Oмилени книги од детството

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од x.Daisy.x, 6 ноември 2010.

  1. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    1.711
    Прво, сакам да кажам дека ако темава е дупла или слична некоја - клуч.

    Која книга Ви ги кроеше сништата додека бевте мали? Која Ви оставила најголем впечаток,книга која сеуште ве потсетува на детството?

    Мене едни од поомилените ми се:

    Томе Арсовски - Супер девојче
    Антонио Санта Ана - Очите на сибирскиот пес ( Ја препорачувам, мала но интересна книга, за едно дете кое има брат болен од сида)
    Марта - Горјан Петрески
    Бојан - Глигор Поповски
    Пајажината на Климентина
    Девојчето со две имиња
    Двојната Лота
    Хајди
    Пипи долгиот чорап
    ... и уште многу многу книги од кои ми навирааат спомени. :)
     
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.696
    Допаѓања:
    4.803
    Дефинитивно 35 мај. Незнам колку пати ја прочитав и пак би ја прочитала.
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.945
    Допаѓања:
    26.812
    Колку убава тема! :clap:

    Втората смена - Велко Неделковски
    Пајажината на Клементина - Е. Брукс Вајт
    Колибата на чичо Том - Хариета Б. Стоув
    Телефонот е во прекин - Томе Арсовски
    Срце - Едмондо де Амичис
    Најтемната ноќ - Глигор Поповски
    Дружината Братско стебло - Јован Стрезовски

    Многу ја сакав и Малиот вампир, една од најомилените, најпрочитани книги во детството од Ангела З. Боденбург и Фантастичниот Г-дин Лисец од Роалд Дал.

    Се' уште сум во потрага по книгата Дежурна приказна од Велко Неделковски, буквално една од најдобрите детски македонски книги. :)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Форумски идол Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    12.544
    Допаѓања:
    12.596
    Пол:
    Женски
    Снеговите на Климентина Евин, Таруно од земјата на планините, Пајажината на Климентина, Милосија, Дружината на синиот галеб, можам до бесконечност да бројам, не знам колку сум прочитала... Некои и сега знам пак да земам да ги прочитам, ако ми паднат во рака. Ме потсетуваат на еден прекрасен безгрижен период.
     
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.193
    Допаѓања:
    3.797
    Втора смена
    Исти очи
    Марта
    Сама
     
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    1.174
    Допаѓања:
    844
    Марта
    Хајди
    Пајажината на Клементина
     
  7. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    344
    На прво место би ја ставила Хајди,книгата ме воодушеви како малечка и повторно би ја прочитала.
    Срце,Двојната Лота и скоро сите од Горјан Петревски.
     
    На sofijacasas му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    2.667
    Хајди
    Двојната лота
    Пајажината на Климентина
    Улавите години
    Оливер Твист
    Доктор Офболи
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    2.185
    Допаѓања:
    5.237
    Шеќерна приказна, Бојан, Хајди, Алиса од земјата на чудата, Исти очи, Марта...
    Најчесто читав една збирка со приказни од целиот свет, Самовилско коњче (Душко Нанески беше ли, не ме држете за збор), е таа ја искинав од читање.
     
  10. Mishela

    Mishela Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    5.694
    Допаѓања:
    7.263
    Пол:
    Женски
    Ги има мноооогу :)
    Фантастичниот господин лисец (колку плачев кога му се откина опашот :lol: ), Девојките на Марко, Пајажината на Климентина, Исти очи, Милосија, Шеќерна приказна, Маслинови Гранчиња...
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    3.427
    Допаѓања:
    7.158
    Да почнам од првата- Зоки Поки, па потоа Доктор Офболи, па Пајажината на Климентина, Двојната Лота, Хајди, Бојан, Сибирка- прекрасна книга, Големи и мали, Улавите години, Ранолетните орли, сите од Горјан Петревски, Возот в снег, Втората смена, Волшебното самарче, Белото циганче, ах, има еден куп книги од детството кои ми се преубави и кои ми будат насмевка на лицето :)
     
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    1.445
    Петар Пан, Сказна за Глинената птица и Василица прекрасна ми се убедливо најчитаните книги од детството. Ми се чини дека еднаш во месецот морав да ги прочитам :lol:
    - Милосија е првата книга на која имам заплакано и која ми остави ептен голем впечаток.
    - Авантурите на Хаклберифин;
    - Робинзон Крусо;
    - Повикот на дивината;
    - И исто ко вас книгите на Горјан Петрески Исти очи, Марта, Снеговите на Климентина Евин...
     
