Во последно време се појавија тролови на форумот, па чувствувам потреба да појаснам што е тоа интернет трол и како да се однесувате кон нив. За остварување на својата цел, тролот се служи со лаги, инсинуации, манипулации и сл. Како да го победите во дискусијата? Не можете да победите трол! Колку и да се силни вашите аргументи, тој нема да го промени својот став и ќе продолжи да ве провоцира, обидувајќи се да ве дискредитира на секој можен начин. Тролот нема да ја напушти дискусијата и секогаш ќе се обидува да одговори последен. Негова мисија е да ја уништи темата и да предизвика контроверзност во заедницата. Основно правило: Не ги хранете троловите! Со секој ваш одговор и реакција на мислењата на тролот, вие всушност му помагате да ја оствари неговата цел. Единствен начин за справување со троловите е да ги игнорирате. Кога ќе забележите трол, едноставно игнорирајте го и не одговарајте. Не му се спротивставувајте, не го навредувајте, не му велете дека е трол... Продолжете со дискусијата како ништо да не било.
Еве едно потсетување. Ако не можете да се воздржите и упорно реплицирате и создавате уште повеќе оф топици, покрај тролот и вие ќе добиете (привремен) бан. Затоа игнорирајте и пријавете, доволно е.