За форумцките работи... Нема многу да должам само сакав да ви кажам дека фемина е најдобриот сајт во целиот мој живот што сум го посетила и дека сите други жени и девојки треба да си направат профил на фемина бидејки е навистина корисно и мн убаво да се биде дел од една ваква страница
Јас мора да го пофалам модераторскиот тим. Најискрено. Се гледа дека годините поминати во работа на овој форум навистина се исплателе. Развиено е уште посилно чувство за објективност, праведност и пристапност кон своите членови за било каква потреба поврзана со форумот. Дури и жалам што некои навистина добри ликови го напуштија/најавија напуштање на форумот како модератори. Сепак се надевам дека ќе продолжи форумов да функционира во иста насока. Секоја чест.
Членувам подолго време на форумот и само пофални зборови имам. За разлика од форумот кајгана, каде што тролови, комуњари, лгбт, борци за секакви права итн. се во изобилие и ретко можеш да сретнеш продуктивна дискусија, тука не е случај. Ако некоја феминка тука е на видна позиција на кајгана, нека мисли кај им оди форумот. Сметам дека дискусиите на форумов се на добро ниво и се регулираат повремените тролови што се исфрлуваат. Единствено нешто што забележувам е што форумов стои во место од технолошки аспект. И натаму максималниот број на смајлиња во еден пост е ограничен на 10 и нема нотификација кога некој ќе те цитира. Тоа мислам дека би требало да биде додадено и форумот ќе биде уште поawesome.
овој форум е еден од најдобрите,најубаво е уреден,има било каква информација ако ни затреба нешто. а и корисниците се многу љубезни,можат да помогнат во било кое време за што и да станува збор. навистина добар форум,уште кога го отворив првиот пат ми се допадна.
Ми се допаѓа многу форумот поради некои причини кои секако сакам да ги истакнам и покажам моите задоволства од форумот. Долго време го посетував сајтот и има стварно корисни и интересни информации па така си реков морам да искоментирам на некои статии а немора да бидам активна на форумот. Но кога ги видов корисните информации и совети од страна на корисниците на фемина, веднаш и јас станав дел од овој свет на ,,феминките,, ете така да се изјаснам. Зошто ја обожавам фемина? Фемина е еден од најкорисните и најзабавните сајтови.Речиси нема информација која не можеш да ја добиеш од страна на љубезните корисници. Има многу корисни работи и работи за забава. Впрочем фемина е прекрасна со сите свои теми и игри и чатови и членови.. Браво за креаторот!!
Најдобар и најкорисен форум, функционален, со прекрасен дизајн, со прекрасни членови кои несебично споделуваат искуства од нивниот живот и си помагаат со тоа што ги даваат најдобрите совети кои секоја девојка може да ги прочита и да успее да го реши својот проблем. Коментарите од Феминките се доказ дека за секој проблем постои решение. Па БРАВОС луѓе Само така продолжете
Самото создавање на овој форум е прекрасна идеја. Содржи многу корисни информации за секоја млада девојка, жена, со еден збор место каде што сите припаднички на женскиот пол може да најдат од се по нешто за своја душа. Постојат теми од сите сфери на животот. Овој форум нуди забава, доста едукација за многу корисни нешта, нуди можност за дружба, споделување искуства, идеи. Приватноста е на ниво, со што членовите на форумот се чувствуваат послободни да си кажат што им лежи на душа (земајќи го в предвид времето во кое живееме), да бидат свои. Само така продолжете, секоја чест!
Прекрасни сте овде најдов се што ми требаше нова сум на форумов но брзо се снајдов има прекрасни луѓе исто така секоја чест.