Искрено ви благодариме на сите за честитките и ви ветуваме дека ќе дадеме сè од себе за Фемина со секоја измината година да биде сè поубава, поинтересна и покорисна. Посебна благодарност упатуваме до нашите модератори за нивната несебична помош и залагање.
Со цел да ја споделиме со вас радоста од нашето едногодишно дружење, сакаме да ѝ дадеме мал подарок на нашиот најактивен член, Hipica. Hipica ќе добие парфем Versace Bright Crystal.
Организиравме и избор за „Форумџика на годината“, а избраната форумџика ќе добие парфем Showtime од Кајли Миног. Прочитајте повеќе за изборот овде: Форумџика на годината (2010).









