна Билбиловска добила 20 поени во категоријата засамохрани и еднородителски семејства“, 8.89 поени во категориите „број на деца во семејството“ и 39.79 во „приходи на домаќинство“.

    :^)
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Ни прва ни последна на која со врски и се допишуваат поени по разни основи, ама вака јавно? А има и такви кои се разведуваат на хартија само до решение да стигнат, верувале или не. Бар со децата не може да лажира...ајт ќе замижиме.


    .
     
  14. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    A кажете ми до кога може да се даде приговор? Јас аплицирав а ме интересира до кога може да се даде приговор?
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Кој е Влајко? |( :o :^) :wasntme: :?: |-)
     
  16. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818

    Па сопругот... Тоа е финтата де, добива бодови и работа затоа што е самохрана мајка на 5 деца... :^)

     
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    ^^ Абе се заебавам, знам дека е мажот, ама кој маж нели била самохрана? Да не и е ова втор во вонбрачна заедница па шестото е од него, не се водат како во брак |( Само во тој случај може да и се додадат поени за самохрана. Вака самите се зезнаа што ја најдоа за пример кога и самите знаат дека секое име од списокот секој може да го провери.
    Секој заслужува да се вработи исто како мајкава, ако има 6 деца не значи дека е во предност пред некој кој повеќе од десет години нема работа или некој што нема ниеден вработен во фамилија. Ако е така има и победни од нив, ама на тие им текнува само пред нова година кога сакаат да илустрираат колку сиромаштија има во земјава која не може да си дозволи малку побогата трпеза. Уште паметам еден човек кој плачеше пред камера пред една таква нова година кога телевизиите си пополнуваа програма, а човеков рече со компири дека ќе прославува, додека децата му студираат и нема од кај да им плати.
    Епа не го прифаќам овој т.н избор, не е ни најмалку праведен, жената може се радувала ама некој и повеќе ќе се израдувал од нејзе, некој можеби нема такви гарнитури, тв, системи итн..ама ете она била мајка другите не се изгледа.
    Абе циркуси. Да не знае човек дали да се радува дали да плаче.
    Мајка била фрлала зад себе за да најде пред себе, |( другите можеби немаат ни што да фрлат а камоли да најдат.

    p.s. ама да не судиме пред време за поените, можеби им крахирал јакиот софтвер, па ништо чудно за некој ден да ги видиме вистинските поени и резултати :rofl:
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  18. despin4e05

    despin4e05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    14
    90% од приманите се примени со врски и пријателства, барем мое мислење.
     
  19. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    Томболата“ за вработување на 1.600 службеници во „Македонски шуми“, од барабанот исфрли куп негодувања и сомнежи за добитниците на работно место. На социјалните мрежи и во контактните емисии на телевизиите секојдневно се јавуваат граѓани кои тврдат дека во дел од новите вработени преку лотарија, препознаваат лица кои не ги исполнуваат критериумите кои беа наведени како услов за добивање на позицијата.



    На Фејсбук се појавуваат информации за среќно оженети и мажени лица кои за потребите на томболата се претставени како самохрани родители и се споделуваат фотографии од недвижен и движен имот на социјално загрозените.



    Лотаријата со работните места ги претвори 1.600 нововработени службеници во предмет на опсервација, која оди дотаму што сопругот на една од вработените се поврзува со сведоштво во еден судски процес за убиство, кој беше интересен за јавноста пред две години.



    Во листата нововработени е и жена која се пријавила како самохран родител за потоа новото работно место да го прослави со сопругот.



    На огласот можеа да се пријават долгорочно невработени лица кои немаат работа повеќе од 10 години, лица од многудетни семејства, самохрани родители и еднородителски семејства и невработени лица од семејства каде нема ниту еден вработен. За сите категории предвидени беа по 400 вработувања и тоа за лица со ниски квалификации, со средна стручна спрема и со високо образование.



    Директорот на „Македонски шуми“, Жарко Караџоски за Плусинфо вели дека досега пристигнале шеесетина жалби за процесот во кој се пријавија околу 25.000 апликанти. Со новата „тура“ службеници, претпријатието ќе добие речиси уште толку вработени со колку што располага сега. Во ЈП „Македонски шуми“ сега има 2.237 вработени. На прашањето дали е можно новите 1.600 и физички да се сместат во просториите на претпријатието, Караџоски одговара дека тоа е можно бидејќи има 30 подружници и дирекција.



    - Секој може да дава спинови за нерегуларности. Единствен валиден основ се самите апликации и доказите, а прикаски може да се изнаслушаме. Законски, секој оштетен има право на жалба, законски е загарантирано да има двостепеност во постапката. Со 25.000 апликации, нормално е да има незадоволни. Оној кој е незадоволен и од тоа, постои суд, нека тужи. Инаку, не е точно дека има огромен број жалби, има нешто помалку од 60 - објаснува Караџоски.



    Сите 1.600 апликанти кои добија државна работа нема да останат во „Македонски шуми“ туку ќе преминат во други институции на владата, вели Караџоски. За службениците во јавното претпријатие има места за шумочувари, дојавувачи на пожар, лица кои ќе работат во директното производство, помошници, референти, механичари, бравари зависно од образованието.



    Комисија од три члена, од Центарот за социјални работи, од Агенцијата за вработување и од УЈП пред конечното ранг-тестирање беше во домовите на пријавените апликанти, но сепак, не констатираше лажирање на информациите.

    Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на
    Плусинфо

    hahahahahha за се си имаат оправдание :^)
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Како ќе констатираат непрвилности кога не смее да се случи такво нешто, и се ќе треба одново, ако недај боже се пронајдат неправилности ќе се откријат дека не праведно работеле.