Како ,,не месар,, пилешко обожавам. Можам да го јадам на секаков начин. Мило ми е што ви се допадна темата.
Ќе ви се приклучам и јас за прв пат. Вчера правев да знаев за темава ќе го сликав од поубав агол . Ама гарантирам дека е вкусно. Пилешко во лимон сос Состојки: -300 гр пилешко филе -изренадана кора од лимон -половина сок од лимон -1 кромид -1 пиперка -250 гр свежи шампињони -хопла -сенф, зачини,путер За прилог: -млади комири -сусам, зачини -кашкавал -половина чаша пиво Рецепт:Пилешко филе се сече на коцкички и се премачкува со сенф и зачини. Во меѓувреме во тава пржиме свежи печурки на путер со зачини и ги тргаме настрана. Пилешкото го пржиме со кромид и една сецкана пиперка, и додаваме чаша вода откако ќе се испржи за да омекне месото, кога ќе се издинста ги додаваме печурките и рендаме кора од лимон и сок од половина лимон, се промешува и се додава зачин (јас ставам провансалска мешавина омилен ми е). Потоа се додава хоплата да проврие и да ја добие густината. За прилог, млади компири, прво се варат (не се лупат), па во тава премачкана со путер се сечат на колца, се зачинуваат јас им ставам сусам и рендан кашкавал и се печат во рерна и при крај се додава пола чаша пиво за да бидат покрцкави.
За да поматам сметки малку, решив да се приклучам и јас, иако деновиве немав кога да спремам пилешко. Ама затоа архивата е полна со слики, па, можам да учествувам. Пилешко на мој начин: Пилешки прсти Потребно е (за двајца): околу 300 g пилешки стек (свеж или замрзнат, сеедно) презла 1 јајце сусам брашно зачини (сол, бибер, црвен пипер, оригано) Пилешкиот стек се сецка на тенки, околу еден прст, резанки. Ако е замрзнат - уште подобро, иако ќе се помачите малку со сечењето. Потоа се посолува и се наросува црн бибер. Во три длабоки чинивчиња ставаме брашно со црвен пипер и оригано, јајцето размешано и презлата измешана со сусамот. Прво ги валкаме прстите во брашното со црвен пипер и оригано, потоа во јајцето, па во презлата со сусам. Откако ќе ги средиме сите, во тавче на средна температура се пржат. Јас ги пржам во маслиново масло и ставам колку да се покрие дното на тавчето. Не ги давам во масло. А и не впиваат толку многу како што е вообичаено со похованиците. Откако ќе заруменат, ги вадам на чинија обложена со кујнски брисач. Однадвор се крцкави, а внатре се меки и сочни, што е реткост за стек во кој било облик. За сосови: мајонез 1 кисела павлака краставица (сега дури може и од туршија) сенф мед За едниот сос во длабоко чинивче се истура киселата павлака, се става мајонез за вкус и по вкус и ситно се сецка краставица. Другиот сос не го обожавам многу, па не го ни правам, ама еве нека стои како предлог - се меша сенф со една лажичка мед и се додава малку бибер. За прилог - помфрит. Обично купувам бланширан, во ќеса замрзнат, па го пржам, го посолувам и му наросувам оригано понекогаш. Со пиво, за со филм или утакмица - петка! Добар апетит!
Pohovani krilca. Krckavi Krilcata svareni. valkani vo jajce,pa vo prezla,susam i vegeta i malku crven piper. Garnir pomfrit i tartar sos.
Кoпaни сoс oриз, клaсикa. Се зaпржувa крoмид, пиперкa, дoмaт и oризoт нa крaј сo зaчини -сoл, вегетa, бибер. Се дoдaвaaт свaрените кoпaни и се пече вo рернa. Кoлку дa ме имa.
Море море, сите во недела пилешко ручаме Од мене денес Пилешки стапчиња со пиво и суви зачински билки Три поголеми свежи пилешки стекови се потопуваат во млеко (од прилика 150-200 мл) и се оставаат во фрижидер да отстојат преку ноќ. Месото се вади од млекото. Воедно се забележува дека дел од млекото е впиено. Се става на даска за чукање, се посолува малку од двете страни и се покрива со проѕирна фолија за да не прска. Откако малку ќе се исчука стекот, се вади фолијата и се сече на средно големи стапчиња. На загреана тава се растопува маслиново и путер и се ставаат пилешките стапчиња да се пржат на средна до умерено јака температура. Се додава бибер по желба и две мали лажички вегета. Откако ќе испари водата од месото веднаш се додава 200 мл светло пиво, две лажички сушена жалфија, една лажичка сушена мајчина душица и неколку ливчиња сув ловоров лист. Се покрива со капак и се остава да се динста на тивко. Откако ќе испари течноста, месото се остава кратко да се запржи колку да зарумени и се трга настрана. Пилешкото брзо се препржува, а во овој случај и сушените зачини може да изгорат па да горчат, затоа треба да се внимава. Останатиот прилог во чинијата: печени компири, моркови и пашканат, салата од марула, маслинки и сос од сенф, јогурт, лимон, маслиново и сол којшто се става во пообилна количина под месото и врз салатата. Бујрум.
Печено пиле со компир и кромид Најпрво убаво се премачкува цело пиле со сенф,вегета,сол и масло и се остава 2 часа во фрижидер. Потребно е околу 1кг компир сечен на поголеми парчиња неколку главици кромид. Тавичката се премачкува со зејтин и се става сол,се реди кромид сецкан на кругчиња и се става пилето врз нив.Од страна се редат компирите кои претходно се зачинети со малку кари,црвен пипер и црн бибер,сол и малку масло. Се пече околу 45минути со капак или фолија па кога месото и компирот ќе се веќе сварени се остава уште 20мин да се пече за да зарумени. Јас го печев подолго без фолија за да крцка Скршив мраз за прв пат и јас во темата
И мене ме нема на насловна. Ко да везените венчаници кои ги носи Ирина Шајк се побитни од мојата крем салата во палачинки. Бог да чува.
Се' со кавги кај мене мора да биде, така излегува. Нејќум. Достоинствено ќе игнорирам. Нека им служи на чест.
муабетот требаше да се задржи на Иринчено и неубавите венчаници, уствари..за се друго,не одговарам. Под дејство на апови сум.
Пилешко со ориз и зеленчук Се сецка стекот. се запржува со кромид, пиперка, па се додава целер и брокула. Може и морков. Потоа се додава оризот и вода. Од зачини, месото го пржев со кари и куркума и сол. Едноставно, брзо и вкусно. Еве уште една слика