ТЕМА: Дали нашите мислења се пресудни? Дали имаме опозиција!?

Мислење 14 Авг 2010, 01:48

Со оваа тема сакам сакам да потикнам дискусија дали ние што пишуваме на Фемина за различни теми го преставуваме мислењето на повеќето девојки во Македонија,или напротив само 20 или 30 многу активни членови умеат да кажат за било што, како да се од бога донесени на Фемина.

Имено вечерва кога бев излезена во град се запрашав и јас кога една другарка на другарка ми,ми го плесна во лице кога дозна дека сум член на фемина и ми рече: Вие што пишувате таму не не преставувате нас во никој поглед како женски род. Јас и одговорив па зачлени се и ти па дади свое мислење.Не фала ми одговори,и јас имам другарка што се зачлени и даде свое мислење,и одма беше опструирана од едни исти членови што знаат се.
-А на моменти и јас помислувам така.. се замислив искрено...
ПОВЕЛЕТЕ :
ale.sandra

Фем почетничка
 
00
Мислења: 10
Зачленет: 14 Авг 2010, 00:51

Мислење 14 Авг 2010, 02:00

Интересна тема.
Јас не можам да сфатам како воопшто некој очекува сите да се согласиме околу нешто и да има едно, единствено размислување за било која од темите, а притоа тоа да го обединува целиот женски род, и да не рефлектира сите нас? :^)
Милион луѓе, милион карактери, а тоа е и целта на форумот, да поттикне дискусија заради различни размислувања.
ale.sandra напиша:Вие што пишувате таму не не преставувате нас во никој поглед како женски род. Јас и одговорив па зачлени се и ти па дади свое мислење.Не фала ми одговори,и јас имам другарка што се зачлени и даде свое мислење,и одма беше опструирана од едни исти членови што знаат се.

Ние и не сме тука да го претставуваме целиот женски род, секоја си се претставува самата себе. Убаво си и рекла, ако имаш свое мислење, зачлени се и дискутирај. И не, јас не добивам впечаток дека има едни исти членови што наводно знаат се'. Полесно ги забележувам само оние кои се крајно вулгарни, непристојни и постојано имаат потреба да навлегуваат во конфликти, а не дека поттикнуваат здрава дискусија, едноставно имаат потреба да се контраат.
И сега јас треба да речам дека заради неколку такви на форумов (а секако ги има секаде, не само тука), целиот форум е утнат и не го претставува женскиот род во вистинско светло? Апсурдно смешно.
Аватар на корисникот
Trendafilka

Жолто цветче
 
123716655
Мислења: 4473
Зачленет: 28 Дек 2009, 16:12
Локација: Barcelona or Nice... someday
Don't Trust Anything That Bleeds for Five Days and Doesn't Die . . .
Што е убав овој свет - онде го*но овде цвет.
Слика

Мислење 14 Авг 2010, 02:31

Факт е дека на форумов има такви кои што уживаат да се контраат; такви кои по стоти пат ги прекршуваат правилата на форумот (кои се најобични правила што воопшто не е тешко да се почитуваат) од типот пишување на латиница, отварање теми кои навистина не водат никаде и немаат поента и тн.; такви кои си земаат за право да си го истурат бесот што го имаат кон некој друг или можеби за сопствената ситуација на некој кој во тој момент се осудил да помисли поинаку од нив;такви кои не прочитале поголема книга од весник, ама сепак се "многу" речити: такви кои знаат јасно и фино скоцкано да си го кажат своето мислење без да навредат некој, а сепак да дадат поента која може да ги натера другите што имаат различно мислење да се подзамислат; потоа има практичари, теоретичари, логичари, вечита опзиција за туѓо различно мислење, романтичари, оние кои не знаат кој пат да фатат во животот, оние со јасна цел во животот, песимисти, оптимисти и тн, и тн да не набројувам уште....

