Форумџика на годината е: Doozy Честитки до сите номинирани. Како што најавивме претходно, решивме оваа година малку да го зголемиме „фондот“ на награди , па... ТА-ДАМ: Doozy Часовник Just Cavalli Trendafilka Часовник Guess ljubam Часовник Guess Честитки! Номинирање и гласање – ЗАВРШЕНО Форумџиките кои се подолго време со нас веројатно знаат дека по повод роденденот на Фемина, дојде време да го организираме третиот по ред избор „Форумџика на годината“. Традиционално, форумџиката на годината ќе добие подарок – изненадување. Не толку традиционално, ќе доделиме уште два вредни подарока! Изборот ќе се одвива во 2 фази: Номинации. Периодот за номинирање ќе трае до 26.11.2012. [*]Секој има право да номинира најмногу 3 форумџики (не можете да се номинирате самите). [*]Испраќајте ги номинациите преку лична порака на femina. [*]Можете да номинирате само членови кои имаат над 500 мислења. Гласање. Гласањето ќе трае од 27.11.2012 до 04.12.2012. [*]20-те форумџики со најмногу номинации влегуваат во игра. [*]Секој член ќе може да избере по 3 форумџики за кои ќе го даде својот глас (анонимно). [*]Личноста со најмногу гласови ќе биде прогласена за Форумџика на 2012-та година и ќе добие подарок.
Форумџика на годината 2012 femina...убаво е што традиционално си правите вакви работи. Да даде господ секоја година се повеќе активни форумџики да имаме. п.с. веднаш ќе гласам и јас сега
Форумџика на годината 2012 Најмногу три. Ако сакаш можеш и една, две, ама не смееш повеќе од три да номинираш.
Форумџика на годината 2012 Тежок е изборот, а и има голема конкуренција. Сите ми се мили и секој заслужува на свој начин. Со среќа на сите !!!
Форумџика на годината 2012 А каде тоа гласате ....јас колку што разбрав треба да номинираме три форумџики,а потоа ќе биде гласањето...да не сте нешто грешка
Форумџика на годината 2012 Колку што разбрав треба на femina да и се испрати лична порака со 3 форумџики кои ќе ги предложиле ( прочитав од дала па така направив )
Форумџика на годината 2012 Јас предложив три феминки кои сигурна сум дека ќе се најдат на листата и без мојот предлог.
Форумџика на годината 2012 Номинирав и јас, топ 3 кои мислам дека навистина заслужуваат и постојано ги читам