1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Jaјца

Дискусија во 'Рецепти' започната од wolf4e, 19 октомври 2010.

  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.634
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Јадам најчесто тврдо варени,а прижени ги правам само со сирење или урда ама ретко
     
  2. Trajche

    Trajche Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    9
    Оооо, без јајца неможе да помине денот 5-10, а членот погоре убаво ме потсети да си гиправам со урда :)
     
  3. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    јас ги сакам и јадам и варените и пржените
    затоа дали се здрави јас мислам дека ни една храна не е 100% здрава туку има и штетно нешто во неа па така и јајцата ама јајцата се здрави за децата и убави и затоа се препорачува дете да јаде секој ден барем по едно јајце
    еве и некои рецепти

    Печени јајца
    2 големи свежи јајца
    2 лажици разматена павлака
    1 домат, излупен и исечкан на коцки (затоа што сега не е нивна сезона, најубаво е да земете конзерва пелати)
    1 младо кромидче или пола ситно сечакн кромид
    малку маслиново масло
    1 лажица путер
    сол и бибер
    Како се прави: Ако имате мали керамички садови тоа ќе биде најдобро. Но, ако немате нема да биде некој проблем - земете мал глинен сад или мало тавче за печење. Тавчето убаво намачкајте го со масло и ставете го ситно сечканото кромидче. Двете јајца скршете ги директно во тавчето. Врз јајцата ставете го доматот, павлаката и зачинете со бибер и сол. Од горе, ставете една лажица путер. Печете 13 до 15 минути во претходно загреано тавче на 190 целзиусови степени. На крај, декорирајте со зелените перца од младото кромидче или ситно сечкан магдонос.
    Јајца во грне
    Потребно е:
    4 варени јајца
    2 големи домати
    2 главици кромид
    сол, бибер
    бешамел сос
    рендан кашкавал
    Подготовка: Во тавче за пржење ставете малку масло да се загрее. На загреаното масло пржете го ситно сечканиот кромид. Кога ќе омекне кромидот, додадете ги излупените и исечкани домати. Гответе на среден оган додека да се згусне малку. Зачинете со сол и бибер. Јајцата сварете ги тврдо, излупете ги и исечете ги на четвртинки. Направете го бешамел сосот (на загреан путер, ставете малку брашно да се пропржи, додадете го млекото и мешајте додека да се згусне). Во земјено тавче ставете го сосот од домати, врз него наредете ги варените јајца, прелијте со бешамелот и од горе ставете кашкавал.Печете во рерна загреана на 200 целзиусови степени, додека да се растопи и запече кашкавалот.
    Сендвич со салата од јајца
    ---
    Потребно е:

    4 јајца, тврдо варени
    2 лажици мајонез
    1 лажиче вински оцет
    2 лажички сенф
    сол и бибер
    Подготовка:
    Со вилушка згмечете ги варените јајца. Зачинете ги со оцет, сол и бибер. Ставете ги мајонезот и сенфот и измешајте ја салатата. Вака подготвена салатата, распоредете ја на едно парче тост леб. Ставете 1 лист марула и малку тркалца кромид и преклопете со друго парче леб.
    Топла салата од брокули и јајца
    Топла салата од брокули и јајца
    Подготовка: Брокулата измијте ја и одделете ја на помали цветови. Гответе ја на пареа, десетина минути. Не ја покривајте со капак, затоа што ќе ја изгуби зелената боја. Семките од сончоглед тостирајте ги на тефлонска тава, колку да пуштат арома и да добијат малку боја.Кога ќе бидат готови, ставете ги во сад за салата, заедно со исцедената брокула. Јајцата тврдо сварете ги, излупете ги и исечкајте ги на четвртинки. Зачинете ја салатата со соја сос и малку бибер и измешајте ја. Од горе ставете ги варените јајца и прелијте со маслиново масло и вински оцет.
    Салата со јајца
    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
    100 грама Фета сирење
    малку Сол
    30 милилитри Маслиново масло
    100 грама Мајонез
    300 грама Кисела павлака
    4 Јајца/це
    Варените јајца се многу значајни за исхраната. Доколку сакате да сварите повеќе јајца истовремено најдобро е да се варат во метална решетка и да бидат ставени во исто време.

    Времето за варење се смета од мигот кога водата ќе почне да врие. Но, тоа зависи и од состојбата која јајцата ја имале пред да се стават на варење. Доколку биле на собна температура се препорачува пократко варење, а доколку се извадени од ладилник тогаш се варат подолго време.
    ПОДГОТОВКА:
    Сварете ги јајцата. Ставете ги во блендер и измиксирајте ги.

    Смесата ставете ја во еден сад и додадете ½ лажичка сол.

    Додадете ја павлаката, сирењето и мајонезот и мешајте.

    Додека мешате додадете ги и 2-те лажици маслиново масло.
     
  4. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Се на се 2-3 јајца во месец ако изедам, вкусни ми се но ги избегавам. Сакам варени само со сол. Или пак омлет со шунка,кашкавал и печурки.
     
  5. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Општи прашања

    Луѓе отприлика колку време треба за да се свари јајце?
    Не ми се смејте и дај ве молам не бришете го прашањево додека не одговори некој.
    В е м о л а м.
     
