ТЕМА: Дечкото или другарката?

Мислење 04 Фев 2012, 11:31

Другарката Х има дечко веќе подолго време. Честопати излегуваме навечер нашето друштво (од женски) и неговото (од машки), а поретко денски на кафе.
На другарката У и` пречи дечкото, па честопати не доаѓа со нас, се лути ако излегуваме заедно, ја уценува другарката да не ја бара ако дојде и дечкото (без разлика дали сме групно, или само тие две излезени). А, кога е и таа со нас, се однесува многу диво, не прави муабет. Многу излегувања ни ги уништила. |(

Дечково е навистина културен, пристоен и прибран. Многупати на У ја има носено со колата дома (бидејќи таа живее подалеку), ако е со Х и У заедно, секогаш тој им плаќа, итн. :!:

Се потрудивме да и` објасниме дека тоа што го прави не е фер, да не се однесува како тинејџерка, но не сака да слуша. Многу е тврдоглава и себична. :^)

За што се работи овде? Што и` е во нејзината глава? Дали љубомора спрема другарката што е во врска? Сепак има 25год., и тоа однесување е чудно.

Се извинувам со Х, У, ама сакав подобро да објаснам.

Скриен текст: покажи
Темава може да стои за сите проблеми околу дечко и другарка.
Аватар на корисникот
girl.23

Жолто цветче
 
12161557
Мислења: 1790
Зачленет: 02 Јул 2011, 12:09
"Čovjek samo srcem dobro vidi, bitno je očima nevidljivo."

Мислење 04 Фев 2012, 11:58

Сте седнале ли некогаш да поразговарате во што е проблемот?
Јас го имав овој проблем, но кога седнав и разговарав со другарка ми, сфатив дека она дечко ми не го сакала од нејзини лични проблеми(односно, работите низ кои има поминато дечко ми ја потсеќале нанеубави спомени во нејзината фамилија), меѓутоа се објаснивме дека неможе така, дека секој човек си ја приказна за себе и дека секој на свој начин го живее животот , ги искусува работите, без разлика колку и да изгледа тоа слично со животот на некој друг.
Дечко ми за целото тоа време беше многу трпелив, не глумеше никогаш ништо, баш беше свој, културен до крај и муабет со нејзе и се, па така еве со тек на време ситуацијата се промени.
Искрено мене ми беше многу мачно, дури и сега не ми е секогаш сеедно, меѓутоа тоа е тоа, помина.

Поентата ми е дека со другарката У треба да седнете и да поразговарате, да видите од каде потекнува нејзиниот проблем, во што е работата и што е тоа што го поттикнува ова нејзино понашање.
Аватар на корисникот
meU

Сино цветче
 
25956
Мислења: 491
Зачленет: 22 Ное 2010, 15:03
Слика

Мислење 05 Фев 2012, 14:53

Можно е таа едноставно да е таков карактер. На некои луѓе едноставно ништо не им е погодено.
Но секако, можно е во позадина да постои и некој проблем. Единственото решение е да седнете и да поразговарате, ама искрено и отворено, да каже што точно и пречи кај него. Сепак никој не е должен да го трпи тоа нејзино однесување, се надевам дека ќе се разберете.
Аватар на корисникот
crazyinlove19

Жолто цветче
 
15021388
Мислења: 3095
Зачленет: 20 Мар 2011, 21:31
Локација: Far away.

Мислење 05 Фев 2012, 15:15

Другарката У има 25 години и така се однесува? Аууу... Не знам што би можело да е проблемот, сепак вие подобро си ја познавате каква е на карактер. Дали и кога сте сами женски е таква? Ако и со вас сами така се однесува тогаш можеби едноставно си е таква. :D А ако со вас е подобра, тогаш можеби и е љубоморна на другарката Х. А таа У нема ли дечко, ако нема како се однесува кога има? И како се однесувала со твоите дечковци? Многу е чудно ова, како дете некое се однесува. |( А убаво и е кога ја части и кога ја вози дома така? Тогаш е добар дечкото. Седнете и поразговарајте со неа во врска со нејзиното однесување. Прашајте ја зошто прави така, да не има некој проблем со некој од машкото друштво. Бидејќи ова е чудно... И како така ја уценувала Х да не ја вика ако излегува и дечкото. Па јас за инает дечкото би го одбрала бидејќи многу ме нервира кога некој ме тера да бирам! |(
Аватар на корисникот
Danilela

Жолто цветче
 
832447
Мислења: 1857
Зачленет: 03 Мар 2010, 02:45
Слика



Мажот неможе ниту да замисли, колку жената може да измисли!!!

Замисли да ја замислиш замислата на замислениот замислувач кој замислено замислува замислени работи!

