Фемина готвач - Тема: Mесо во сос

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од CrazyOne, 4 декември 2015.

  1. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.592
    Пол:
    Женски
    Инспирирана од темата Фемина инстаграм и фото натпреварот, решив да ja отворам оваа тема. Знам дека и доста сакаме да готвиме.
    Целта на оваа тема е во одреден период да се прават jадењa на одредена тема, да се постави слика од јадењето, па потоа да се гласа за наjдобрата..
    Правилата на темата се:
    • 4 дена да се направи (зготви) зададената тема и да се постави слика - четврток, петок, сабота и недела
    • 3 дена за гласањe - понеделник, вторник и среда
    • Сликите може да се направени со било каков апарат, телефон и слично
    • Можете да се приjавите само со една фотографиja
    • Фотографијата не треба да е веќе објавена во друга тема
    • Победникот одлучува за следна тема
    • Доколку нема рецепт покрај сликата, членката нема да биде ставена во анкетата за гласање
    Како за прва тема и да го скршиме мразот нека бидат добро познатите ПИЦИ. Каква и да е капричиоза, маргарита и сите останати видови на пициж

    Поминати теми досега
    1. Пици
    2. Ориз
    3. Чоколадо
    4. Тестенини
    5. Бомбици
    6. Месо
    7. Салати
    8. Ладни сендвичи
    9. Македонска традиционална кујна
    10. Чоколаден мус
    11. Посна трпеза
    12. Компири
    13. Палачинки
    14. Ситни колачи
    15. Тиквици
    16. Јајца
    17. Мафини
    18. Овошен десерт
    19. Шпагети
    20. Оброк во тегла
    21. Сладолед
    22. Пиперки
    23. Риба
    24. Чизкејк
    25. Домати
    26. Слатко - солено јадење
    27. Закуски
    28. Супи/чорби
    29. Мелено
    30. Еклер
    31. Кремаста салата
    32. Шарена декорација
    33. Пилешко на мој начин
    34. Тортиљи
    35. Тиква
    36. Печурки
    37. Се’ од тесто
    38. Чајни колачи
    39. Колач од тефтерот на мама
    40. Топли пијалоци
    41. Новогодишна Трпеза
    42. Божиќни рецепти
    43. Даска
    44. Рецепт со готови кори
    45. Домашно лепче
    46. Интернационална куjна
    47. Здрава храна
    48. Тортелини со сос
    49. Се од jаболки
    50. Листест зеленчук
    51. Посен десерт
    52. Кифлички
    53. ќoфтињa
    54. Мешана скара
    55. Тиквички
    56. Макала
    57. Торта
    58.Крофни
    59.Македонско-турски специјалитети
    60. Морски плодови
    61. Коктели
    62. Ражничи
    63. Солени торти и ролати
    64. Десерт во чаша
    65. Полнети работи
    66. Употреби три состоjки
    67. Поховани работи
    68. Авокадо
    69. Чиа семе
    70. Бисквити
    71. Благи ролати
    72. Брокула
    73.Штрудла
    74.Таљатели
    75. Браунис
    76. Омилен појадок
    77. Оброк готов за 20 минути
    78. Пастрмаjлии
    79. Динстано месо со зеленчук
    80.Ненајавени гости, буџет 400 мкд
    81. Храна за носење
    82. Рецепти со грав
    83. Зелник
    84. Бомбици
    85. Рецепти со шербет
    86. Рецепти со цимет
    87. Рецепти со праз
    88. Новогодишна трпеза
    89. Божиќен десерт;
    90. Фамилијарен ручек
    91. Свежи и крем салати,
    92. Сос за тестенини,
    93. Печен компир,
    94. Полнет зеленчук,
    95. Посни рецепти,
    96. Затворено полнето тесто,
    97. Рецепт со пудинг,
    98. Романтична вечера,
    99. Омлет на ваш начин,
    100. Пролетна салата,
    101. Велигденски рецепти,
    102. Пржено тесто,
    103. Пица,
    104. Домашен чипс,
    105. Пролетни јадења,
    106. Јадења со ориз,
    107. Рецепти со јагоди,
    108. Мафини,
    109. Лесен летен оброк
    110. Овошен колач,
    111. Сендвичи,
    112. Намази,
    113. Овошна салата,
    114. Појадок од/за саканите,
    115. Зеленчуков микс,
    116. Интернационални јадења,
    117. Летни освежителни десерти,
    118. Пирошки,
    119. Посни десерти,
    120. Супа,
    121. Палента,
    122. Брз/едноставен десерт,
    123. Солени јадења со млечни производи,
    124. Погача
     
    На Dust, Βικτωρία, DVAANGELA и 29 други им се допаѓа ова.
  2. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    61.294
    @CrazyOne браво за темава :clap:
    Имам само едно дополнување... Покрај фотографиите во спојлер да се пишува рецептот!!!