И секоја од нив е своја на свој начин со сопствено искуство макар и за слични нешта и на тој начин секоја допринесува за различноста на форумот, но и за повремените кавги и знаци на виртуелна нетрпеливост. Ако не има секакви овде, тогаш како може да не го претставуваме женскиот род со сета своја разноликост? Секоја членка со својата индивидуа придонесува (позитивно или негативно) за целината на форумот.

Се извинувам за долгиот пост. :f:
Аватар на корисникот
stella83

Сино цветче
 
9187
Мислења: 217
Зачленет: 30 Јун 2010, 10:01
Локација: улица Питулица бб
I'm really a cat you see and it's not my last life at all......Слика

Мислење 14 Авг 2010, 02:37

Не можеш да имаш рандом став за нешто кое не си го искусил,па уште и негативен.Или си хејтер или немаш самодоверба.

Никој тука со сила не може да натера некого да пишува.Тоа што доминираат пар луѓе е само затоа што имаат побројни мислења од останатите,а не затоа што некој друг ги ОПСТРУИРА останатите кои ете можеби повеќе сакаат да читаат,отколку да пишуваат,па затоа икс број се забележителни повеќе.
Фемина не е феминистички клан за да претставува женски род,фемина е форум,фемина е отворен и за мажи.
Фемина е форум,форум е место за дискусија со исти или спротиставени мислења.Ако имаш став и мислиш дека знаеш потруди се да допринесеш по цена и да се конфронтираш.Тука можеш да научиш,да смениш размислување или ти да допринесеш во обратна насока на нештата.Фемина е забава,а не реален живот за да така го разбира некој.
Плус,како го доживеа ти така со само две напишани мислења?!Плус,денес во 00 и 50 си зачленета,а си и рекла на пријателката неколку часа претходно кога сте биле излезени дека си зачленета?!Хм?! :^)
Фемина е пријатно и дружељубиво место за луѓе кои се слободоумни и ја разбираат забавата и не го сфаќам насловот на темава,не се вклопува со нејзината идеја и обратно...како тоа пресудни,за кого?!Мислиш како случаен примерок на македонски девојки за да се донесе заклучок?!Каква опозиција?!Оние кои не се присутни тука?! Не е мис на светот или еуросонг,ниту има за цел да се извади просек за некое си истражување,за се пресудни,ниту се нужни.
Да немаше можност за дискусија,немаше ни да постои опцијата цитирај,туку секој засебно ќе коментираше и тоа ќе беше тоа,па и немаше да мора една меѓу друга да се читаме,затоа што нели,ако имаш спротиставено мислење ќе треба да молчиш.Мене пак ми пречат таквите кои не сакаат да бидат прозвани,испровоцирани,бегаат и се плашат аргументирано да дискутираат,па на сметка на тоа веднаш се вадат дека некој наводно ги опструира,се расправа,ги навредува.Но,не го негирам фактот дека лета по некоја вазна,штикла...на почетокот кога ќе наидев на такви,пристојно ја смирував топката,но сега...морав да си го спуштам нивото,како ти со мене,така јас со тебе...зошто нема начин,нечии хистерии и фрустрации некој тука да ги смирува на мене....нема шанси...

Сите сме различни и шаренолики и допринесуваме на свој начин,на некого му се допаѓало тоа или не,се додека е во рамките на правилата на форумот...не сме вадени од калап и не можеме да исполнуваме нечии лични стандарди.Кому му одговара,големо повели и добредојде.

Девојки,значи колку сме моќни а?! :D
Аватар на корисникот
Lilit

Жолто цветче
 
86091399
Мислења: 4390
Зачленет: 25 Ное 2009, 23:51
Локација: Зрно грашок

Мислење 14 Авг 2010, 05:35

Lilit смири се малку не се возбудувај премногу. Ова е форум со правила како што кажа и сама и од типот хејтер, да карактеризираш некој што не го познаваш од само 2 поста е навреда а и да е тоа ќе каже повеќе за тебе .Ти имаш Мислења: 1327 и ти изгледа сакаш да се фатиш баш на секоја јадица..и да напишеш одма. Значи темата ако не ти е јасна а гледам цел ферман напиша е за корисници како тебе кои постојано кажуваат што е исправно,а што не исправно,која тема е добра која не, вака треба не така и слично секогаш и секаде..и баш го дава одговорот "без одговор " без разлика колку ќе пишуваш ти.
Искрено потајно повеќе би ми значело одговор од некој со 20,30 или 50 поста..а не од од некој со 1327 поста,пошто баш ќе се потврди темата дека е точна а и јас не сакам да верувам.хм ама ... со ова незнам повторно ќе кажам!
ale.sandra

