mene uste me interesira samo sto znaci toa koga ke otvoris vo necij drug profil,ima "dodadi za prijatelka" i dodadi za "neprijatelka"?
mila89 и dunja, ете го одговорот на вашите прашања: Пријатели Ако додадете членови за ваши пријатели, под левото мени во вашиот контролен панел ќе се појавува листа со пријателите. Овде веднаш можете да видите кој од нив е онлајн. Кога пишувате лична порака, во истата листа се појавува копче „Додај“, со чија помош лесно можете да ги додавате пријателите во листата на примачи. Непријатели Ако во форумот постои член чии што мислења ве иритираат или едноставно не сакате да ги читате, додајте го во листата со непријатели. Така, ќе бидете поштедени од неговите текстови во темите. Пример: ако додадете член со корисничко име Marija во вашата листа на непријатели, тогаш наместо нејзините мислења ќе го гледате следново: Другите членови не можат да гледаат кој се наоѓа во вашите пријатели/непријатели.
извини билката ама воопшто не ми се допаѓа тоа :додај во непријатели(?!) тука сме да создадеме пријателство и се запознаваме преку форумот,а не да се неспријателуваме.
Сепак може да постои секогаш некој член кој те иритира со неговите постови. Никогаш не се знае. Нели?
Многу нормално дека тука сме за пријателство, арно ама ако некој ме нервира...подобро е ако веќе не се разбереш, да ја/го ставиш во непријатечи. Или пак доколку некоја особа навредува, пцуе и слично а не е банирана ако на некој му смета стои опцијата непријате/ка за да не се замараш.
Sunshine88 е во право...ако не ти се допаѓа или ако те иритира неговото мислење не значи дека не е точно,зошто женските по природа се суетни и пристрасни и не треба во непријател условно кажано да го ставиме...Можно е да не се стави во пријатели и толку тоа е веќе Ок.. Извини Bilkata ама ова не вие добро решение.
ако пцуе навредува ти како што велиш може да има како на Facebook - пријави ја оваа личност, па администраторите ќе видат што ќе се прави со тој профил..
^ За пријавување имаш на секој пост едно извичниче. Ако постот не чини и има неадекватна содржина, си кликаш на него и тоа ќе ги извести админите.
Ако додадам мои пријатели или непријатели тоа ке можат да го гледааат и ддругите? Дали на некој ако го додадам за пријател или непријател ке може тој да види дека сум ја ставила?
Значи на таа што ке ја ставам за непријателка ,таа неможе да види сигурно? Полсе да не се случи нешто...Па затоа извинете што прашуувам по втор пат...
Дали ако додадам некоја за непријателка ке може да ги чита моите постови? Дали има некоја опција да се забрани на некој член да ги чита моите постови, освен ако ме додадат во непријатели?
Никако неможам да тргнам непријател од листата...Може или не може да се тргнат непријателите од таа листа