    DSC00126.JPG



    Затворена пица
    1 чаша вода
    1 чаша зејтин
    1 чаша млеко
    3 мали лажички шеќер
    1 голема лажица сол
    1 свеж квасец (1 1/2 сув квасец)
    1 кг брашно
    *** Чашата за мерење на течностите е од 200 мл...
    Се замесува тесто од сите состојки - водата и млекото треба да бидат млаки, а квасецот „стасан“!!! Добро измесеното тесто се дели на топчиња и од секое се расукува кора не многу тенка. На пола од кората се става кашкавал, печирки, шунка, маслинки, кечап, оригано... и се преклопува со остатокот од кората. Се завиткува убаво по краевите за да не „истече“ полнењето, стасува и се пече!!!
     
    На Antebellum, Konfetka, Roksifoksi и 52 други им се допаѓа ова.
  3. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.592
    Пол:
    Женски
    @Val-Dim фала за дополнувањето. Знаев дека нешто испуштив :D
     
    На Val-Dim му/ѝ се допаѓа ова.
  4. iskraFem

    iskraFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    received_1089834911029746.jpeg
    Користев готови теста :$ и ги наредив со кечап, кашкавал, шунка, печурки и пак кашкавал плус оригано
     
    На Βικτωρία, okcenzi, DVAANGELA и 43 други им се допаѓа ова.
  5. Bloom19

    Bloom19 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2015
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.604
    Пол:
    Женски
    12341068_10201087870635618_2297856955802596403_n.jpg

    Полар тесто за пица
    150 гр кашкавал
    100 гр печеница
    печурки
    кромид
    маслинки со пиперче
     
    Последна измена: 6 декември 2015
    На Βικτωρία, DVAANGELA, sjdgo и 32 други им се допаѓа ова.
  6. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Браво за темава! :clap:

    Еве од мене пица со четири сирења. Ќе ја искористам фотографијата од пред извесно време, но пицата секако нема ни денес да изостане, бидејќи сакам да го потрошам мувлосаното сирење. :)

    [​IMG]

    Тестото го правам сама, а рецептот го имам пишано во соодветна тема:
    http://forum.femina.mk/threads/Тесто-за-пица.992/page-4
    Освен тоа, ставам гауда, зденки, моцарела, пармезан и мувлосано сирење. Гаудата ми служи како „подлога“ за моцарелата и за зденките.

    Го расукувам тестото, го ставам во тавче, го засекувам на осминки и го ставам на 220 степени да се потпече (не го премачкувам со доматен сос). Потоа, кога има уште малку за печење, го вадам и на секоја четвртина редам сирења: на една оди гауда + зденки, на соседната - неколку парчиња моцарела како подлога и одозгора мувлосано сирење (за моцарелата да го неутрализира малку пресолениот вкус на другото сирење), на таа до неа - гауда + моцарела (за да не биде без вкус) и на последната четвртина - пармезан. Одозгора наросувам оригано или босилен (освен на четвртината со мувлосано сирење). Враќам во рерна уште малку за да се растопат сирењата и тоа е крај на целата приказна. :) Нормално, со ова обавезно ми оди пиво, или ако некој од нас двајца е болен - бело вино, а како додаток, кој го користам само јас (посилнава моја половина ужива само во вкусовите на сирењата) е домашен доматен сос со некој зачин.

    Бон апетит! :pizza: :beer:
     
    На Βικτωρία, Anacid, mira.mira и 62 други им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.727
    Допаѓања:
    323.743
    Пол:
    Женски
    На кој начин ке се види кој е победник?Ке има посебна анкета или по број на лајкови? :)
     
    На Βικτωρία и lovemme им се допаѓа ова.
  8. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.592
    Пол:
    Женски
    Со анкета. Исто како каj фото натпреварот само овде се готви на дадена тема. :)
     
    На Βικτωρία, Citko и joy1 им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    [​IMG]
     
    На Tinushka, Βικτωρία, DVAANGELA и 33 други им се допаѓа ова.
  10. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.961
    Допаѓања:
    81.753
    Пол:
    Женски
    На Βικτωρία, DVAANGELA, sesilija и 27 други им се допаѓа ова.
  11. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Уште една гурманска тема :clap: :pizza:

    Ова е интегрална пица ( со ржано, пченично и хељдино брашно) со домати, маслинки, мисиркини гради, лута пиперка и едамер, а зачинета со босилек и оригано.