Мислење 05 Фев 2012, 15:18

Сепак мора да постои причина за таквото нејзино однесување, можеби е заљубена во дечкото на другаркати па пробува да ги раздели на таков начин, бидејќи нејзиното однесување не соодветствува со вашето затоа мора да постои причина, инаку зошто би се однесувала така :?: . Разговарајте со неа па ќе ја откриете причината на нејзиното такво однесување. Штом ти велиш дека дечкото е културен фин и нема простор таа да не го поднесува тука нешто се крие.
Последна редакција: love23 на 05 Фев 2012, 15:26; редактирано еднаш.
Аватар на корисникот
love23

Зелено цветче
 
695583
Мислења: 563
Зачленет: 08 Дек 2010, 12:01
Не го прави она што не сакаш да ти го прават!
Слика

Мислење 05 Фев 2012, 15:19

да не има праено У со дечково нешто или е заљубена во него?
само на тоа ме асоцира ситуацијава искрено.
а може и во другарката е заљубена, се е можно. :)
додека не ја седнете и напнете да ви признае, ништо не правите.
ќе се чешате за глава само што би можело да биде, а сигурно никој без причина не се однесува така.
Аватар на корисникот
Kasha

Жолто цветче
 
1973244
Мислења: 1288
Зачленет: 24 Авг 2011, 23:02
I was hipster before it was cool.

Мислење 05 Фев 2012, 15:29

1. А девојкава У има дечко ? Да не е љубоморна ?
2. Или можеби и се свиѓа дечкото па така реагира ?
3. А кога излегувате заедно, доаѓаат и други момчина или само тој е ? Ако е само тој машко, можеби и пречи, сака да сте само девојки во друштво за да е послободна.
4. Можеби знае нешто за дечкото што вие другите не го знаете па затоа го нејќе..
5. Или мене ми се случи вака да се понаша мојата најдобра дугарка поради тоа што мислела дека повеќе време поминувам со него, повеќе ми значат неговите мислења, итн. Станува збор за љубомора..

Јас мислам дека е нешто од горе наведениве примери. Сепак најдобро е ти или некоја друга другарка, не Х, да разговарате со неа и да видите кај е проблемот :)
Аватар на корисникот
bumbuleya

Сино цветче
 
8622
Мислења: 259
Зачленет: 08 Јан 2012, 18:43

Мислење 05 Фев 2012, 18:44

Нема дечко. Никогаш немала подолги врски, секогаш само краткотрајни авантури.
Не верувам дека има нешто со него или дека го симпатизира. Да не должам со примери, едноставно тоа отпаѓа како можност.
Поверојатно е дека е таква по природа. Секогаш е намчор со сите.
Никаков разговор не помогнал. Се прави на 3 ипол и тера по свое. :^)

Еве пример:
Скриен текст: покажи
За Бадник, на големо се спремавме цело друштво каде ќе одиме. И истиот ден другарката насамо и` рекла на другата: ако доаѓа дечко ти со другари, јас не идам. Или тие или јас. :fubar: А, се` беше договорено. На крај другарката Х (таа што има дечко) не излезе, а сите други излеговме. :x


Дечко и`, најчесто доаѓа со двајца другари, образовани, културни дечки, крајно прибрани и супер пријатели.
Сите и` одиме по ќеифот на другарката У, дури одиме во тој кафич каде само таа сака. На никој начин не е лишена од нешто, за да се осети запоставена.

Не знаеме што да правиме, како да се поставуваме за да се смени оваа непријатна ситуација????? Крајно детски, некултурно и неправедно е од нејзина страна. :x
Аватар на корисникот
girl.23

Жолто цветче
 
12161557
Мислења: 1790
Зачленет: 02 Јул 2011, 12:09
"Čovjek samo srcem dobro vidi, bitno je očima nevidljivo."

Мислење 05 Фев 2012, 19:20

Па тогаш не ја викајте за излегување и готово. Или кога ќе каже или јас или дечкото Х нека каже- дечкото! Штом и со убав разговор не се разбира тогаш така и треба. Па нека се запраша самата дали и е во ред однесувањето. :fubar: Ц ц ц ц
Аватар на корисникот
Danilela

Жолто цветче
 
832447
Мислења: 1857
Зачленет: 03 Мар 2010, 02:45
Слика



Мажот неможе ниту да замисли, колку жената може да измисли!!!

Замисли да ја замислиш замислата на замислениот замислувач кој замислено замислува замислени работи!

Мислење 05 Фев 2012, 19:41

Леле па вие воопшто не личите на девојки со по 20 и кусур години, ние вака во осмо одделение се каравме кој ќе иде кој не :D .
Јас со таква У-лава нема ни да се дружам ако дечкото на Х е таков каков што го опишуваш. Ако не и се иде нека седи дома, вие па гледате да и угодите, башка намќор. Елиминејт што е можно поскоро.
Аватар на корисникот
Strumfeta93

Жолто цветче
 
33858531
Мислења: 2052
Зачленет: 24 Окт 2010, 20:45
Локација: Smurfland
You smurfed with the wrong girl!

Врати се на Врски

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 1 гостин

Site Meter