Категории се Мода и стил, Лице, Тело, Коса, а НЕ Убавина и мода, Љубов и секс, Диети и фитнес (последниве се секции).
ЧПП
- Како ќе знам што треба да правам?
Ако бидете избрани за модератор, ќе имате на располагање детални инструкции за модерирање, а ќе можете и да се консултирате со другите модератори при донесувањето на каква било одлука.
- Не сум компјутерски експерт. Дали ќе можам да бидам модератор?
Ако немате проблеми со секојдневното користење на компјутер, уредувањето на форумот нема да ви претставува никаква тешкотија. Впрочем, уредувањето не е многу поразлично од партиципацијата во форумот. Едноставно ќе добиете дополнителни опции за преместување, заклучување и спојување на теми, за редактирање, преместување и бришење на мислења, ќе можете да испраќате опомени и сл.
- Не знам дали ќе имам доволно време за да бидам модератор.
Ако сте редовен и активен посетител на форумот, тоа е сосема доволно за да бидете и модератор. Немате обврска да ги читате сите мислења, ниту пак сте задолжени да поминувате одредено време во уредување. Уредувањето на форумот е на доброволна основа, па никој нема да ви забележи дури и ако отсуствувате извесно време. - Дали модераторот може да пишува мислења? Дали може да контактира со останатите членови?
Да, секако дека може. Ако станете модератор, продолжувате да си го користите форумот на вообичаениот начин.
- Каква функција има модераторот?
Модераторот треба да се грижи за почитувањето на правилата на форумот и да ги одржува своите категории организирани (со помош на спојување/преместување/бришење на теми и преместување/бришење/редактирање на мислења).
- До кога ќе трае конкурсот?
Конкурсот ќе трае две недели, односно до 20 ноември (недела).
- Дали модераторот треба да биде строг и груб кон останатите членови?
Не. Модераторите не смеат да пишуваат работи од типот: „Зошто ле си отворила ваква глупава тема овде?“, „Аман веќе од вакви како тебе!“, „Алоооо, не гледаш дека има веќе вакви теми?!?“, „Лелееее, уште не се научивте да пишувате на кирилица?“ и сл. Модераторите не треба да влегуваат во конфликт со членовите на форумот, туку напротив, треба да им помагаат да се вклопат и да бидат пријателски настроени кон нив.
Ако имате какви било други прашања, слободно поставете ги во темава.
ВАЖНО:
Ако се пријавите, тоа не значи дека автоматски ќе бидете поставени за модератор. Модераторите ќе бидат избирани според неколку критериуми, како бројот и квалитетот на нивните досегашни мислења, односот кон другите членови, времето поминувано на форумот итн. Кандидатурите ќе бидат од отворен тип, т.е. нема да ви одговараме дали и кога ќе бидете или нема да бидете примени за модератор. Едноставно ќе ве повикаме штом решиме дека е соодветен момент.








