Форумџиката на годината ќе добие подарок – изненадување.
Изборот ќе се одвива во 2 фази:
- Номинации. Периодот за номинирање ќе трае 7 дена (до 25.11.2011).
- Секој има право да номинира најмногу 3 форумџики (не можете да се номинирате самите).
- Испраќајте ги номинациите преку лична порака на femina.
- Можете да номинирате само членови кои имаат над 500 мислења.
- Гласање. Гласањето ќе трае од 27.11.2011 до 04.12.2011.
- 20-те форумџики со најмногу номинации влегуваат во игра.
- Секој член ќе може да избере по 3 форумџики за кои ќе го даде својот глас (анонимно).
- Гласовите на членовите што се регистрирале по денешната дата (19.11.2011) нема да бидат земени во предвид, т.е. ќе бидат одземени на крајот од гласањето (за да спречиме манипулација).
- Личноста со најмногу гласови ќе биде прогласена за Форумџика на 2011-та година и ќе добие подарок.
ДОПОЛНЕТО:
Форумџика на 2011 година е Phyramide!
На Пирамид ѝ подаруваме рачен часовник Versus Versace. Прочитајте повеќе »







