До пред некое време, бев многу против овие луѓ, не познавав никој со поинаква определба, НО се случи да, мојот најдобар другар, со кој се дружиме од наши 6 години, дојде и како да е најнормална работа, ми кажа дека е геј. И јас му викам абе ајде шо ти е, па ти си имал две долги врски со ЖЕНИ, не ме заебавај сеа геј, ова она. На ова тој вака изреагира ,, е сега ми падна камен од душава, мое беше да ти кажам и да ти се извинам, што од тебе криев цели осум години, но разбери ме, не занев а и сега не знам како ќе реагираш, а тоа за моите две долги врски во кои се измачував и одев против себе со една и единствена цел, ДА СЕ ПРИКРИВАМ за некој да не се посомнева, преку такво ми е дојдено. Е сега знаеш навистина кој сум и каков сум и која и да биде твојата одлука во однос на нашето пријателство, ќе те разберам,,.
Јас на ова останав нема, без глас, со сто мисли и прашања во глава, а ниедно не сака да излезе од уста. Го гледав скаменета, дали е можно оној кој ми е најдобар другар, одмори, викенди, девојки, искачања, пијанчења и што ти уште не да е навистина геј, а јас сум против таа популација. Си отидовме по дома, преспав и станав повторно во прашалници. Му се јавив, дојде кај мене и вака му реков ,, Те сакав и уште те сакам како мој најдобар и единствен другар. Твојата сексуална определба нема воопшто да промени ништо во мојот живот ( и на шала му викам, се додека не ми го закачаш либето
Да ртезимирам, не сум против, се додека не почнат да посвојуваат деца, оти сепак сметам дека откако ќе може детето да рассудува, само нека се определи кој и каков сака да биде
П.С. Жалам што е волкав постот и можеби малку избеган од темава


