1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Форумџика на годината 2013: Trendafilka

Дискусија во 'За форумот' започната од Femina, 17 декември 2013.

?

Која форумџика ја одбележа 2013 година? (ВАЖНО: може да гласате за 3 форумџики)

Анкетата е затворена на 30 декември 2013.
  1. AnaKarenina

    103 глас(а)
    16,3%
  2. anabel-a

    82 глас(а)
    13,0%
  3. Abeja

    54 глас(а)
    8,5%
  4. Annath

    73 глас(а)
    11,5%
  5. Ariel

    34 глас(а)
    5,4%
  6. bittersweet

    76 глас(а)
    12,0%
  7. Doozy

    56 глас(а)
    8,8%
  8. Gordana10

    41 глас(а)
    6,5%
  9. Hipster

    83 глас(а)
    13,1%
  10. Ketrin.Moon

    89 глас(а)
    14,1%
  11. Lilit

    83 глас(а)
    13,1%
  12. lunicka

    79 глас(а)
    12,5%
  13. RainBow

    46 глас(а)
    7,3%
  14. Serafima

    70 глас(а)
    11,1%
  15. Sexybaby86

    28 глас(а)
    4,4%
  16. Shelea

    31 глас(а)
    4,9%
  17. Snow-Queen

    181 глас(а)
    28,6%
  18. teddybear

    38 глас(а)
    6,0%
  19. tessie

    63 глас(а)
    10,0%
  20. Trendafilka

    195 глас(а)
    30,8%
Дозволен е избор на повеќе опции
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Тажно е тоа што покрај толку душа споделена на форумов се уште постојат некои што не ја научија Трендафилка каква личност е и уште ја плукаат.
    Идеализирате некој, Трендафилка ја претставувате како некоја љубоморна и слично. Правилата се тие од секогаш и ајде ве молам кажете ми од каде некој денес зачленет знае која е Трендафилка, која Сноу, која Лилит итн па за да гласа? Искрено, јас да се зачленам утре на нов форум и да има вакво гласање дури и да сум го пратела некое време не би гласала и не верувам дека овие новите го прателе форумот па баш сега се зачленија и гласаја. И не е дека правилата се кажаа после резултатите, резултати не ни имаше, според гласовите сите скокнавте веднаш да честитате победа, без да видите дали се важечки или не. Вчера мислам една членка спомна дека гласовите не се важат и дека ќе биди срам ако ги тргнат тие гласови и дека ќе се види кој правел профили итн. Не се сеќавам која форумџивка го пиша ова, ама некои изгледа не приметуваат такви мислења. Се знаеше дека ќе ти тргнат гласовите од новите членови, ама некој изгледа не го знаел тоа. Убава стапица направија со тоа што не го пишаа ова правило во темава, па да се видат некои лица или не сакате да размислувате од повеќе страни? Полесно е да се кажи Трендафилка е љубоморна. Што мислите дека направи Трендафилка овде? Отиде можеби кај Михајло дома и му се излижа за да трга гласови и да биди победник?
    И пак ќе речам, не знам зошто не сфатите дека Трендафилка за Сноу ќе го пишеше истото мислење дури и ако не се наоѓаше на листата, ама изгледа не и ги читате мислењата до крај.


    „но еднаш ми напиша ЛП дека ме почитува и покрај тоа што не и` се допаѓам, затоа што некое мое мислење од минатото ја натерало да донесе одлука која и го променила животот на подобро.

    И тоа е многу поважно од избори, часовници и такви ми ти глупости.“
    Ова не го читате така? :x

    И да, од следната година, најдобро ќе биди да не се гледа која колку гласови има, за да нема вакви работи и навивање. И форумот дефинитивно треба да биди 18+.
     
