1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Критики и забелешки

Дискусија во 'За форумот' започната од bilkata, 14 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sense

    Sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    45
    Никаде не кажав дека трба да се отвараат нови теми за такви ''проблеми'', туку начинот на кој им се реплицира, која е потребата на 13 - 14 годишно девојче да му се исмејаваш ( не зборам за тебе лично)
    Поентата ми беше, ако е модератор присутен на форумов (во секое време барем еден е тука) дали може да реагира и одма да се стави клуч на темата.

    Да, кажав идиотско, притоа не мислејки на баналниот пример што го истресов од ракав, штознам сфаќам 13 годишно девојче што животот и се врти околу симпатијата, туку еве рецимо на ''ме касна оса'' и многу други.

    Зашто да ги исмејувам??
    Било кој, што и да напише, ако мене нечие мислење не ми се допаѓа, ми е смешно или идиотско го игнорирам и идам на теми кој ми се интересни, реплицирам на луѓе кој ми се мање- више исто ниво.


    Мислам дека муабетов би требало да ти има сенс сега.

    Едит:Не сакам ниту ја Фемина да наликува на градинка, а најмногу ми изгледа така кога активни теми ги гледам токму тие, а не некои други во кој би можело да се подискутира и да се разменат мислења.

    МcSkorpionka Па, да тоа е углавном тоа само не се слагам што би правеле 13-14 годишни на форум, секој си наоѓа тука по некој тема за него. Има интерени форумџики тука на таа возраст, нели?! :)
     
  2. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    И тука се запукавте? :?:
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    А што бара 13-14 годишно девојче на форум молим те? :D Марш таму со куклите :D
    Озбилно, ова си е форум и точно дека секој има право да пишува без разлика на години, па како што никој неа не може да и забрани да поставува прашања вакви или онакви, тогаш не треба ни некој друг да се стега што ќе и одговори, само да не ја навреди...И...
    Баш така...ако не ти се свиѓа нечиј одговор и мислиш дека е потсмевање, скролни си надолу и не се замарај... :)
     
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Е добро бе, оти едно мислење сте напишале на сметка пари ви стигат?
    Со тоа мислење ќе ве примат на факултет? Со тоа мислење ќе се вработите? Со тоа мислење што?
    Каква добивка имате?
    Потрошеното време бре, да беше некое скапоцено време ќе се искористеше на 100 пати подобра и попродуктивна работа.
    Виртуелен свет, да му се плукнам!
    Кога ми било избришано мислењето фино лепо се обраќам до модератор и секогаш сум добивала одговор а не тука јавно во темата да изигравам оштетена и да мудрувам.
     
    На Doozy и Hipica им се допаѓа ова.
  5. Boom

    Boom Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    10
    Не дека е критика, повеќе е како прашање...

    Зашто не можам да отворам нова тема во под форумот ,,Хуманитарни Акции"?!

    Мислам дека не штети ништо ако се има информации и тука за донации...
     
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Секој има право да си даде критика и забелешка ако бил обесправен, не разбирам што има другите да се замараат воопшто со тоа? Што имате да се мешате? Ако имате што да напишете тука, напишете си за вас. Темата е критики и забелешки, значи пишуваме тие што имаме што да искритикуваме и забележиме, тоа право го има секоја членка. Значи повикани се модераторите или администраторите, не сте повикани вие што немате модераторска функција побогу! Ако ви е „мрчаторска“ и „заморна“ темава слободно не отварајте ја додека немате што да напишете де. Многу просто. Јас ја отворив за првпат тек кога сакав да напишам пост. Не сум ни читала претходно кој за што се жалел, срам да ми е!
     
    На Magnolija, enca.69, girl.23 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Оу мај гад, во твојот свет ЕлеМентал не би постоел. Now wouldn't that be a shame, huh? Тие бесрамниците на форумов што делат сарказам, иронија, критикуваат и вреѓаат :wasntme: (ноу. ноу, ИТ УАЗ МИ) , тоа не го прават бидејќи се лоши или дрски. It's called tough love. Спартанска школа за соочување со реалност!
     
    На sesilija, green.eyes, mysterious и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Дури ги читав коментариве планирав да го пишам скоро истото Штрумфета што го пиша.
    Време потрошиле дури го напишале постот... Абе аман бе! Знаете колку пати ми се случило да ми избришат мислење?! И што сега, да си ја тупам јас главата затоа што ми избришале мислење на форум, на едно место виртуелно каде доаѓам да се оттргнам од баналново секојдневие, каде доаѓам да се одморам и да не се замарам со ништо?! Ми избришале - ми избришале. Ми е гајле. Чудото големо, ми избришаа мислење, ми скинаа на плата, немам пари чорапи да си купам.
    Give me a break!
    Е жими се, за инат има да отварам и да реплицирам! :D Не сме биле повикани ние што се обидуваме да ви укажеме на фактот дека не е голема работа мислење да ви избришат, та за тоа трета светска да кревате. И не е темава мрчаторска, туку одредени мислења. А се замарам затоа што онаа негативна енергија што тука се произведува, се аплицира и на другите теми, се шири како вирус низ цел форум. И автоматски форумов, од место за опуштање, станува место за дополнителна напнатост, како околинава да не ни врши доволно притисоци.
    Обрати се на надлежниот модератор за категоријата... на Реинбоу види пиши и‘, кажи и‘ за што сакаш да се отвори тема, таа ќе го стори тоа.
     