    PicMonkey Collage.jpg
     
    На Βικτωρία, GabyTranceॐ, DVAANGELA и 59 други им се допаѓа ова.
  12. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    На Кајгана ја има истата тема, само таа е да се направат јадењата, а не од архива, иако неможеш да знаеш дали се сега приготвени, таму мислам една недела да траеше натпреварот, и мислам дека награда даваа.Во последно заборавив да ја отварам таму темата, иако планирав да се зачленам и таму за да објавувам.Е сега би предложила победникот да избира поинакви теми, некои сложени рецепти и несекојдневни јадења.Како на пример чизкејк, тирамису, канелони, пасти, специфични десерти, чурос, пити, тартови, лазањи и разно.Подобро е да се зададе предизвик и да се направи нешто или ако веќе имаме архивско :envy: (за мрзлите ко мене хаха) ама ќе се трудам да ги правам бе:drunk:Мене поинтересно ми е кога нешто го правам за прв пат.Ама и така е убава темата, алал да ти е Крејзи, јас планирав да ја отварам темата пред некое време, ама мислев дека ке нема да биде активна, и ќе летив на гров хм, се жалам мислев во канта :rofl:.Ке ве лајкнам утре, и ке ставам нешто од мене.Поздрав милички, го запоставувам форумот во последно, ама ова се моите омилени теми :* :hug: Гушки до ситее !! :?:
     
    Последна измена: 6 декември 2015
    На Βικτωρία, Salome, mareane и 11 други им се допаѓа ова.
  13. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.592
    Пол:
    Женски
    @Winter Lady Сум ja видела и jaс темата на Каjгана. Не знаев овде како ке се одвива истата тема, иако знам дека фемина инстаграм нон стоп е активна и има феминки кои стварно ги бива да направат нешто ( не потценувам никого да се разбереме). Како за прв пат е одбрана оваа тема со пиците, па да видиме како ке се одвива понатака.
     
    На Espadrila и Βικτωρία им се допаѓа ова.
  14. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    Важи само домашно зготвено нели, не од ресторан, да нема забуна за некој. Да секој не го бива за готвење, а јас само за баници ми е малку потешко иако другите работи ми се лесни.Се правам што за кратко време се научив ама баш се да готвам, иако ретко готвам, а до пред 1 ипол незнаев а подпржувам манџи.Ама за другото од мала се интересирав и помагав дома. :D
     
    На SunnyGirl2, Βικτωρία и CrazyOne им се допаѓа ова.
  15. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.058
    Допаѓања:
    19.592
    Пол:
    Женски
    Да да домашно направено. За од ресторан лесно е :D Тоа ми беше и целта на темата, да се даде одредена тема и да го направиме тоа во одреден рок.
     
    На Βικτωρία му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Жени aкo не се рaзмуaбетите не ве бивa, се си е кaжaнo вo првиoт пoст, гoтвете и пoстирaјте. Зa муaбети имaте еден куп други теми.
     
    На Espadrila, Βικτωρία, Tajnaotrovna и 17 други им се допаѓа ова.
  17. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    пицава изгледа превкусно :pizza: сирењава ми се слабост :D
     
    На Βικτωρία, tanja manja, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    [​IMG]
    Се надевам е океј што ја имам постирано сликата.:tmi:
     
    На Βικτωρία, DVAANGELA, zhap4e и 21 други им се допаѓа ова.
  19. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    23.164
    Пол:
    Женски
    Snapchat--1705245401173249226.jpg
    Od snapchat e spushtena ali mislam deka nema veze:wasntme:
     
    На Annath, Tinushka, Βικτωρία и 15 други им се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.189
    Допаѓања:
    56.705
    Пол:
    Женски
    Супер тема. :clap:

    Ајде и мојата од викендов.
    [​IMG]

    Обично пица тесто - брашно вода, шеќер, сол и маслиново масло. Одозгора ставив ваква шунка - ја има во Тинекс и ви ја препорачувам, одлична е.
    [​IMG]
    Сосот е лут домашен, и има младо козјо сирење, горгонзола и грана падано.
     
    На Βικτωρία, DVAANGELA, zhap4e и 33 други им се допаѓа ова.