    На SparkyAngel и Annath им се допаѓа ова.
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Па да бе да да да да и даааааа :rofl:

    Колку траги-комично ја претставивте ситуацијата, како демек сега сите ја нападнаа Трендафилка. Значи не се работи за две феминки и ривалството меѓу нив, ниту пак со кантар ги мериме нив двете која е подобра, тоа што јас сакав да го кажам е дека правилата на изборот не беа како што треба и дека не само со овој избор туку општо во животот треба да се научиме како да прифаќаме пораз но и победа. Ама некои цело време пишуваат реферати, мислејќи дека некој напаѓа некого, па во негова одбрана.
    Можеби Сноу немала којзнае какви интелигентни мислења но нејзиниот пристап и настап овде на форумов и на изборот беше далеку почовечки, дури ми беше сличен на карактерот на Серафима, која е приказна сама за себе и неповторлива, но има нешто заедничко и воздржано во овие карактери и треба сите да учиме од вакви луѓе.
    Ниту јас не сум воздржана, ете и јас мислам дека со мојот сарказам делувам дрско, и Лилит можеби е директна и дрска и Трендафилка има некако студен пристап, Ешлинг исто, и да не набројувам, имињава ги земав случајно.
    Но сите треба да се сложиме дека не е само желбата да се истакнеш како види ме сега јас сум најдобра и најубава, најпаметна итн...треба да си го омекнеш срцето и да ги прифатиш луѓето такви какви што се. Немојте да се преценувате, никој, бидејќи животот може да ве симне од пиедесталот.
    Доволен е само еден излив на емоции, бес, лутина, љубов за да се види вистинското лице на човекот.
    И претерувате со одбрани и напади. Јас знам дека пак ќе продолжите во ист стил и жал ми е што оваа животна лекција останува неискористена и пак ќе си тераме по старо.
    Кога би ја гледале добрината кај човек, би требало да ја избереме Серафима за доживотен најфорумџија, без потреба од организирање на вакви бесмислени избори, барем е човек од кој може многу да се научи за смислата на животот и постоењето.
     
    На Glasna, Lella, Silver.E и 4 други им се допаѓа ова.
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    TL;DR
    Честито моми за саатчињата на пва страна. Убавки се. Ај догодина и ТАГ да се, ако им се пушта срце на админите ;)

    Туку, ахем, додека се тука на темава, тука ли се или каснам? Ако се тука, платформа...модератори...да потсетам :$
     
    На tessie, kravce, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    А бе, во Македонија ни кокошка на годината не може да се избери без да се десат мучки ;(

    Стварно не не бива. Под итно во Март предвремени. :geek:

    Патем, Михајло бе, не ти е срам на толку жени шо со душа те чекаат да им се покажеш со два збора и усук да фатиш? Мислам... немате ли ни збор повеќе да кажете...? Билке? Стварно? И Грујо одржа Новогодишно шоу барем... :^)

    Трендафилке и Сноу, честито. Вие да си ги носите сатчињата, ич нека не ве гребат, јас пари од џеб не дадов па да ве колнам :D
    се зафркавам, навистина ви честитам од срце,Трендафилка го заслужи со квалитет, Сноу со квантитет, ама дека сте најзабележителни кога и да се уклучам на форумов, сте. И тоа е тоа! :)
     
    На Snow-Queen и Azriel1 им се допаѓа ова.
  5. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Честитки за Трендафилка. Морам да признаам дека иако не гласав за неа ми беше една од фаворитите и мислам дека сосема заслужено си ја доби наградата.
    Моите гласови отидоа кај AnaKarenina, Sexybaby86 и teddybear. Едни од најпријатните и позитивни форумџики овде, за кои сигурна сум дека ќе се сложите дека се на врвот на овој форум па и без никаква титула.
    Исто ќе ја издвојам Хипстер, која што според мене заслужуваше повеќе гласови затоа што е исклучително добра форумџика која со задоволство ја читам и ја почитувам како форумски лик без разлика дали се сложувам со некои нејзини мислења.
    Што се однесува до Сноу, немав некое конкретно мислење за неа, ама навистина се покажа како зрела и приземна девојка без разлика колку и да сакате да ја блатите. Милион пати била предмет на подсмев, па можеби и омаловажување зошто не пишува мислења кои да речеме треба да останат запаметени ама пак затоа се покажа како многу поголем човек од сите нас. Никогаш ја немам сретнато да одговара на провокации или пак да провоцира некој, секогаш е смирена и спремна да помогне, а ова се едни од особините кои што најмногу ги ценам кај секој човек. Да беше било која од нас вака напаѓана ќе се испишуваа милион проштални писма и говори, и ќе немаше крај на препукувањата. Можеби не сме сите талентирани или способни да пишуваме квалитетни мислења, можеби не ни е тоа целта на овој форум ама на крајот од денот е битно колку сме човечни.