    На Strumfeta93, velesanka, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    се сложувам со ова
    секој си има право да си напиши критика или забелешка
    зошто ако некој имал забелешка после тоа да се полнат страници за тоа дали забелешката била на место или не и ред караници...? :?:
     
    На Plavusa.17 и enca.69 им се допаѓа ова.
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Да ги разгледаме двете страни на медалјата околу бришењето мислење.

    - Од страна на модераторите е коректно да се даде одговор ако се бара зошто е некое мислење избришано доколу се смета дека не се коси со прекршувањето на правилата. Фреквенцијата на постови тука укажува на игнорирање, што никако не е решение и незадоволствата ескалираат на сите страни т.е. и по други теми се шири бранот од негатива. Истото се случува и во работна средина и во многу семејства, се игнорираат проблемите, кои покриени со крпа растат како со квасец. Се губи довербата во модераторскиот тим и се губи квалитетот на дискусиите, еве последно време најактивна е играта на тимови, не ја оспорувам нејзината забавна страна, ама скоро и да нема квалитетна дискусија по другите теми. Ова го сугерирам најдобронамерно, бидејќи не сакам еден ден форумот да стане само расадник на теми со наслов ХЕЛП испишани по цел екран, со 20-тина Е во автентичниот наслов.

    - Од страна на членките, одговор се бара само во случај на искрено немање ни најмал поим зошто би било избришано мислењето. За волја на вистината во најголем дел случаи мислам дека е јасно зошто е тоа сторено (препукувања, рекламирања, лаконски несодржајни „мислења„ и др. дадено во правилата) и тогаш барањето е неоправдано и е тормозење и на реторички прашања не следи одговор, ;) .

    Не настапувам во име на никого одредено, туку за општонародно добро (ова излезе ко социјалистичка парола) треба да сме сите посамокритични. Поздрав.
     
    На enca.69, Phyramide, girl.23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Sense

    Sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    45
    Оуу мај гад, колку е мојава критика изпревртена и се чита само тоа што сака да се чита.
    Ајде пак, значи имаме тема, ''heeellllp'' od старт знаеме дека ќе биде затворена и тука се појавуваат форумџики што најчесто се во форумски игри, да си напишат вакво мислење: ;( душиче па да он те вара, или друг одговор ( давам пак пример од ракав)

    Друго е треснување од земја а друго е да дадеш одговор ко тој прееска што го напишав. Самиот пред некое време викаше дека нема да им реплицираш на некои, нели?



    Дај бе доста извртувате.

    Ако пак некој не сфати што зборам :x
     
  12. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Како што кажа Теодора...барам зошто немам никаква идеја зошто е избришано мислењето,и сметам дека треба да ми се даде одговор.

    А замарање,нова војна овде,не отворив ко што гледам,само си побарав одговор и сакам да ми биде даден. ;)
    Модератор на Психологија е Лукс,ако го избришала,не дава никаков одговор овде.
    Не ми треба мене Билката за обично објаснување,кое патем треба да е и добро,туку модераторот што го избришал.
    Да е грешка,се сомневам, немаше многу мислења,не се бришеше масовно,така да...

    Ајт поздрав сеа,и не мора одма солење памет од типот ,,Лелеее за едно мислење врева креватее“ бла бла бла.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    како не ве мрзи секој ден да си ги проверувате мислењата? дали некое ви е избришано? дали ви е лајкнато итн?
     
    На creshicka, eli25, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Дигам две прстиња за да кажам нешто, ако може :)

    Па вака, замисли добиваш шанса да си ја испразниш душата на ливче хартија. Ти велат - повели, еве ти јавна книга напиши си што те мачи, не се потпишувај или напиши го тоа под псевдоним. Јас ќе го оставам тоа во книгата, затоа што во оваа книга по „дифолт“ останува се што ќе се напише.
    И ти пишуваш, се потиш, онака го плукаш последното парче од сопственото јас и утредента некој из чисте мире пап - ја скинал таа страница.
    Нема да ти биде криво? Нема да сакаш да дознаеш зошто ти ја скинал страницата ако ти тврделе дека тука во оваа книга се што ќе се запише останува запишано освен ако нема вистинска причина? :)

    Така да јас разбирам некој оправдано да прашува зошто му се избришало некое мислење, особено ако се врати во дискусијата за која што е сигурен дека пишал нешто и оп - после го нема!
    Не разбирам некој да претерува и неоправдано да „дави“ за мислења кои се едвај двосложни и заслужуваат бришење.