Фем почетничка
 
00
Мислења: 10
Зачленет: 14 Авг 2010, 00:51

Мислење 14 Авг 2010, 05:50

stella83 напиша:Факт е дека на форумов има такви кои што уживаат да се контраат; такви кои ... :f:

:) Ти да не си од тие што почнуваат да филозофираат премногу.па ќе избегаат од темата ќе ДА а :)...Ако не има секакви различни и го преставуваме женскиот род ..кажи за постот се сложуваш ТАКА Е,или не се сложуваш НЕ Е ТАКА,па да ја видиме РАЗЛИЧНОСТА што ја спомнуваш и ја декларираш или пак сите сме ИСТИ а;) што мислиш ти?
ale.sandra

Фем почетничка
 
00
Мислења: 10
Зачленет: 14 Авг 2010, 00:51

Мислење 14 Авг 2010, 06:14

Trendafilka напиша:Интересна тема.
Јас не можам да сфатам како ....

Сега ќе сватиш Си биле 10 девојки во една соба,1 велела таванот е бел,а 9 таванот е црн
Ти си била една од девојките во собата Trendafilke каков бил таванот? :)
ale.sandra

Фем почетничка
 
00
Мислења: 10
Зачленет: 14 Авг 2010, 00:51

Мислење 14 Авг 2010, 11:40

Фемина е место каде секој може да го искаже своето мислење. Што се однесува на правилата тие мора да постојат за правилно да функционира истиот.
Не можам да се изначудам која е таа женска психологија што цело време потсвесно си мисли дека постои некој заговор на едните против другите.

Нормално е да има позабележливи членови, тоа се оние со побројни мислења и со мислења кои отскокнуваат од другите. Инаку која е целта на еден форум ако сите подржуваме едно исто мислење. Без различни мислења и здрава дискусија нема напредок и нови сознанија.

Според мене смешно е да кажеш дека некој зошто има над 1000 мислења според тебе има постојана потреба да се докажува или да биде доминантен.
Јас мислам дека големиот број на мислења докажуваат дека си човек што размислува , што има став за нештата и истите не се плаши да ги искаже.

И уште нешто не може некој да пишува по еден пост годишно или да биде само нем набљудувач на нештата и да се надева дека нешто ќе се смени. Така не функционира форумот, а богами ниту реалноста.
Аватар на корисникот
Waka-waka

Сино цветче
 
2590
Мислења: 451
Зачленет: 02 Јул 2010, 12:47
It's not that I'm so smart, it's just that I stay with problems longer.

- Albert Einstein

Мислење 14 Авг 2010, 12:29

ale.sandra напиша:
Trendafilka напиша:Интересна тема.
Јас не можам да сфатам како ....

Сега ќе сватиш Си биле 10 девојки во една соба,1 велела таванот е бел,а 9 таванот е црн
Ти си била една од девојките во собата Trendafilke каков бил таванот? :)

Без навреда, ама дали си ти ТАА девојка која ја опструирале, па сега победносно се враќа со нов пристап и просто сака да не' научи лекција и да не просветли сите тука?
Форумот, меѓу другото е место каде што може да се научи нешто. Свати е со Ф. ;) Значи јас пак не можам да сФатам што очекуваш да одговориме на оваа тема, моето мислење си го кажав; не очекувам, ниту сакам да претставам толпа жени, ниту сум нивни портпарол, слобода на говорот - дојди, кажи си, а не да кукумјавкаш како си дала мислење и пар девојки се завртеле против тебе, па сега готово, си одам од виртуелниот форум, не си играм со вас повеќе, а надвор кај и да стигнам ќе ве ругам, зашто не се согласивте со МЕНЕ! :^)