    Во текот на гласањето според мене најголема глупост беше тоа што одредени форумџики плукаа едни, фалеа други и така во круг. До вчера Сноу беше на тапет, сега Трендафилка, срамота! Смешно е возрасни девојки да се препукуваат на ваков начин, и зошто сметате дека морате да заземете нечија страна овде, навистина беспотребно беше целото потресување околу ваква банална работа.
    Искрено се надевам дека повеќе нема да има вакви избори овде и дека децава ќе се освестат и ќе заминат од форумот, не им е местото тука.
    Толку од мене, честитки уште еднаш и за двете. По едни критериуми или други, според мене си ја заслуживте победата.
     
    На SparkyAngel, Hipster, Snow-Queen и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    4.343
    Сосема е заслужено, доста се буните сите!
    Не знам како може некоја од вас да се посомнева дека е наместено. :x

    Трендафилке честитки и од мене и со здравје да си го носиш часовникот! :)
     
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Доаѓам на форумов само за темата за факултет и гасам, ни пишував по други теми долго време, а овде ни номинирав, ни гласав, ама ако победи Сноу на овој традиционален избор ќе зеам и тотално ќе кренам раце од форумов како и многу пред мене.

    До кај била дојдена работава еј, тогаш слободно нека останат да владеат троловите и досадни ликови што целиот живот им поминува на форумов, а квалитетните што имаат нешто паметно и убаво да напишат нека продолжат да исчезнуваат се додека не ги снема како диносаурусите.

    Ова што се дешава овде не е нормално драги мои еве ја да ви кажам.
     
    На MiloMalo, ariela09, Speechless и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    8.467
    la commedia e finita :clap: :clap: :clap: :clap:
    да си легнеме сега...
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Полека деца, полека...
     
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Честито Трендафилке, заслужено :)
     
  11. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Немав намера да дискутирам повеќе околу тоа колку било фер гласањето и колку е заслужена победата на Сноу (факт е дека имаше повеќе гласови) ама крајно ме изиритира тоа што администраторите го сменија резултатот после пола ден. Не сакам да заземам страни, ниту пак фаворизирам некој ама неправда од такт ме вади.

    Еве една порака што ми стигна за време на ланското гласање:
    Имињата нема да ги откривам, ама случајно дознав какви малверзации се прават со гласовиве (не дека не претпоставував) и сум 100% сигурна дека не било исклучок тоа и сега.

    Значи лажни гласови имало и секогаш ќе има без разлика дали профилите се тазе отворени или не и тоа што админите го направија сега е крајно безобразно и не фер. Кога веќе сакате да спречите манипулации сте можеле да ја скриете темава за да немаат сите пристап или да биде потранспарентно, а не после некое време пу, пу не важи.

    Не се криви децата на форумов што не го бива, криви сте вие администраторите што сте го запустиле и го гледате само како средство за повеќе кликови на страната за поголем рејтинг и посетеност.
    Вашата ажурност е на најниско ниво, само празни ветувања и игнорирање.
     
    На Inna5, tessie, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  12. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.017
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да се изјаснам........ :rofl:
    Најпрво честитки и до двете :) Со здравје да си ги носите саатчињата :D
    Според мене, на двете ви е заслужена победата.. На Трендафилка за секојдневните постови, кои впрочем обожавам да ги читам, а на Сноу за тоа што секогаш, за се нешто помагала. Но јас не гласав за нив, бидејќи сметам дека има и други девојки кои заслужуваат да се најдат на тоа место :) Гласав за Ketrin.Moon, Sexybaby86 и teddybear :)
    Поздрав девојки :)
     
    На Snow-Queen, teddybear, Ketrin.Moon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    20.834
    Сосема ми беше сеедно кој ке победи,кој ке се гордее со титулата,кој ке се радува на часовникот,дали ке победи Сноу,Трендафилка,Рајка,Петка,Трајка,гајле ми беше.Скоро секој кој е на форумов сигурно кажал нешто паметно,нешто глупаво... И сега ке се води борба за тоа,како ние да дававме пари од наш џеб,а наградата е 10000 €во плик и сега ни е криво што нашиот фаворит не победил.И да толку полемика немаше ниту за парламентарните избори дали да победи Грујо или Бранче,луѓето кои одлучуваа за нашата иднина.
    Наредната годинаби требало гласањето да стои во темата скриено катче,и на тој начин новите членови да не можат да го видат гласањето и да гласаат.
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.326
    Јас се извинувам што се набацувам, па и на оваа тема, ама само сакам да ви дадам едно објективно мислење на девојка од страна. Непристрасно и ептен добронамерно!

