Секоја недела ќе се менува темата и ќе може гласате за изведувачот што повеќе ви се допаѓа. Пред да се смени темата ќе се пребројат гласовите и ќе се прогласи победник. Предлозите напишете ги во темава во склоп на постот. Оваа недела Џенифер Лопез и Ријана се во дуел. Според вас која има поубави песни? Риана или Џенифер Лопез?
Риана ВС Џенифер Лопез Риана има поубави песни и има поубав глас а иначе нејзина најубава песна ми дајмондс ин д скај
Риана ВС Џенифер Лопез Не е лоша темата, да се праи компарација на пеачи и пеачки, само може неделно да се менуваат по две секоја недела различни(како што е темата за актерки и актери во Тв и Филм, нешто слично). Зашто брзо ќе стане веќе исти коментари и ќе се исцрпат критиките и пофалбите. Јас за овие сум воздржана и двете ми се крш. Ријанчето можи има посални песни, Џениферка е моментално во најлошо издание можно, али какви песни може да имаш кога со Пит Бул соработуваш. Гласовни можности- и двете се средно жалосно. Добра е идеата, не мора одма да идете со канта, секако музика не е ич исполнета, има многу теми што фалат да се додаваат.
Риана ВС Џенифер Лопез И јас истото го мислев ко Хипстер, што се читаме. Може прос и конс на двете да се напраи, една убава рецензија на албумот што најмногу ви се допаѓа од нив две, што имаат заедничко, што не, зашто едната ви е подобра, другата не. Бар да живне категоријава, неделно нека се менуваат, да си поставуваме предлози итн. Јас утре ќе пишам поопширен одговор, ако не се затвори темава.
Риана ВС Џенифер Лопез Океј, да не оди во канта темава, ќе се преименува и ќе се менува на одредено време. Во мислењата ќе може да гласате, па на крај ќе се пребројат гласовите и ќе се прогласи победник. Предлози испраќајте по лп или во склоп на мислењето напишете во темава.
Дуел за оваа недела: Џенифер Лопез vs Ријана Јас Џеј Ло имам слушнато нешто одамна, а Ријанчево освен што е тепано, голо и лошо пее во живо...што да кажам. http://www.youtube.com/watch?v=GSLSwwkLRW0 http://www.youtube.com/watch?v=lYfkl-HXfuU Или летс гет лауд... хитчиња на времето. Од денешната музика на двеве, ништо не сакам нит слушам
Дуел за оваа недела: Џенифер Лопез vs Ријана Јас конкретно за неделниов дуел ќе бидам воздржана и нема да гласам, значи исто како да не сум пишала, од причина што немам ништо консртуктивно да напишам за госпојциве, ама еве вие што пишувате и сега и за понатака, кога ќе пишувате пример гласам за Петкана не за Стојна, дајде некоја причина барем, да не испадне си редиме именциња само надоле. Зашто гласате за таа, а зашто не за таа другата или другипт ако е пеач, или групи може, зашто да не. Да биде малку поконструктивно, зашто во спротивност не би било нешто поразлично од темите во форумски игри, а не е тоа поентата на оваа категорија музика. Може темичкава убаво да се развива, ако се придржуваме ние ченовите до одредени правила,инаку дефинитивно нема да има сврха.
Дуел за оваа недела: Џенифер Лопез vs Ријана Гласам за Џенифер Лопез.Мене ми е срцка и изгледа бомбастично но не би ја ставила во групата на пејачки, повеќе нејзините концерти ми се шоу отколку концерти.Инаку сум една од ретките што неможам да ја сварам Ријана.Глас никаков, признавам дека секоја песна и е хит но нејзината појава ми е антипатична.На почетокот почна како младо наивно девојче а сега незнае кај тера, од лезбејски спотови, рап песни, рок и поп. Работава за се ме бива
Дуел за оваа недела: Џенифер Лопез vs Ријана дефинитивно гласам за J Lo,многу ми е по добра и пеачка и како личност,Ријана воопшто не ми е стабилна личност,ок има неколку песни што и се убави ама сепак не и е ни до колена на J Lo,од Џенифер песни што беа хитови пред 10 год.се уште се слушаат а од Ријана хитовите се хитови по 3-4 месеци и толку. http://www.youtube.com/watch?v=t4H_Zoh7G5A http://www.youtube.com/watch?v=IgLcQmlN2Xg http://www.youtube.com/watch?v=4kGvlESGvbs
Дуел за оваа недела: Џенифер Лопез vs Ријана Ријана дефинитивно! Нема една песна што станала хит а не ми се свиѓала. На Џенифер и се океј песните, мене не ме привлекуваат а искрено одбивна ми е бидејќи има 40 и кусур години а пее за тоа како она танцува до утринските часови со момци околу неа... многу неприлагодно. Оди гледај деца таму, остај ја младава генерација да си се замара со тоа
Дуел за оваа недела: Џенифер Лопез vs Ријана Ријана 1.RainbowGirl 2.WaterGirll 3.drugarka 4.Buterflygirll 5.psychic 6.xxx-ba Џенифер 1.Flower27 2.SummerGirl 3.alekce83 4.ane.bella Победник е Ријана во овој дуел. Честитки за неа. Ајде дајте предлози да ја менуваме темата.