"Си биле 10 девојки во една соба.... Секоја чест на оваа аналогија. Прво, јас не сум била присутна во таа соба, ни во најлош сон не би седнала со 10 девојки во иста соба, зашто се суетни, безобразни, плачки, љубоморни по природа... (а зошто сум на женски форум - еве веднаш ќе ти одговорам, од ЗАБАВА). Ама, ако ги начекам надвор и 9 ми речат таванот е црн, и само една дека е бел, нормално дека ќе им поверувам на девет други отколку на една која очигледно си ја трескала главата од ѕид, па немала ни време да ја види бојата на таванот...
Аватар на корисникот
Trendafilka

Жолто цветче
 
123716655
Мислења: 4473
Зачленет: 28 Дек 2009, 16:12
Локација: Barcelona or Nice... someday
Don't Trust Anything That Bleeds for Five Days and Doesn't Die . . .
Што е убав овој свет - онде го*но овде цвет.
Слика

Мислење 14 Авг 2010, 13:03

ale.sandra напиша:
stella83 напиша:Факт е дека на форумов има такви кои што уживаат да се контраат; такви кои ... :f:

:) Ти да не си од тие што почнуваат да филозофираат премногу.па ќе избегаат од темата ќе ДА а :)...Ако не има секакви различни и го преставуваме женскиот род ..кажи за постот се сложуваш ТАКА Е,или не се сложуваш НЕ Е ТАКА,па да ја видиме РАЗЛИЧНОСТА што ја спомнуваш и ја декларираш или пак сите сме ИСТИ а;) што мислиш ти?

Прво,ако според тебе искажување на мислење е филозофирање, само поради тоа што не сум се согласила со тебе тогаш во која група се вбројуваш ТИ, во мислители или филозофи. Јас си кажав што мислам за твојата поставена тема (иако има недоволно дефиниран наслов, сепак не ти прокоментирав за тоа). На форумот не има РАЗЛИЧНИ и нормално е да има спротиставени мислења. НИКОЈ од форумџиките не е главен или пак има поголеми права од другите! Еве ти чист пример:Јас сум релативно нова на форумот, околу 3 месеци, и како релативно нов член ниту еднаш не се почувствував дека кога се зачленив ме нападнале "главните" на форумов, па јас сум преминала во опозиција. :fubar:
Впрочем за тебе добивам впечаток дека што и да напише некоја друга членка на форумов ти уште на непрочитано мислење ги наоструваш ноктите и спремна си за напад. ФОРУМОТ НЕ Е ПОЛИТИЧКА АРЕНА, ПА ДА СЕ ДЕЛИМЕ НА ПОЗИЦИЈА И ОПОЗИЦИЈА! Во него има категорија за политика и доволно теми, па можеш таму да пишуваш за опозиција и власт.
И пак ќе повторам, за да не испадне дека избегнувам одговор: НЕ МИСЛАМ ДЕКА ПОСТОИ ПОДЕЛБА НА ОПОЗИЦИЈА И ВЛАСТ Т.Е. ПОЗИЦИЈА НА ФОРУМОВ. СИТЕ СМЕ ЕДНАКВИ И СИТЕ ИМАМЕ ПРАВО НА СВОЕ МИСЛЕЊЕ!

п.с.: Под дискусија се подразбира да си го образложиш мислењето, а не сувопарно да одговориш со ДА или НЕ.
Поздрав и секое добро.
Аватар на корисникот
stella83

Сино цветче
 
9187
Мислења: 217
Зачленет: 30 Јун 2010, 10:01
Локација: улица Питулица бб
I'm really a cat you see and it's not my last life at all......Слика

Врати се на За форумот

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Нема регистрирани корисници и 3 гости

Site Meter