    Моето не така скромно форумско искуство, бара од мене да го напишам ова. Ете не знам ни сама зошто се мачам да пишувам, а знам и каква сум, за она што мислам дека е така апла се замарам, па ваљда ќе објаснувам и објаснувам и понатаму, ама ако...

    Човек (во случајот девојка) кој е номиниран за форумџија на годината треба да биде човек кој е крајно објективен, сталожен, смирен и не паѓа под провокации.
    Јас, како член кој бара квалитетен форум, застанав поучена од како што кажав форумското искуство, прво да ве читнам и запознаам, па потоа да решам дали сакам воопшто да ви се приклучам во дискусиите.

    Она што го помислив и што е нормално, дека онаа девојка која е највеќе номинирана го отсликува фоумот и форумџиите. Трендафилка нели. Не ја знам доволно, видов дека е пристрасна и многу самоуверена. Ок, убави особини, особини на 90% од форумџиите, но не и особини за некој кој треба да ви го претставува форумот. Мислење оформено на нејзините постови тука.
    Друго, мнооогу ниско вреѓање за мајчинството и таа реченица немал свој живот подалеку од форумов.
    Како ние би знаеле кога место да си го живееме фамозниот живот сме правеле записници за оние зависниците? И да, ако таа девојка која скоро станала мајка е тука само поради многу пишувања, а не квалитет дефинитивно не го заслужува тоа.

    Да не тупам, девојки ете зошто е форумот таков каков што е.
    Многу злоба, завист и љубомора на едно место. Не би сакала да бидам член тука, ни да запознаам некој од вас дефинитивно.
    Слободно и банирајте ме, но јас ќе бидам онаа што ќе рече дека фемина е ѓубре од форум. Не зошто сум слушнала... Бев тука и видов!
     
    На Sky-butterfly, Valentina.Vaki, Snow-Queen и 3 други им се допаѓа ова.
  15. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    6.673
    Пол:
    Женски
    Еххх, Таков ти е овај народ, се со вреѓање да се решавало, губел, победил, Што ако? Зависта на ниво Огромно! Според мене и двете заслужија победа! Честитки и до двете. :)

    Иако гласав за Трендафилка (сакам луѓе кои ја кажуваат вистината без проблем, од почеток ми се допадна)
     
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Браво за ова, и јас на ова мислев, но бев нападната, од нечии адвокати...
    (Тие смеат да бидат адвокати, но јас и некој друг не смееме :fubar: )

    Прочитав некаде, големината на човекот се гледа во неговата понизност.
    Кој излезе понизен и скромен, проценете сами. :!:

    А, ние од каде да знаеме дека гласовите на крајот не се придодадени зошто се крена галама овде ? :^) И грешка од почеток беше што се гледаше кој колку гласови има ! Па, кај има такво гласање ? :tmi:

    И редно е да се воведат нови, јасни правила кои ќе функционираат, или нека не се прават вакви избори кои повеќе наликуваат на циркуз. :x
     
    На Snow-Queen, tessie, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    За мене, Сноу ќе биде победник, таа ја заслужува, а не ова Трендафилево, наместо да и честита, ја вреѓа. Но, јас затоа ја смеатм победник Сноу, има цврст карактер, скромна е, и не ја боли уво за се што и се кажува.
     
