Има луѓе, кои веруваат дека судбината е во ѕвездите запишана,во линијата на дланката, ма дури и во диносауруси Има луѓе кои споделуваат икони за среќа, мислат дека животот нема смисла и дека се ослабнува пет килограми за една недела. Има такви, кои сметаат дека ние сме креатори, други дека животот е карма. Луѓе сме, во сешто веруваме. Но иако, нашиот светоглед може да се разликува, едно нешто, не поврзува. Желба за позитивен ден Прекрасни моменти Среќен живот. Ова нека биде катче, во кое ќе гледате само шаренило.Споделувајте позитивни мисли, техники кои ги користите, аудиокниги, хопонопоно, афирмации кои ви служат, па и конкретни примери од вашиот живот, кои сметате дека се за тука.Линкови од водена медитација, музика за опуштање и слично. Освежување до освестување. Може и до онесвестување, ако некој користи трансцендентална медитација. А, ако има иманенција, зошто да не и трансцеденција? Имајте убав викенд и запомнете дека:Се е добро и ќе биде подобро. Животот е прекрасен, и е подарен за да го живееме најубаво. Мене ќе ме има секој ден, може и по неколку пати ( ц,секакви не има). ... Несомнено е дека, ова е алатка за подигнување на расположението и позитивно размислување кое е тесно поврзано со човековата психологија. Нејсе, за поздрав живот. Затоа е прикачена во оваа рубрика.
Прекрасна тема... Инаку според мене среќата е во малите нешта.На пример: чоколадо,книга,филм,насмевка од непозната личност,децата,хуманоста... Една од најинспиративните книги: Најголемиот трговец на светот. Мој личен став е дека секој сам си ја ствара смислата на животот. И за крај една прекрасна мисла: После дождот доаѓа сонце но и виножито.
После сонце доаѓа Ѕуница, такуѓере и по некоја љубовница од сини длабочини, за оној кој ја љуби ... Супер што се активира @SeaMermaid . @Bitter-Sweet Арно викаш, касно ми текна. Изгледа така требало да биде.Фала што ни дојде. Спокој.
Афирмацијата е замена на нефункционалните негативни сфаќања, а промената настанува природно и лесно. Со текот на времето ќе почувстувате промени кон надворешниот свет, а доволно е неколку пати во текот на денот во себе да си повторувате одредена афирмација. Еве неколку: 1. Афирмација за здравје – Секоја станица од моето тело е здрава и полна со енергија. Ги негувам своето тело, ум и душа. Моето тело се лекува брзо и лесно. 2. Афирмација за благосостојба – Што и да работам постигнувам благосостојба и знам дека тоа го заслужувам. Колку повеќе сум благодарен, толку повеќе причини имам за заблагодарување. 3. Афирмација за љубов – Знам дека заслужувам љубов и ја прифаќам. Давам љубов и таа ми се возвраќа дупло повеќе. Се радувам на љубовта секој нов ден. 4. Афирмација за љубовна врска – Имам прекрасен партнер и нашиот однос е среќен и мирен. Се ослободувам од очајот и дозволувам љубовта да ме пронајде.Привлекувам само здрави односи. 5. Афирмација за слабеење – Мојата телесна тежина е оптимална за мене. Свесно бирам здрави накиви. Одбирам да вежбам. 6. Афирмација за самодоверба – Како што верувам во себе, така верувам и во другите. Ги изразувам своите потреби и чувства. Јас сум уникатна личност – креативна, прекрасна и посебна. 7. Афирмација за среќа – Животот е радост, исполнет со прекрасни изненадувања. Мојот живот е среќа, исполнет со љубов,благосостојба и пријателство. Ги бирам љубовта, среќата и слободата, го отварам моето срце и дозволувам убавите работи да навлезат во мојот живот.
Ова е нешто најубаво што го прочитав денес Љубим те Џинџерче, и тој прекрасен мајндсет што го имаш! Let's start... со најкјут цртеживе воопшто по нет
@Someonespecial Ќе вибрираме заедно, високо и само високо! Јас реков еднаш, дека си дете на сонцето, што најсилно сјае. Ајде la la la la... When we all give the power We all give the best Every Minute of an hour Don't think about a rest When you all get the power You all get the best When everyone gives everything And every Song everybody sings Then it's life Life is life Life is life
Супер тема Внимавај што посакуваш - остварливо е!! Па посакувајте убави, позитивни, среќни нешта и такви и ќе добивате Моќта е во нас!
Со чисто срце, се посакуваат само убави нешта. А за моќни, нај. П.С. За Бубале, оти, оти немогуќе е да ја тагнам. But I see your true colors. Shining through. I see your true colors. And that's why I love you. So don't be afraid to let them show!
Визуализирате ли? За песочни плажи и лелени кошули... Тиркизна вода. Бранови и прегратки. Затворете очи и замислете дека сте таму каде што посакувате. Направете идила во вашата глава. Универзумот не прави разлика дали е тоа реалност или визуализација. Пробајте да ја чувствувате среќата и исполнетоста на вашето срце. На правото место ли сте ? Конечно го имате тоа што ви треба. Уживајте го. Со насмевка. Го имате кога и да посакате, само бидете спокојни. Правете го тоа почесто, важно е да ви е комотно. Со каква енергија ќе го завршите денот, со таква ќе ви започне утре. Лека ноќ
Среќата започнува од нас самите. Силно сум убедена дека ако сам веруваш дека нешто добро ќе ти се случи,тоа навистина ќе се случи. Сите нас среќни не прават различни нешта така да самиот поим за среќа е многу субјективно доживување за определени работи. Верувам дека секој од нас имал тешки периоди кога мислел дека ништо не му оди од рака, но на крајот од денот сите сме дошле до таа точка во жвотот кога коцките неочекувано почнале да ни се редат онака како што ние сакаме. Потребно е само да се има верба дека се ќе биде во ред и трпение универзумот да си го стори своето. Нормално не треба да се седи со скрстени раце и понекогаш треба сами да ги засукаме ракавите за да ни се остварат желбите, но на крај се ќе биде во ред. Потребно е кога ни е најтешко да смогнеме сила во себе да останеме со позитивна мисла и искрено да верувам дека еден ден ќе дојде нашето време. Барем јас последниве години се трудам да гледам на позитивните работи што ми се случуваат во животот без да дозволам да ме депримираат лошите ниту да ми ја земаат енергијата. Позитивната мисла чуда прави.
Еј ти што го читаш ова. Ти тука дојде со намера да собереш некоја позитивна вибрација. Можеби погоре веќе ја собра но јас и со ова мислење ти ја давам истата затоа што ти веруваш дека е така. ВЕРУВАШ ! ПозЗ3³ ®
Се е до личната перцепција И имагинација Најважна е позитивна мисла И вербата во тоа дека ништо не е невозможно
Добро утро! @Bozica1980 @Someonespecial @Ketchup @SeaMermaid @КикиМаус Бубале @okcenzi @AnaKarenina @Bitter-Sweet @sjdgo @Arien @Abeja @Winter Lady @LUCI 99 @vanna @dzeliii @joy1 @SuperGirl24 @MiloMalo @Outlook