Темава знаете како ја сфаќам? Како ние овде сите што сме зачленети да сме калуѓерки, нас ништо од зборот на "с" не не' интересира, па кога ќе се најде некое машко да пише нешто во темите на зборот "с" ние поштените паѓаме во несвест и сме вакви . Како може машко да припари таму? Чувај Боже, тоа е само за грешници, ќе не' испорасипат и нас. Остајте ги бре луѓето да си пишуваат на раат. И така тие манијаците пишуваат едно до две мислења најмногу, ќе се истресат со некој коментар, ние ќе се посмееме и ќе ја заборави после лозинката па нема ни да се логира веќе никад. Или па ќе го банираат ако претера, ќе му ги бришат мислењата и готово. А тоа што пишуваат во лп, не знам што толку ви претставува проблем. Постапката е следна: Гледаш порака, сфаќаш дека е од тие новозачленетите, одма ти е јасна содржината на пораката, ја бришеш и крај. Не знам што толку ви смета тоа. Нит ве знае како изгледате, нит ќе ви дојде пред врата, нит па ќе ве следи низ град. Ништо страшно. Игнор и завршена приказна. Воопшто не сакам да се дели форумов на машки и на женски. Зашто сите теми што се овде, особено категоријата "Секс" не' засега и двата пола. Валда не сме ние жените сезнајки па да не ни треба совет од машко кога се работи за секс. Јас пре би прочитала машки совет, доколку ми треба, и пре би прифатила согледување од машка страна отколку од женско (зборам кога се работи за секс, за други теми еднакво би прифатила). А и од каде знаеме па дека немаме на форумов и женски манијаци? Малку лезбејки има? Може и некоја новозачленета феминка се зачленила за да си најде девојка. Многу пати сум прочитала во темите за секс дека си бараат и они дружба. Посебно во темата "Секс со женско". Така што, да одговорам, не, мене не ми сметаат машките, воопшто, во било која тема. Баш напротив, сакам да ги има што повеќе.
Е да бее, малку порно и слични сајтови има, па на Фемина баш ќе дркале машките. И полека со изразиве на твои години. .
најпрвин ме интересира зашто има МАШКИ по фемина-ва кога е ЖЕНСКИ САЈТ, бар јас така знам... шо мајка бараат ?! си имаат нивни сајтови.. друга работа не сакам да испадне дека ги напаѓам или сум против туку некако не ми личи машки на фемина, освен ако ........ знаете сите што ! И уште нешто ај шо праат лажни профили и шо коментираат глупости туку и ми кажуваат како сум требала да размислувам, а за да биде и уште поинтересно ме манијачат и ми пишуваат лп ! ццц свашта !
Mене досега не ми се случило машко да ми пише лп на форумов, а повеке од 4 години сум тука. Што точно ви пишуваат, и што ги предизвикало?
Δ Баш синоќа за ова реков, мене почнаа да ми пишуваат во лп откако аватарот со камшикот ми стои. Арно си ја имав бабата на аватар порано. На цртана сликичка се попалат. Греотички А да, што ми пишуваат. Многу јака сликичка имаш, ми се крева... притисокот уф уф. И во тој правец муабет. Што знаат друго
епаа блазе си ти мила, ти си почестена... и шо точно пишуваат, еве лично мене па најчесто некои глупости, безврска ми кажуваат како сум требала да размислувам (сакаат да ми наметнат нивни мислења), еден друг сакаше другарка да сум му била, не се дружел со машки незнам што (хаха ) еден дури и ми понуди непристоен предлог... и понатаму да не зборам, и повеќе од доволно кажав можам слободно книга да напишам за оваа тема, имам огромно искуство или паа шо знам можам и како психијатар да се опробам !
Оф леле јас и ти со исти пациенти си имаме работа, а и повеќето феминки на форумов ако не и сите... хаха на цртана сликичка па добри они на све ќе се попалат, кај виделе мислам?! а и затоа и дремат по фемина-ва за да се палат коʹ млади магариња или да си најдат некоја за кхм или женска шо никад ја немале ццц бог да чува
Како и сите жени што не се исти, така исите мажи не се исти, па и сите мажи не зборуваат овде само за секс, сите мажи не се невоспитани, па дури и женскиот свет не е само женски свет... Веројатно нас помалку ќе не` има овде ако за мажите (или и за едните и за другите) има барем приближно ваков форум, како што овој го имате... Мажите може само да ви завидуваат, имате одличен баш женски сајт и форум...
Јас за 4 години како сум овде, сум добила само три понуди за групњак. Проблемот е во никот што жари, пали и влажни! Машките членови на форумот не ми пречат, (зборам за оние кои се тука подолго време). Додека оние кои се зачленуваат само за горе наведеното, си пијат за брзо време бан па сите сме среќни и задоволни.
abe i da im zabranis na nekoj luge da se uklucuvaat ako resile ke praat zenski profili i pak ke pisuvaat ne e do masko zensko rabotata tuku do covekot barem jas taka mislam ))))sepak devojkite neka odluat
Џе су лепе жене ту место је за мене, тоа е мојот принцип. А и уосталом, кој сака пендрак парти? Но сериозно, глуп е концепотот: форум само за женски? На цел свет нема да најдеш нешто што е само за машки, а камо ли форум. Вистина има форуми кај што нема многу женски членови пример ГСМ Форумот, има за коли форуми, за мотори итн... ама не зошто некој рекол не за женски членови, туку зошто немало интерес од страна на женските. Фала богу што на форумов постои можноста да се следат цели подфоруми, пример, љубов и секс, врски итн. зошто 90% од форумов не ме интересира: те бременост, те пелени, те целулит.... немој да ме јебеш бре.
Во глобала не ми пречат, повеќето се фини и сакам да ги читам, со исклучок на тие неколку што висат по темите за секс и се фалат со своите подвизи. Океј е дечки, и онака никој не ви верува.
Во глобала не ми сметаат, ама прилично тоа глобала преминува постојано ми сметаат кога на мое мислење со цитат ми пишува некој во ЛП.
Мене лично не ми пречат, но ми е непријатно кога читам како оставаат понуди за секс, или бараат парнерки и такви некои ниски муабети кои искрено не се за тука.
Ваши омилени секси фотографии На темава се вртат само тројца мажи и само тие си постираат слики. Не можам да ја сфатам ни темата, ни нивната преокупираност на ваков форум да се толку редовни во објавувањето.
may the search be with you http://forum.femina.mk/threads/Ваши-омилени-секси-фотографии.23439/page-10 omuzi se za mene aj utre ja ke ti pisam lp ...denes me mrzi