    На Snow-Queen и Lella им се допаѓа ова.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.592
    Најмногу од се ми е мака што кучињата ќе лаат, караванот ќе врви. Ние ќе укажуваме на неферплејот и измилените правила, Михајло нема ни да чита (бидејќи поодговорен од него нема, он не напиша правила, он избриша гласови, она не кажа чии гласови ке ги брише, он измисли непишано правило, он го купи поклонот, он реши да има награда за втората), Сноу нема да се лути бидејќи и е глупо и да каже ако се лути, сите ке ја нападнат дека не чини и секако не заслужила, Трендафилка ке пишува предолги постови во кои е жртва од секаквите муабети заради гласањето(иако со самото прифаќање на номинација се сложуваш со тоа да те анализираат и критикуваат, па оттука не знам и зошто да се лути некој кога ќе го стават на тапет и ке го разгледуваат и ке создаваат мислење дали вреди или не). Најфер ќе беше, да речеа дека заборавиле да го стават правилото со новите членови, и поради тоа ке си останат гласовите и ке се раководат со поставените правила на почеток на темата.
    За жал, оние кои бараат фер плеј, на крај ке бидат и нападнати и омаловажени.
    Ке се повторам можеби, но ниту номинирав ниту гласав, на тамава се појавив во тој момент кога видов дека на непишано правило на некој му се избришаа гласовите, а некој кој неколку саат беше на второ место, на првиот не му ни честиташе, туку му кажа дека е незаслужено.
     
    На Snow-Queen, Lella и Silver.E им се допаѓа ова.
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    ^ А дали е правилно што некој направил плус профили само за некој да победи? Дали некој член има поголемо право да гласа по 2, 3 пати само за неговиот фаворит да победи? Тоа е права победа?
    Мислам... ве читам и гледам дека уште се замарате со ова и стварно не ми е јасно. Јас на Сноу би и препорачала да си го гледа синчето, да се чуваат здрави и прави, форумов мање више битен. Приоритети бре. Мене ми беше загрижувачки како девојката пред пораѓај, зад пораѓај веднаш се најде на темава... стварно ми беше загрижувачки. Ама изгледа само јас такви мисли имам :^) Не размислувајте детски, зрело малце треба да се превземат работите, па таа е мајка сега, мајка... Не знам што да кажам. Требаше да сфатите што беше целта на сите овие постови. И јас изгледа измислувам нови морални вредности и правила сега :^) Не можам да го ценам човек што си измешал листа на приоритети, да ми извините.
     
    На SuperGirl24, Hipster, iloveyou29 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    38.315
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува околу што се расправаме и лутиме ние жените и после ќе речеме не сме површни, сме само страв ни е да си го признаеме тоа.
    Како и да е јас им ја честитам наградата и на двете, со здравје да си ги носите поклоните.
    Јас не номинирав ни една од нив, ниту пак глас за една од нив, а ќе си ги кажам и причините.
    Трендафилка ми е омилен лик уште кога се зачленив овде, обожавам да ја читам и секогаш ми е толку реална и објективна, лани гласав за неа, годинава не гласав не поради тоа што сметам дека не заслужува да биде форумџика на годината, туку поради тоа што сметам дека ланиската победа е доволна да се знае колку некој е добар и годинава сметав дека и други форумџики кои имаат доста квалитетни мислења заслужуваат да ја понесат титулата.
    За Сноу не гласав ни лани и сега ниту пак во иднина ќе гласам зошто според мене таа има квантитет, а не и квалитет, јас не ја познавам лично за да судам, ама мене ми е напорна овде, нема мислење што би го прочитала и би се замислила околу него, да ме погоди, да ми ги насолзи очите или да ме растрепери, што им успева на некои други мислења.Јас не обожавам личности што дигаат толкава фама околу својот живот, не ги сакам реално, а не пак тука.Сите нејзини мислења и теми се околу нејзиното моментално стање.Мене ми е мило што имаш син, нека е жив и здрав, но имаа и други фала богу и тоа не беше главна тема на разговор секаде.

    Како и да е јас не сакам да навредам никого, само си го кажувам моето мислење дека сметам дека поф форумџика на годината не се подразмира форумски лик како Сноу, барем јас не подразбирам.Има тука еден куп квалитетни форумџики и мислења кои ја заслужиле титулата повеќе.

    А за гласовите тоа е така за да се спречи зачленување само поради гласање, што јас сметам дека е сосема фер и на место.

    Среќни празници од мене.
     
    На Hipster, SuperGirl24, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.