Иако понекогаш можеби е добро да се слушне и другата страна, во изминатиов период се појавија посликовити мислења во категоријата „Секс“ (најголем дел од нив ги избришавме), како и „остроумни“ коментари, прашања и непристојни предлози од страна на машки членови.
Размислуваме да отвориме посебна поткатегорија во „Секс“ каде што ќе се комуницира на релација мажи-жени (машките членови да не смеат да коментираат во другите теми) или дури и целосно да го забраниме пристапот на машките членови до категоријата „Секс“.
Би сакале да знаеме каков е вашиот став по ова прашање. Ви пречи ли зачестеното пишување на мислења од страна на машки членови во категоријата „Секс“?