  6. Meggy

    Meggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    387
    Општи прашања

    Зависи колку време ќе треба за да зоврие водата и плус уште 5 минути откако ќе зоврие :)
     
  7. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Општи прашања

    Околу 10-15тина минути јас мислам. :)
     
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Општи прашања

    8 минути одкако водата ќе почне да врие
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Општи прашања

    Ма какви 10 или 8 мин?? Само 4 до 5 минути од како ќе почне да врие водата, инаку губи се од хранливост и ќе биде претврдо варено.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  10. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Срамота, ендо јајце неможете да сварите :D Тим од научници навистина откриле како се подготвува совршено варено јајце. Дејството се развива на Универзитетот во Осло. Со вистинска научна страст истражувачи барале како да се направи едно варено јајце идеално. Целата пресметка е комплицирана, бидејќи се имаат во предвид:
    - Обемот на јајцето во сантиметри;
    - Саканата цврстина на јајцето (цврсто, средно или рохко) - оваа променлива се мери во степени, бидејќи тврдината на јајцето одговара на одредена температура на жолчката;
    - Почетната температура на јајцето во Целзиусови степени;
    - Надморска височина на местото каде што се наоѓа во метри (бидејќи колку повисоко си, при толку ниска температура завира водата).
    Сето тоа се пресметува според специјална формула која ти дава време за сваряване на совршено јајце:
    [​IMG]
    Со наближувањето на Велигден оваа информација изгледа доста корисна. Можеш да пробаш да направиш научно варени јајца, а можеш и да се потпреш на метод од старата балканска наука, проверен во текот на годините: "на око". ;)
     
  11. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Општи прашања

    Џули, мислев на се’ отприлика.. значи, во моиве 15 минути спаѓаат и зовривање на водата т.е. времето додека да зоврие водата. Понекогаш и подолго врие, зависи на колку степени ти е оклучено (кај мене е со бројки шпоретот) и ако е слаба струјата ќе треба подолго време. :)
    А кога ќе зовврие водата одма после 2-3 минути ги вадам, оти ги сакам рофити.
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Општи прашања

    :D Недоразбирање значи. Е целосно време колку треба за неа ќе биде баук работа, затоа кратко и јасно и кажавме откако ќе почне да врие водата колку мин да чека. Јас 4 мин најмногу, внатре е таман што викаме ние ко кајсија, сварено :wasntme: . Тврдо варено не сакам, а за 2 или 3 мин сепак е малку, течно ќе биде и не е добро.
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Општи прашања

    Цела дискусија за јајца отворивме хахаха
    може и на 4 и на 6 и на 8 ....
    секој си пиша за својот вкус очигледно
    Љубителите на тврдите јајца хахаха, се лишуваат од дел од б витамините :!: но не сите, ама барем по ќеиф им се.

    Имам читано изборот да не се стеснува врз основа на овие податоци зашто многу други фактори(пред се начинот на исхрана) се пресудни, а не само минутажата на варење на јајцето.
    Затоа луѓе јадете јајца и не му ја мислете :rofl: :rofl: :rofl:
     
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Цела дискусија за јајца отворивме хахаха
    може и на 4 и на 6 и на 8 ....
    секој си пиша за својот вкус очигледно
    Љубителите на тврдите јајца хахаха, се лишуваат од дел од б витамините :!: но не сите, ама барем по ќеиф им се.

    Имам читано изборот да не се стеснува врз основа на овие податоци зашто многу други фактори(пред се начинот на исхрана) се пресудни, а не само минутажата на варење на јајцето.
    Затоа луѓе јадете јајца и не му ја мислете :rofl:[/quote]

    И да додадам секогаш по две :wasntme: ... да ги варите де. :fubar: :D Демек по ефектно се вареле. А дали по две ќе кркнете ваш избор. :wasntme: Јас секогаш бирам едно за доручек. :geek:
     
  15. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Луѓе ја после зовриена вода, го варев јајцето 8 минути, кога го лупев однадвор беше се ок, али внатре беше сеуште живо. Значи мислам дека повеќе треба да се вари.

    Он: Ретко јадам јајца и ги сакам секакви: пржени, варени, кајгана, на око, омлет со коцки сланина. Ама не ги конзумирам често.
     
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Нема шанси, имаш утнато нешто, 4 мин.се идеални за недоварено јајце, односно да биде меко (или да можеш да си го јадеш со лажичка како мене :$ ), а потоа се ствднува, до 7 мин. е веќе тврдо варено. Сигурно беше зовриена водата? :?: Имаше многу балончиња големи? :rofl:
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Првпат кога варев јајца сама, а бев малечка, мислев дека водата почнува да врие откако ќе почне да шушти, па така си чекав 5 мин. и нормално излезе живо. Арно вели ким, имаше балончиња? :D
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Ма од јајца можам да живеам.Премногу ги сакам...Секакви :на око,кајгана,омлет,со шунка,со ајвар,со мајонез,со павлака,со кашкавал,тврдо варени ,меко варени, салата јајца...Ма буквално секакви, ги обожавам :)
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Нема шанси. Да не вареше ти гускино јајце или од ној? :^) Од како ќе почне да врие значи да има меури троа поголемки од тогаш гледај да минат 4 мин. И после тргни го. Ова ако сакаш меко варено, а ако сакаш тврдо 5 - 6 мин.
     
  20. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Проблем е тоа што не зоврила водата. |(
    Фала за одговорите .