  13. Annath

    Annath Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    5.496
    Многу ги има, веќе и не се сеќавам на некои наслови, ама ќе се потрудам.
    Ги обожавав на Ванчо Николески книгите и тоа оние прикаските, покрај Доктор Офболи која ја знаев напамет од А до Ш.
    Сказна за детето Вилен - Глигор Поповски
    Шеќерна приказна - Славко Јаневски
    Малечката Фадета - Жорж Санд
    Двојната Лота - Ерих Кестнер
    Карлсон од покривот - Астрид Линдгрен
    Илјада и една ноќ
    Приказни - Браќа Грим
    Бајки - Ханс Кристијан Андерсен
    Сината птица - Шарл Перо
    Втората смена - Велко Неделковски
    Незнајко и неговите пријатели - Николај Носов...

    А ги сакав и сите лектири што ги имавме во основно... прекрасни книги беа скоро сите!
     
  14. sadangel

    sadangel Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    719
    Ех детство... Има многу книги. Почнувајки од Доктор Офболи,Робинзон Крусо, Волшебното самарче, Орлите рано летаат,Том Соер, Таро од земјата на планините, Бојан, Втора смена па се до Марта и Исти очи од Горјан Петрески. Навистина се прекрасни дела. :)
     
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.487
    Оф оф оф, какво прекрасно темиште! Пак ме вративте во детството а јас вечен носталгичар и емотивец :$

    Пипи Долгиот Чорап, сите приказни од Браќата Грим, Грчките митови и легенди, Зоки Поки, Бон и Бона, Возот в снег, од Велко Неделковски Како расте Пенчо (поздрав до комшијата, уште си ја чувам потпишана од него :lol: )....епа многу ги има. Утре ќе и одам на гости на мама, па ќе прочепкам по книгите.

    Имаше една книга премногу си ја сакав, се работеше за некое девојче кое ќе се изгуби и ќе ја спаси некој чуден човек кој живее осамен во пештера на Водно.
    И уште една кај што едно дете се враќа дома од школо, влегува во лифт, и лифтот не застанува туку излетува од зградата и го носи во непознати земји - и тука почнуваат патешествијата.
    Ако му текне на некој, нека ме потсети како се викаа книгиве, ако не - секако утре ќе прочепкам па ќе ги најдам :)
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    5.496
    Леле Пирамитке, ме потсети на книгата, ја знам... мислам дека со едно девојче беше, ама да ме отепаш, не ми текнува како се викаше, „Волшебниот лифт“ ли беше или како... а многу ја сакав. Инаку дома имам уште од тие моите детски книги... ама повеќето ги земав од библиотеката.
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.487
    Леле Анат, да! Таа е. :clap: Со сини корици нели? Од Славка Манева ако не се лажам. Некаде, во некоја земја, девојчево наиде на тревник и тревата многу ја скокоткаше па требаше да најде зелен конец за да престане да ја скокотка и да може да продолжи понатаму и мислам имаше бумбар кој се викаше Зуза, нели? :?:
    А може ми е се каша попара во главата, ама на вакви некои моменти од книгата се сеќавам. Многу ја сакав.
     
  18. sonce777

    sonce777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    164
    Возот в снег,Белото циганче,Волшебното самарче,Децата од павловата улица,колку сум плакала на овие книги.Детство мое убаво време минато.По цела нок книги сум читала.
     
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.600
    Допаѓања:
    9.439
    ех, колку убави книгички си читав. :)

    Пипи долгиот чорап секогаш ќе ми остане во сеќавање. Уште памтам кога си измисли зборче и му бараше значење. Спунк-беше зборчето :D
    Втора смена од Велко Неделковкси мислам дека беше, исто така ја памтам добро.
    Двојјната Лота од Кестнер ја сакав премногу зошто имав другарка со која личевме, и не викаа Лота и Луиза :D
    Девојките на Марко ја памтам по тулумбите.
    Понатаму Хајди, Милосија, Волшебното самарче,Малиот принц, Белото циганче.....

    ...Скоро сите книги на Горјан Петревски ми имаат печат оставено, а кога го запознав уште толку повеќе ги засакав книгите! Интересно што скоро од секоја книга што сум ја читала како мала, памтам некој цитат или дел на кој се потсетувам кога нешто ќе ми се случи. Ама дефинитивно Г.Петревски највеќе имаше удел во моето детство преку книгите.
     
  20. GeorGinnA

    GeorGinnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.944
    Кога бев мала-мала ја сакав многу Камчето на сакањето,ја имав прочитано сигурно 4-5 пати.Хајди,Исти очи,Марта,Пајажината на Климентина,Срце,Улавите години-сите тие дојдоа малку подоцна,но и до ден денес си ги памтам како омилени од основно:)
     

Сподели ја оваа страница