Искрено ДА бидејќи оваа е за женски како што се нарекува фемина-женски сајт и форум.И ги читаат приватните и интимните работи на женските.Ама сепак некогаш не е лошо да се слушне машко мислење
Паа малце ми е глупо дека пише женски сај ти форум а има машки..Нз..Но сепак не ми пречат толку многу.. и шо вика Srckata28 не е лошо да се слушне машко мислење
одвратни се..значи одвратни. не гледаат на кого пишуваат лп, не дај боже некој да се стави на категорија секс, го напаѓаат со брзина на светлината со покани за секс преку лични пораки.
Искрено воопшто не ми сметаат . И они имаат право да искоментираат нешто , да кажат па дури и да посоветуваат ... Иако е женски форум сепак , па и на крај и ќе се насмееме И сепак треба да се слушне и мислеже од спротивниот пол
Јас не би ги ставила сите во ист кош...Би ги поделила во две категории. Постојат многу урбани и културни ликови на овој форум кои се континуирано присутни и чии совети и мислења се корисни и издржани. И верувам дека ваквите форумџии се добредојдени според повеќето Феминки.Тие спаѓаат во првата категорија Е сега, постојат и чудни (во најмала рака!!, ама ај да не вреѓам) ликови кои всушност, ни самите не знаат што бараат на ваков форум.Најчесто, многу брзо исчезнуваат (банирани? ) , впрочем исто и како што дошле... Е, тие се тие што се НЕдобредојдени и спаѓаат во втората категорија. Како на пример , тој чие мислење денес го пријавив. Понекогаш си мислам дека некои луѓе не заслужуваат пристап до интернет.
ц ц ц .... дискриминација Ќе видите кога ние ке си направиме форум ... жена за лек нема да има ... строго мажи ... мува да не прелета ... хаха ... се шалам бе ... каде ние без жени ... ке побрлавееме ..
Па нели е полошо да влеземе тука како ,,женски,, членови? А богами има и такви ... Јас долго време ги читам коментарите , па решив и да пишувам по некој..
...па ако мислите дека сексот треба да е без мажите, зошто да не...забранете го...тоа е демократија, мнозинството победува...
Не сум против тоа да има машки,ама да има машки кои се возрасни и да пишат совет или мислење од искуство,а не да има напалени пубертетлии кои уште се дружат со десанка и прашуваат прашања од типот,се замозадоволувам со краставица и тако даље за да имаат на што да си го плеснат,манијаци.
Па како што оди наукава напред и тоа можеби ќе се случи се шегувам меѓутоа добро е да се има членови од др пол.да ама да се културни и воспитани а не некои недораснати дечиња.. П.с femina Latin, meaning: woman
Немам ништо против машките членови на форумот,но има и недостојни коментари кои не ги ни читам. Сепак на крајот ние едни без други не можеме и најмногу не интересира како размислуваат мажите , а тие можат тука да ни помигнат.Има и такви мажи што побарале совет од нас жените што значи и тие се човечки битија со срце,колку и да се супериорниот пол. Ако на голем дел им сметаат машките мислења зошто се тепаа да постават прашање на темата "Совети од МАШКА страна за сите девојки" и нивните размислувања верувам им помогнаа на многу. Дајте луѓе да не вршиме полова дискиминација,тие што ви пречат игнорирајте ги, бидејќи секогаш имало такви и ќе има.
Воопшто не ми сметаат машките членови во категоријата секс па и во другите категории. Убаво е да се слушне машко размислување во врска со темите, секако, доколку нема вулгарности.
Како што можам да прочитам на почетната страница на фемина пишува: Фемина-ЖЕНСКИ сајт и форум, а не машки сајт и форум....
барем да не пишуваат само во категоријата секс...да прокоментират и во некои други теми но се да е во граница на нормала ете фемина-е за женски ,да кажеме ќе направиме исклучок за машките може и тие сакаат совет,да дадат совет ...а малите 14 год. во категорија секс не ми пречат но се да е во нормала и да не коментираат само во таа тема иако како што кажа mil4ence пишува дека е женски сајт и форум
Море ја како машко ми пречат, мајку им је... напалена. Ради нив не ми се реплицира у тие теми, а не е дека не сакам, ама знам дека што и да напишам таму, ќе биде сфатено како „Еве уште еден што мисли дека е искусен и бара да легне нешто“.