    Не знам кое мислење и е избришано на Маца или на кој и да беше, ако прашала најучтиво, заслужува одговор.
    Ако не ја мрзело нејзе да пише, нека не го мрзи модераторот да даде образложение.

    И не ја гледам воопшто тензијата која што беше спомната прееска во ништо. Никому ништо ако некој си праша и ако се добие одговор. Тензијата би рекла напротив се создава дури тогаш кога нечие прашање не наидува на одговор.

    И за крај, моја забелешка, фер е да се добие одговор. Игнорирањето не е одговор :)

    И да, мислам дека двоен аршин фучи на форумов и тоа е јасно ко суза. Сум рекла и порано. Али пошто не сакам да сум а) здодевна, б) да се повторувам, в) да се замарам со вакви ствари, земете ја последнава ми забелешка како моја лична констатација на која не ми е потребна реплика ;)
     
    На white.kitten, esperanca, unique123 и 13 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.804
    Допаѓања:
    65.522
    Пол:
    Женски
    Јас не знам колку пати се кажа на форумов за избришаните мислења, колку пати напишав дека секој кој што побарал одговор преку лп му бил даден, не останало одговорено на ниедна лична порака. Не знам зошто со одреден член би било поинаку. Секој на кој нешто не му е јасно слободно може да се обрати по лп и ќе добие одговор. Јас не сум добила лп со прашање, еве конкретно од MacaLove, кога тоа ќе биде направено и на прашањето ќе биде одговорено. :)
     
  16. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Не знам зошто мора на модератори посебно да пишувам,прво не знам ни кој го избришал.
    Ја спомнав Лукс,ми пиша лп,одговори дека не го избришала она,средивме се.
    И сега,да погодувам кој го избришал,па да пишам лп или? Стварно не ве сфаќам,можеше само да каже модераторот тука,и крај на муабет.

    Ама ај,чим е така ќе прашам.
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Секое мислење кое прекршува правила било избришано, ништо не е без причина избришано.Може да се праша зошто е избришано, значи како што е веќе тука споменато на кој начин да се праша.Нема потреба од сето ова, може на најдобар начин да се реши.
     
  18. Atman

    Atman Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Луѓе јас само што се регистрирав, али изгледа избрзав и не си ставив сликичка за профилот, а не знам ни како тоа се прави... сега веќе неможам тоа да го поправам, нели? ;(

    Не ми се чекаше, се снајдов ;)
     
  19. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Браво ме избришавте и мене од СДК така? А зашто? затоа што се однесуваше директно на Вас? Епа ја злоупотребувате моќта која што ја имате и се што не Ви одговара бришете....И да, пак ќе кажам, АКО НЕ МОЖЕТЕ ДА БИДЕТЕ ОБЈЕКТИВНИ, ОДСТАПЕТЕ ГО СВОЕТО МЕСТО НА ДРУГА ФОРУМЏИКА КОЈА ШТО ЌЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ОБЈЕКТИВНА!!!!!! Само незнам врз која основа ме избришавте од СДК? Темата е Сакам Да Кажам !!! Значи - го кажувам тоа што сакам да го кажам, без разлика дали е личен проблем, дали среќна вест, дали е мисла што ме мачи, го пишувам таму затоа што темата е таа, а Вие го бришете затоа што мислењето искажуваше моја лична разочараност, фрустрација и незадоволство кон начинот на кој што си ја вршите работата....Членовите имаат право да се искажат што мислат за начинот на кој што модераторките си ја вршат работата. Да не бидам разбран погрешно, има топ модераторки кои што работата си ја вршат безпрекорно....Беа спомнати во мојот пост во сдк и бев избришан. Како и да е, треба да се преземат одредени мерки и јас лично предлагам споменатите модераторки да ги преиспитаат етичките и морални вредности според кои што се владеат на форумов, а не акциите да им бидат засновани на лична и персонална база !!!

    Ова е мое лично мислење, а Вие ако не можете да почитувате туѓо мислење бидејќи не се согласува со вашето и не се согласувате со начинот на кој што одреден член ја гледа ситуацијата и веднаш бришете, значи не сте за тоа место....100 членови - 100 различни мислења и нема сите да се согласуваат со Вас....

    Од мене толку

    Мистери
     
    На calliope, Jojoba, Phyramide и 7 други им се допаѓа ова.
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    И мене ми имаат избришано едно мислење во СДК,кое не беше ни навредливо,ни пак се однесуваше на било која модераторка.
    А,зошто, ни тие,ни јас не знаеме.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.