Жими се на г’з паднав од изненадување!
Леле, па сега сум џоа на Оскари, не знам што да пишам, немам ништо подготвено! Кога би сакала да дадам еден клише говор би рекла - е ова навистина не го очекував!
Ама бре стварно не очекував! Жими се!
Благодарам
ФЕМИНА! И ви благодарам на
СИТЕ кои ми кликате лајкови бре женишта убави (и секако тук тамо по некој маж)!

Ако ви се допаѓа макар една запирка, ако барем со една точка сум ви дала некој добар совет или некако сум ве инспирирала и мотивирала, ако макар со еден извичник сум предизвикала билокаква емоција кај вас - тогаш ми е повеќе од мило што сум дел од оваа женска, оригинална збирштина на прекраснотии!
Сепак се надевам дека најмногу од се, ви предизвикувам пријатно кривење на усните во насмевка.
Не, не, мене ми е секако мило што сум дел од Фемина.
Среќен празник и уште еднаш БЛАГОДАРАМ!!!
Ма ве сакам сите бре па нека пукнат душманите!
п.с. Леле колку сакам изненадувања! Одам да си рипнам од среќа и радост
