Само што се вратив од една гиниколошка ординација и една млада давојка ми падна во очи додека нервозно шеташе по ординацијата. А пак нејзиниот сакан беше со неа ги слушаше нејзините зборов ... забележав позитивна насмевка на неговото лице.Ех што не сум машко.Па да не мора да го трпам ова. Да не мора да легнам на онаа справа да ги раширам нозете и некој да ми ја гледа мојата интима. Велеше таа..Е така е кога немаш памет во глава...када радиш о хо хо ,после јао јао шта је то.Ја слушав како си ја кажува својата мака јавно и се кае што имала секс без заштита и посакува да е машко .Но влегов пред неа па не го дознав крајниот резултат-се надевам дека нема да зажали што е женско -а пак ако е бремена ..пак ќе биде привилегирана што е жена- затоа што на свет ќе донесе плод на нејзината љубов
ех понекогаш посакувам, на пример кога имам пмс и премногу ме боли стомакот,си велам уфф да бев машко
Често се шегувам дека во следниот живот сакам да бидам машко Мислам дека на машките животот им е доста поедноставен. Може само така и си мислам, не знам Тие не раѓаат, но сепак родители се, и учествуваат во одгледувањето на детето рамноправно со мајката, така што не мислам дека тоа што раѓаат им е некој хендикеп, баш напротив - стануваат родители без никаква мака Да не спомнувам дека не добиваат менструација, немаат ПМС, не мора да се депилираат, поштедени се од сите такви маки. Мислам дека се привилегирани во однос на избор на професии, а особено се привилегирани кога се на раководна функција, бидејќи претежно на раководни функции се мажи, па фино си се разбираат, си седнуваат во кафана, си кажуваат мрсни вицови, и си тераат бизнис. Почнува ова по малку да се менува, ама ехеее, уште колку имааа... Сигурна сум дека не прават толку комбинации во глава како што правиме ние, од типот зошто сега ми рече вака, дали мислеше ова или она, или пак нешто трето - ние жените сто пати повеќе се замарараме со се и сешто. Традиционалната улога на обезбедувачи на храна за семејството веќе се губи, бидејќи со една плата не се живее, па и жените се исто толку под стрес колку и мажите. Ама ајде, ќе им попуштам и ќе речам дека обезбедувањето и заштитата на семејстввото не им е лесна работа. Во нашето општество од нив се очекува многу помалку одколку од жените - во смисла обврски во доомот, деца, работа. Среќа што ова се менува. Друга привилегија што ја имаат е да одлучуваат за некои работи, на пример кога ќе стапат во брак, бидејќи нели според традицијата тие треба да ја побараат девојката за жена. Да се биде жена знае да биде исцрпувачки. Сепак, и покрај сите маки, има неверојатна убавина во тоа
Не знам, убаво ми е што сум женско... ако ништо друго, секогаш можам да покажам слабост ако нешто не ми е по ќеф шегата настрана, Господ имал причина што решил да бидам женско. Ариел, не одлучуваат само мажите за бракот - денес и жените слободно ги просат, така што и тоа полека станува минато. Иако кај нас можеби уште дооолго време ќе биде традиција мажот да ја бара жената. Како и да е, повеќето работи што си ги напишала се точни. Ама пак не би сакала да сум машко.
море колку сакам да бидам машко што не ме родила мама машко колку пати и имам кажано машките се поштедени од мн работи што ние женските мораме да ги трпиме....нооо женските имаат предност-можат да носат штикли и здолништа
Па не баш. Убаво се чувствувам како припадничка на понежниот пол и покрај некои работи кои ми задаваат огромни главоболки и маки како депилација, пмс, козметички и фризерски третмани, менструални болки и ограниченост во тој период... Меѓутоа посакувам да може барем еден ден мажите да бидат жени, па да почувствуваат на своја кожа и пмс синдром и депилација (за оние кои тоа не го искусиле ) и се горенаведено, па тогаш можеби ќе можат вистински да не сфатат.
Многу пати сум посакала да сум машко ...уживаат не се замараат дали им е мрсна косата,дали треба ново нешто да облечат за излагање си излагаат со истите фармерки што ги носеле цел ден,шмика не им треба,не добиваат секој месец,не се депилираат,не гледаат дали ташната им одговара со чевлите и облеката едноставно полесно им е
Кога имам добиено , кога се депилирам , кога се нервирам за облека нешто .. Сакам да сум машко ми е единствена реченица Нели е лесно бе да се биде маж?
Da. Ponekogas posakuvam da bev masko...No koga ke pomislam kakvi zenski imaaa, dobro i maski nikakvi gi ima hihihi.. A i ke mi nedostigaat sepak suknjicki, shtikli, ova ona ))
Да, не понекогаш, туку многу често. Ќе знаев што сакаат женските и ќе бев најпосакуваниот маж на светот
јас ќе речам тука дека бар за мојон дечко само што не добива. абе да се чекало по 5 саати да се спреми уффф е стално викам не не сакам да сум машко среќна сум вака
Искрено,да Некако мажите ми се поцврсти,немаат маки од тип на бременост,менструација,нема излегување до касно...Сум посакала ДА,зошто да не бидам машко на еден ден,да видам како е
Кога бев мала не знам зошто, но се однесував како машко со еден збор бев машкуданка Што се не правев си играв со машки па дури и ги тепав Но со текот на времето кога влегов во пубертет си се јави таа женственост во мене и убаво ми е вака
Има моменти кога посакувам да сум машко. Мислам дека машките многу полесно напредуваат во кариерата. Сакале ние жените или не сакале сепак сме повеќе поврзани со фамилијата. Јас се уште немам своја фамилија и од секогаш сум мислела дека се ќе можам паралелно да водам во животот, и кариера и фамилија. Но, како се приближува моментот да формирам фамилија сфаќам дека реално е многу потешко за жената да биде успешна и дома и на работа. Сепак треба да одам на породилно и би сакала да сум дома за децата, а повторно мојата кариера е поврзана доста со патување, нетипично работно време и работа за викенди... Така да мислам дека за машките некои работи се поедноставни во животот и тогаш посакувам да сум машко