Постојат 2 начина за прикачување на слика. 1. Ако сликата се наоѓа на некој веб сајт За Mozilla Firefox Десен клик на сликата, изберете „Copy Image Location“. За Internet Explorer Десен клик на сликата, изберете „Properties“. Копирајте ја адресата што се појавува десно од „Address: URL“. За Google Chrome Десен клик на сликата, изберете „Copy Image URL“. Потоа, кликнете на копчето Img (се наоѓа веднаш над полето за пишување на мислење) и притиснете Ctrl+V на тастатурата (Paste). Треба да добиете код што изгледа вака: Код: [img]http://www.vebsajt.com/nesto/imenaslika.jpg[/img] 2. Ако сликата се наоѓа на вашиот компјутер Кликнете на јазичето „Прикачи фајл“ (се наоѓа во синото поле под копчињата „Зачувај“, „Преглед“ и „Испрати“). Кликнете „Browse“, изберете ја сликата што сакате да ја прикачите и кликнете на „Додај го фајлот“. Ако сакате, можете да напишете и коментар за сликата (пример: Моите омилени чизми).
Feminkaa, кликни овде: http://www.picnik.com/app. Upload-ни ја сликата и потоа користи ги следниве опции: Crop ако сакаш да ја исечеш; Resize ако сакаш да ѝ ја намалиш големината. Се надевам дека ќе се снајдеш.
Технички проблеми Јас се извинувам , но како да прикачам слика , и да излезе цела да се гледа, пробувам со img но не ми излегува .Кога идам на img после ????
Денеска после над 800 мислења, јас ја ставив првата слика од интернет. Колку било лесно, ама стварно никако не можев да ставам. Леле, колку сум пресреќна!!!!!!
Дечки, како да поставам слика од компјутер ама нели имаше начин прво да ја поставам на некоја страна и после URL тука?
Имаш долу, прикачи фајл. Значи, “брз одговор“, „кон стандарниот уредувач“, па подолу ќе видиш пишва „прикачи фајл“.
бело? мислиш ништо не се појавува? ај ако не пиши ми по ЛП како правиш, за да не ја оптеретуваме темава, па ќе ти кажам каде си направила грешка, или дали така воопшто треба.