Тука ќе дискутираме за сировата исхрана кај нашите месојадни миленици. Јас моето куче го префрлив на ваквиот начин на исхрана и не зажалив. Имаше проблеми со аналните жлезди и по неколку недели сирово, престана да се чеша, ѝ порасна крзно на местата каде што беше со рани од чешање и се врати во форма (беше дебелка од дехидрати и варена храна). Ја хранам со 2% од нејзината тежина, односно 500г дневно. Како да го префрлите вашето куче кое претходно било хрането со дехидрат, на raw? Процедурата е прилично лесна. Прво треба да го запознаете кучето со полесен протеин, како пилешко или мисиркино месо. Храната не се меша со претходната, зашто така е потешко за кучето да ја вари. Во raw има едно правило при кое што секој треба да се придржува. Тоа е 80/10/10 односно 80% месо, 10% сирови коски (за фосфор и калциум) и 10% органи (содржат А витамин(најпрепорачливо е 5% џигер и 5% друг орган)). http://www.raw4dogs.com/calculate.htm Еве ви и калкулатор за да знаете колку грама дневно треба да јаде кучето. Откога ќе го претставите првиот протеин, можете да одите со вториот. Сега може да се почне со црвено месо. Јас веќе го претставив овој протеин (телешко месо), но не заборавам на пилешкото месо. Сега ќе го дадам и третиот протеин, свинско месо. Откако ќе го претставам третиот протеин, ќе почнам да ѝ давам папалини и сардини еднаш неделно. Паралелно ќе ги давам овие 3 протеини. И нешто како за крај.
Нaшите резултaти oд 1 месец сирoвa исхрaнa. Пoсјaјнo крзнo сo пoјaкa бoјa, пoцврст измет кoј е вo пoмaли кoличини, цврсти, бели зaби и штo е нaјвaжнo, нaхрaнет кaрнивoр кoј непрестјaнo мaвтa сo oпaшкaтa.
15 кг месo, кoски и 2 видa секретирaчки oргaни, 3 рaзлични прoтеини и беше дaлеку oд ценaтa кoјa јa плaќaв зa суперпремиум дехидрaт. Зa сетo oвa плaтив 665 денaри, дoдекa зa суперпремиум дехидрaт плaќaв 3800 денaри зa 12 кг. Инaче земaв 7 јaгнешки глaви, свински рбет, телешки и свински џигер и мисиркини бaтaци.
Jas sega pocnuvam da se educiram na temava i mnogu sum srekna deka kaj nas ima luge sto hranat raw! Mozete li da me nasocite kade da baram razni organi? Momentalno samo pileski naogam, se javuvav vo nad 20tina mesari, vlagam prasuvam vo mesari uspat so mi se i cudno mi reagiraat koaga baram nesto vakvo, i iskreno se razocarav poslednive 2meseci. Mnogu bi mi znacelo ako mozete da mi kazete od kade zimate raznividni organi. Fala vi odnapred!